Европа
(Видео) Шпанска министерка: Да ги прекинеме односите со Израел, да воведеме санкции и ембарго
Шпанската министерка за социјални права и лидер на Подемос, Јоне Белара, го коментира конфликтот меѓу Израел и Хамас.
„Нетанјаху, на чело на државата Израел, е целосно надвор од контрола. Тој ги прогласи ОН за непожелни. Важно е меѓународната заедница да му се спротивстави. Повторувам: економски санкции и ембарго за оружје“, напиша таа на X.
Таа потоа објави видео во кое сугерира „четири работи што европските земји би можеле да ги направат денес за да го запрат геноцидот во Палестина“. „Денес, дознавме дека Нетанјаху ги прогласи Обединетите нации за непожелни во Израел. Тоа значи дека персоналот на ОН нема да има визи за патување во таа област“, рече таа.
„Ова е резултат на фактот дека ниту Нетанјаху ниту државата Израел не одговара за нивната нелегална окупација на палестинската територија во последните децении. Постојат четири работи што европските земји можат веднаш да ги направат. Прво, да ги прекинат дипломатските односи со државата Израел. Второ, да спроведат силни економски санкции како што беше направено со Путин“, продолжи таа.
„Трето, воведете ембарго за оружје. Четврто, како што беше направено и во случајот со војната во Украина, доведете ги Нетанјаху и сите политички лидери одговорни за бомбардирањето на цивилното население пред Меѓународниот кривичен суд. Ајде да направиме нешто, сè уште е можно е да се запре геноцидот“, заклучи таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Експлозија во Тојота во Болоња: двајца работници загинаа, неколку се повредени
Вчера во попладневните часови, во фабриката „Toyota Material Handling“ во Болоња се случи силна експлозија која однесе два животи, а повредени уште неколку работници.
Експлозијата одекнала нешто по 17 часот, а работниците и жителите во околината почувствувале силен удар, како земјотрес, раскажуваат.
Жртвите се Лоренцо Кубело (37) и Фабио Тоси (34), двајцата од Болоња, вработени во фабриката. Двајца работници се во тешка состојба, додека другите се здобиле со полесни повреди и се пренесени во болницата Маџоре.ж
#Bologna, dalle 17:20 intervento dei #vigilidelfuoco in corso a Borgo Panigale per un’esplosione e successivo crollo in un capannone di un'azienda. Tragico il bilancio, con due persone ferite e due decedute, una dopo il trasporto in ospedale [#23ottobre 19:30]
— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) October 23, 2024
Експлозијата се случила во магацинот на фабриката, каде во моментот на несреќата имало 300 работници. Според првичните информации, експлозијата најверојатно била предизвикана од дефект на компресорот.
Итната помош и пожарникарите веднаш пристигнаа на местото на настанот, а градоначалникот на Болоња, Матео Лепор, ја посети фабриката и им изрази сочувство и поддршка на семејствата на настраданите.
BOLOGNA: Esplosione in un capannone della Toyota Material Handling in via Persicetana Vecchia a Borgo Panigale: 2 morti e 11 feriti pic.twitter.com/JaSKtGrSzd
— BreakingItalyNews (@BreakingItalyNe) October 23, 2024
По експлозијата, пред фабриката се собрале загрижените членови на семејството и соработниците кои биле внатре во зградата во моментот на несреќата.
Градоначалникот ја нарече трагедијата уште една во низата страдања на работното место, апелирајќи на потреба од поголема безбедност и заштита на работниците.
Европа
(Видео) Украинците со дронови нападнаа фабрики за алкохол во Русија, објавени снимки
Украински беспилотни летала синоќа нападнаа четири фабрики во регионите Тула, Тамбов и Воронеж во Русија, соопштија руските локални власти.
Руското Министерство за одбрана тврди дека руската воздушна одбрана уништила 11 беспилотни летала над регионот Брјанск, три над регионот Белгород, два над регионот Курск, еден над регионот Тула и еден над регионот Орел.
Во Тамбовската област, украинско беспилотно летало наводно ја запалило дестилеријата Биохим во градот Расказов, според гувернерот Максим Егоров.
Според веб-страницата на Биохим, дестилеријата произведува „производи од стратешко значење за земјата“, особено етанол, растворувач кој често се користи во производството, вклучително и за експлозиви.
Во населбите Ефремов и Лужковски во областа Тула во текот на ноќта биле нападнати уште две дестилерии, изјави гувернерот Дмитриј Миљаев.
💥 Russia: Two alcohol distilleries struck by Ukrainian drones in Tula region – Efremov and Luzhkovsky. pic.twitter.com/y7sPMPfL94
— Igor Sushko (@igorsushko) October 22, 2024
Александар Гушев, гувернерот на регионот Воронеж, тврди дека нападот со дрон предизвикал мал пожар на еден од катовите на индустриското претпријатие. Нема извештаи за жртви.
Украинската војска допрва треба да ги коментира извештаите, кои не можат да бидат независно проверени. Украина започна серија напади врз воздушни бази и други воени објекти во обид да ги ослаби помоќните руски воздушни сили и да ја ограничи способноста на Москва да изврши разорни воздушни напади врз украинските градови.
Европа
Пицерија во Германија доставувала дрога: „Пицата брoj 40 беше една од најпродаваните“
Пицерија со седиште во германскиот град Дизелдорф се најде во центарот на полициската истрага за продажба на дрога.
Според германската полиција, пицеријата испорачувала пици, но и кокаин, кој на менито бил наведен како „пица број 40“. „Тоа беше една од најпродаваните пици“, соопшти германската полиција, пренесува Дојче веле.
36-годишниот сопственик на пицерија фрлил торба полна со дрога низ прозорецот штом полицијата му заѕвонила на врата. Сопственикот немал криминално досие. Два дена по апсењето, тој беше ослободен од затвор и повторно почна да ја нуди „Пицата број 40“, што им помогна на полицајците да идентификуваат други алки во синџирот.
Покрената е акција во која се уапсени 15 лица, од кои тројца се осомничени за набавка на дрога. Запленети се 1,6 килограми кокаин, 400 грама канабис и 268.000 евра во кеш. Во истрагата учествувале 150 полицајци.