Скопје
Стојкоски: Пречистителната станица во Орман ги задоволува најсовремените европски и светски стандарди
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и пратеникот Бојан Стојаноски, денеска, беа во селото Орман, каде што извршија увид на завршните градежни работи на новата пречистителна станица што се изгради и кој има цел да ги прибере фекалните води од селото Орман.
„Можам да кажам дека на оваа пречистителна станица многу сум горд затоа што, пред сè, е македонски производ и сите компоненти на оваа пречистителна станица се македонски. Истата таа пречистителна станица ги задоволува најсовремените европски и светски стандарди за третман на отпадни води. И работи по принципот на биолошки филтер со микроорганизми и ќе задоволи капацитет во моментот некаде и до 1.200 еквивалент партиципиенти зборувам како население во овој дел на селото“, рече Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров.
Како што рече градоначалникот, самата изградба на пречистителна станица е финансирана со 20 % од Општина Ѓорче Петров, исто толку и Министерството за локална самоуправа, а остатокот од парите се финансирани преку ЕУ преку проектот за меѓугранична соработка со општината Ново Брдо во Косово.
„И тоа ни даде еден дополнителен мотив бидејќи е прв проект во општината што го работиме со меѓународна поддршка и прекугранична соработка. И со изградбата на оваа пречистителна станица и фекалниот колектор од 600 метри, кој го направивме, го затвораме процесот со решавање на фекалните води во селото Орман. Бидејќи претходно преку програмата на ТАВ се реализира целосно нова примарна и секундарна канализациска мрежа со вкупна должина некаде околу 3.600 метри. Тоа ќе значи еден голем благодат за луѓето во овој дел на Ѓорче Петров и исто така ќе значи многу за зачувување на животната средина во овој дел бидејќи сите тие септички јами што досега постоеја во овој дел ќе заминат во историјата. И, практично, во руралниот дел на Ѓорче Петров е втора пречистителна станица, втората пред повеќе од десет години ја отворивме во селото Ново Село, која служи да ги прими водите на Волково, Ново Село, Кисела Јабука, Стопански Двор, и еве сега ова за овој дел од општината“, изјави Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Санкционирани 𝟣𝟥𝟦 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 17.11. до 23.11.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 134 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, известува ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопштува ПОЦ.

