Контакт

Култура

Промоцијата на „Просто и строго – Конески“ од Антоновски ги обедини генерациите – има надеж за „смачканото племе“

Објавено пред

Книжарницата на „Матица македонска“ беше премала за големиот број присутни на промоцијата на книгата „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски, со која се одбележуваат 30 години од физичкото заминување на великанот. Писатели од сите генерации, академици, универзитетски професори, актери, музичари, ликовни уметници, новинари, режисери, издавачи и граѓански активисти, но и политичари, амбасадори, банкари, бизнисмени и многубројни почитувачи на убавата реч – сите беа на едно место поради новото исчитување на книжевното дело на Блаже Конески, остварено од Антоновски.

dobivaj vesti na viber

„За нас, сега е важно, како што имаше обичај да каже Атанас Вангелов, секако барајќи го релевантното во лингвистиката и во поетиката, дека во Иван Антоновски имаме доследен следбеник на идеите заложени во целокупните дела на Конески“, беше посочено на настанот. Во завршницата беше јасно: промоцијата на „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски ги обедини генерациите – има надеж за „смачканото племе“ за кое пишуваше и создаваше Конески.

„Иван Антоновски се доближил до мислата на Конески за поетиката воопшто, независно дали му останале во мислите сите оние неразбирливи одломки од детството на Конески, кое го упатиле во сферата на литературата, на книжевната наука и особено на лингвистиката. Антоновски се надоврзува на претходниците што го истражувале и мемоарски Конески како дел од нивното современие или окружение и се вживува во растајнувањето на Конески за кое професорката Весна Мојсова-Чепишевска филолошки го предложува дипломатичниот израз „тестамент“ изнедрен, меѓу другото, и така форсиран низ книжевен разговор на сцена, перифрастично кажано, на значаен ден од македонската културна историја, посочи универзитетскиот професор Димитар Пандев.

Потоа, анализирајќи ја структурата на книгата на Антоновски, тој посочи и на конкретни примери од неа.

„Знам дека ќе ја прочитате книгата на Антоновски и посочените примери, низ нив најдобро ги доловуваме автобиографиите на современиците низ нивната антиподност, имено спротивставеност на односите меѓу идентификација и универзализација, што не е ништо друго, туку поетика во функција на јазикот. Ништо без лингвистика. А во оваа книга ја има особено во интерпретацијата на молитвите на Конески на кои Антоновски им се посветил со сета своја истражувачка жар, а Конески им пристапува со сиот својот медиевистички багаж“, истакна Пандев.

Како што напомена Пандев, Конески им припаѓа на онаа генерација писатели што ги изневеруваат каноните и жанровите. Тоа Антоновски го забележува и го следи низ сета творечка активност на Конески.

„Конески како и Јакобсон уживаше во бесконечните приказни, како оние од ‘Чудесата…’ на Јоаким Крчовски. А исчитувањето на Конески низ погледот на Иван Антоновски отвора простор за бесконечни приказни“, порача Пандев во завршницата на својата промотивна реч.

Професорот Венко Андоновски се осврна на „Просто и строго – Конески“ од Антоновски од книжевно-научен аспект.

„Оваа книга на Иван Антоновски, посветена на творештвото на духовната вертикала на дваесеттиот век, Блаже Конески, идеално ја отсликува тезата дека добри научни студии не се оние што инсистираат на точни одговори, туку оние што поставуваат точни прашања. Служејќи се со еден модел на компаративна критеристика (методологија), Антоновски покажува висок степен на научна акрибија, in extenso, и што е најважно – фрла нова светлина врз феноменот Конески од една нова генерација проучувачи, на кои естетско-методолошкиот плурализам им е основна гносеолошка алатка за читање на традицијата“, нагласи Андоновски.

Според него, како со пинцета, вадејќи клучни сегменти и цитати од творештвото на Конески, Антоновски отвора прашања што иницираат нови студии и истражувања за кои треба да се напишат и следни книги. Како што нагласи Андоновски, таквата постапка не е случајна бидејќи Антоновски со тоа се обврзува на свои следни научноистражувачки потфати посветени на Конески.

Во својата промотивна реч, Андоновски, меѓу другото, нагласи дека Антоновски со својата методологија ги има предвид сите релевантни истражувања на своите претходници и современици, но и полемизира со нив и паралелно со комбинирање разни книжевни теории доаѓа до нови согледби. Како што посочи, оваа книга колку што е за Конески, толку е и книжевнотеориска книга.

Во кус разговор меѓу него и авторот Иван Антоновски на сцената беше посочено и дека во некои претходни времиња Конески и не бил до крај разбран од своите современици, но дека денес многу поголемо прашање е колку е вистински разбран и во нашето современие.

Обраќајќи се пред присутните, Антоновски ја цитираше песната „Помен“ од Конески:

„Но, кон неговите стихови, да можам би додал и: ‘Јас сакам да го видам Блажета Конески, / а тие ми велат: ’Па ти знаеш, / тој физички си замина / пред триесет години’. Затоа што ми се чини дека по чествувањето на 100-годишнината од неговото раѓање, како да се помисли дека сме му се оддолжиле и многумина го заборавија, та и не однесоа барем два цвета на неговиот гроб. За жал, и 30-годишнината од неговото физичко заминување, како да беше заборавена од многумина. Друштвото на писателите на Македонија не организираше ниту еден достоен настан за потсет и поклонување пред делото на својот прв претседател. Не смееме ни да помислиме дека во 2021 година се исцрпе потребата од нови исчитувања на делото на личноста за која Валетас рече дека е ‘патријарх на македонското слово’. Или дека доволно сме му се оддолжиле на Конески. Затоа што во 2021 година, можеби само отворивме и тоа еден дел од прашањата кои упатуваат на потребата од доистражување и доисчитување на неговото творештво. Имаме уште многу што да доисчитаме, уште многу непознато што треба да го дооткриеме за да можеме да кажеме дека вистински сме го запознале Конески. И тоа е обврска на секоја генерација! Затоа се надевам дека оваа книга е достоен прилог за одбележување на годишнината, но и влог од мојата генерација“, порача Антоновски.

Тој и напомена: ваквиот влог не ги обврзува нашите претходници, туку, пред сè, нас, поновите генерации – да продолжиме со вреднувањето и спознавањето на делото на Конески. Ние треба да одговориме на прашањата што ќе ги отвориме. Затоа и „Просто и строго – Конески“ е само почеток на моето исчитување, кое продолжува… Исчитувањето не му го должиме само на Конески за сето она со што нè задолжи, туку го должиме на македонската култура и држава, си го должиме и себеси и на поколенијата по нас. Затоа што во творештвото на Конески е клучен дел од нашиот македонски код. Затоа, и не треба да заборавиме дека веќе имаме пример и патоказ – тоа творештво да го читаме како тестамент, како што ни покажува и една книга што ѝ претходи на оваа – „Конески како тестамент“ од Весна Мојсова-Чепишевска, со која се потврди дека Конески е нулта точка на македонската култура. Самиот Конески рече дека ќе дојде време кога во неговите песни, некој ќе бара скриена смисла. Тоа време веќе е дојдено…

„Впрочем, и ‘Просто и строго – Конески’ почнав да ја обмислувам и да ја остварувам како долг и обврска откако на крајот на 2021 година го добив примерок од ‘Конески како тестамент’, со авторска посвета: ‘За да исчита и да напише некој свој тестамент’. За мојата генерација да може да напише вој тестамент, прво мора да продолжи да го доисчитува тестаментот на Конески и исчитаното да го запишува на македонски јазик. Иако доисчитувањето на ова дело, чинам, никогаш не ќе заврши“ ,нагласи авторот на изданието со кое „Матица македонска“ ја одбележува 30-годишнината од физичкото заминување на Конески.

Во завршницата на своето обраќање тој ги цитира стиховите со кои Конески ја завршува песната „Помен“: „- Штом така… – реков јас. /- Што штом така? – рекоа тие“.

„Штом така, штом други го заборавија Конески годинава, еве сме ние, собрани денес, од разни генерации, со разни професии, со разчни идеологии… Тоа потврдува дека одново постои надежта за ‘смачканото племе’ како што ја има и во песната ‘Спомен по многу години’ од Конески“, нагласи Антоновски.

На настанот имаше и музичка програма подготвена од Драган Даутовски, со учество и на Елена Димовска и Ратко Даутовски.

По промоцијата, присутните долго во редица чекаа потпис и средба со авторот Антоновски, а разговорите за Конески, и покрај силниот дожд, продолжија и во вечерните часови.

Култура

Раде Шербеџија се збогуваше со Габи Новак со емотивно видео: „Ја обожавав“

Објавено пред

Раде Шербеџија се збогуваше со Габи Новак. Тој објави видео на Фејсбук во кое ја опиша Габи не само како голем уметник, туку и како свој долгогодишен пријател чие заминување му донесе голема тага.

dobivaj vesti na viber

„Кога Матија си замина, сите ние, нејзините блиски пријатели, се плашевме дали тоа срце ќе издржи. Не издржа. Габи Новак беше пред сè една од најбожествените пејачки. Зад тоа, по што ја паметиме – таа беше вистински пријателка на многу луѓе. Ја обожавав. Имав чест да бидам со неа и со целото фантастично семејство толку многу години. Таа беше исто така некако тивка, скромна, мудра“, рече тој.

„Не знам што друго да кажам освен тоа, освен огромна тага и жал што си замина. И покрај тоа, остана нешто што сите ќе го паметиме. Освен што не беше сама. Тоа беа Габи и Арсен и Арсен и Габи, двајцата што нè шармираа сите со својата харизма“, додаде тој.

Габи Новак почина на 11 август 2025 година на 90-годишна возраст. Нејзината кариера траеше речиси шест децении, а вклучуваше поп, шансона, џез, преработки и соработки со бројни музичари. Особено е значајна нејзината уметничка и животна врска со Арсен Дедиќ, со кого создаде уникатен музички опус исполнет со поезија, емоции и препознатлив звук.

Меѓу нејзините најпознати интерпретации се „Се сеќавам само на среќни денови“, „Вино и гитари“, „Долга, долга ноќ е“ и „Дозволете ми да спијам“. Добитничка е на бројни награди, меѓу кои и „Порина“ за нејзиниот посебен придонес во хрватската музика.

Прикажи повеќе...

Култура

Драмскиот театар – Скопје со премиера на копродукциската претстава „Плејбои…“ на 39. фестивал „Град театар“ – Будва

Објавено пред

Синоќа, на летната сцена во комплексот „Словенска плажа“ во Будва, Црна Гора, се играше премиера на претставата „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ. Претставата е четирипартитна копродукција на НУ Драмски театар Скопје, Белградското драмско позориште, Местното гледалишче Љубљана и продукцијата на „Град театар“ Будва.

dobivaj vesti na viber

Предизвикот да се создаде копродукциската претстава на четирите уметнички куќи е одбележувањето на пет години од смртта на авторот Душан Јовановиќ, кој остави силен печат во театарскиот израз во регионот.

Во програмската белешка за претставата е истакнато дека: „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ е текст од раниот драмски опус на Душан Јовановиќ, напишан во формата на комедија дел арте. „Плејбоите…“ се напишани во 1972 година, а првпат се изведени во Местното гледалишче Љубљана една година подоцна. Напишани се во периодот на исклучително бурни меѓународни и регионални историски движења, во духот на „Сексуалната револуција“ и „Пролетта од 1968 година“, како и под влијание на околностите во тогашна Југославија на кои реагираа уметниците од најмладата генерација. Во нивните дела е присутен таканаречениот „лудизам“ – специфичен одговор на „тешките теми“ што ги отвори повоената генерација млади луѓе. Лудизмот се карактеризира со целосно отсуство на каква било потрага по смисла, одговори или решенија за егзистенцијалните тешкотии; тој повеќе ги прифаќа работите такви какви што се и, наместо да бара излез во дадените околности, дозволува настаните да се одвиваат низ „опуштена игра“. Сето ова важи и за „Плејбоите…“. Тоа е вителот на живата еротика, младост и незаузданата, вечно незаситна страст. Сепак, меѓу редови се насетува и една празнина, суета и егоизам на општеството што постојано трча по уживање. Денес, половина век по ‘68, суетата и бесцелноста остануваат актуелни, а им се придружуваат и трката по материјалниот статус, но и егзистенцијалниот страв.“

На чело на уметничкиот тим на претставата е Иван Пеновиќ, млад хрватски драматург, драмски писател и режисер, кој со својот интегрален и ангажиран пристап веќе се вбројува меѓу највозбудливите автори во регионот. Од 2012 до 2016 година тој работи како драматург во бројни претстави во различни хрватски театри. Од 2014 година редовно ги режира своите текстови. Пресвртница во неговата кариера во 2021 година е наградената претстава „Знаеш ти кој сум јас“, во продукција на ХНК Загреб. Сите негови проекти се примени со воодушевување кај стручната и пошироката јавност и се играат на реномирани фестивали во земјата и странство. Иван Пеновиќ е директор на Драмата во ХНК Сплит .

Покрај Иван Пеновиќ, авторскиот тим го сочинуваат и Соња Должан (превод), Лазе Трипков (сценографија), Александар Ношпал (костимографија), Владимир Пејковиќ (композиција) и Дамир Клемениќ (сценско движење).

Во копродокциската претставата играат актерите од четирите уметнички куќи од регионот: Лазар Христов, Јулита Кропец, Марко Гверо, Соња Стамболџиоска, Лазар Николиќ, Вукашин Јовановиќ, Нејц Језерник, Марјан Наумов и Јована Спасиќ.

Претставата „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ на годинешниот 39. фестивал „Град театар“ Будва ќе биде изведена и вечерва и утре, на 12 и 13 август со почеток во 21 часот на летната сцена во комплексот „Словенска плажа“.

Непосредно по премиерата и двете изведби во Будва, македонската публика ја има можноста копродукциската претставата да ја гледа во недела на 17 август во драмската програма на фестивалот „Охридско лето“. Претставата ќе се игра во 21 часот на „Долни Сарај“.

Прикажи повеќе...

Култура

(Фото) Многубројната публика на Охридско лето пулсира во духот на афробит-ритамот

Објавено пред

Сцената „Долни Сарај“ вчеравечер беше центар на музичките збиднувања во Охрид со концертот на „Охридско лето“ кој го одржаа Националниот џез оркестар и познатиот нигериски музичар, текстописец, вокал и саксофонист, Шеон Кути, под диригентската палка на маестро Џијан Емин.

dobivaj vesti na viber

Кути, познат по своите атрактивни изведби и социјално свесна музика, е најмладиот син на пионерот на афробитот, Фела Кути, поголемиот дел од својот живот го помина зачувувајќи го и продолжувајќи го политичкото и музичкото наследство на неговиот татко како водач на бендот „Еџипт 80“ (Egypt 80). Неговата дискографија со бендот вклучува пет албуми од кои последниот Heavier Yet (Lays The Crownless Head,) издаден минатата година, е продуциран од Лени Кравиц.Шеон Кути е номиниран за наградата „Греми“ во 2018 година и често соработува со врвни џез-музичари.

На програмата беа изведени авторски композиции од богатото творештво на Кути, со аранжмани специјално направени за изведба со биг-бенд оркестар.

– Ова беше премиерна изведба на ваков тип музика бидејќи се нови аранжмани коишто ги работевме со Шеон за овој проект, така што, ова е премиерна изведба. Имаше композиции кои никогаш досега не беа изведени, премиерни се, и не се издадени на ниту еден носач на звук. Размислувавме што би било интересно да направиме а да биде малку поразлично од сите претходни години и констатиравме дека можеби афробит музиката или стилот е добро решение за еден летен концерт на кој луѓето можат да уживаат, да танцуваат и да се веселат на убавите и силни текстови кои повикуваат на љубов, слобода, на револуцуја, на спас за духот, вели диригентот Џијан Емин.

Целата музика што беше претставена вчеравечер, според него, е базирана на танц.

-Мене лично, ме привлекува африканската музика, и ретко се случува да имаме вакви настани. Овој концерт е прва соработка на Националниот џез оркестар со Шеон Кути. Кога бев дел од Македонската филхармонија сум работел со неговиот постар брат Феми Кути со кого одржавме концерт во Градски парк во Скопје, но и еден концерт во Белград пред 25-илјадна публика, појаснува Емин.

Националниот џез оркестар е резултат на напорите на врвните џез-музичари од земјава со интернационална кариера, студенти и професори од џез-академиите во Скопје и Штип, како и на бројните љубители и поддржувачи на џез-музиката во Македонија. Како национална установа постои од 2024 година, а почетоците и првите биг-бенд концерти датираат од 2016 година, во рамките на Здружението на џез-музичари и слободни уметници.

Мисијата на оркестарот е да ја обедини и збогати македонската џез-сцена преку афирмација и популаризација на џез-музиката, како во земјава, така и на меѓународно ниво. Целта на оркестарот е да ја подобри музичката продукција, да едуцира млади таленти и нова публика, и да организира настани кои ќе помогнат во негувањето на џез-културата и културата, воопшто.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ16 минути

Обид за убиство во Виница: маж избоден четири пати пред угостителски објект

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32)...

Свет46 минути

(Видео) Рекорден топлински бран во Европа – во Италија почина четиригодишно дете

Во топлинскиот бран кој вчера ја зафати Европа, едно дете почина од топлински удар во Италија, додека шумските пожари закануваа...

Македонија2 часа

Штедачите на „Еуростандард банка“: Пет години нема ниту едно обвинение, ниту еден обвинет, ниту едно рочиште

Пет години по затворањето на „Еуростандард банка“, оштетените штедачи повторно јавно реагираат дека истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење...

Свет2 часа

Трамп: Ќе се обидам да вратам дел од територијата на Украина, за танго се потребни двајца

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави во Белата куќа дека неговата средба со Владимир Путин ќе биде „разговор за да...

Забава3 часа

(Видео) „Јадранскиот Титаник“ потонал пред 111 години: денес е атракција за нуркачите во близина на омиленото место на Тито

Некогаш најубавиот брод на австриската компанија Österreichischer Lloyd – елегантен, брз и луксузен – лежи веќе 111 години на дното...

Македонија3 часа

Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија13 часа

Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се...

Македонија13 часа

Најмногу туристи ни дојдоа од Турција во јуни

Според податоците од Државниот завод за статистика, во јуни годинава во земјата биле регистрирани вкупно 126.415 туристи, од кои 20,1...

Македонија18 часа

Стоматолошката комора тврди – нема неправилности, Министерството за здравство ја брани одлуката за преземање на лиценцирањето

Претседателот на Стоматолошката комора, Маријан Денковски, на прес-конференција изјави дека повеќекратните контролни надзори не откриле неправилности во работењето на Комората....

Македонија19 часа

Почувствуван земјотрес во Битола и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани на нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Економија20 часа

Се намалуваат цените на дизелот и на бензините

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија20 часа

Мицкоски за изјавите дека УЧК имала праведна борба: Не може убиства од заседа да се праведна борба, нека не се игра на картите на ДУИ за поделби

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во текот на денешната посета на општина Петровец, на новинарско прашање беше запрашан за коментар...

Македонија21 час

(Видео) „Началникот од Демир Хисар, кој недолично се однесувал кон друго лице, веќе е разрешен, нема штитење поединци“, вели Манасиевски

„Моралот и принципите се спроведуваат на дело. Нема веќе штитење на поединци затоа што биле блиски до една, друга или...

Македонија21 час

(Фото) Пожарот во атарот на селото Долно Дупени ставен под целосна контрола

Пожарот во атарот на село Долно Дупени, во близина на Преспанско езеро, со дејство на екипи на ТППЕ Ресен и...

Македонија21 час

(Видео) Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот на Тошковски и да ја прошири истрагата, бара СДСМ

„Пред Основното јавно обвинителство, СДСМ бара отворање на кривична постапка против началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиноски и проширување...

Македонија22 часа

Невидена партизација во тек, единствениот пат до вработување е или преку партија или преку граница, велат од СДСМ

„Во државата на ДПМНЕ, нема институција која не е подложена на груба партизација пред изборите. МНАВ, Министерството за одбрана и...

Македонија24 часа

Општините лани потрошиле рекордни 𝟣𝟫𝟢 милиони евра на тендери, Град Скопје првпат не е прв на листата

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за сите набавки на општините во 2024 година. Истражувањето...

Свет1 ден

(Видео) Зеленски би можел да учествува на средбата Трамп – Путин, тврдат Американците

Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да присуствува на средбата меѓу...

Свет1 ден

(Видео) Израелската армија: Убивме новинар на „Ал џезира“

Израелската војска вчера објави дека го убила новинарот на „Ал џезира“, Анас ал-Шариф (28), во напад врз градот Газа обвинувајќи...

Европа1 ден

Голем пожар во Шпанија, евакуирани 1.000 луѓе

Вчера во Мадрид беа евакуирани повеќе од илјада луѓе поради шумски пожари во северозападна Шпанија, кои дополнително беа интензивирани од...