Свет
Затворени училишта и маркети: поради потрагата по масовниот убиец, пусти улиците во Мејн
Јавните училишта во Портланд, Мејн, денеска се затворени, бидејќи продолжува потрагата по осомничениот за смртоносниот напад во Левистон, во кој загинаа најмалку 16, а десетици беа повредени.
Портланд е најголемата училишна област во Мејн со околу 6.500 ученици, пренесува CNN.
Продавниците низ Мејн исто така беа затворени.
„Нашите продавници ги следат сите совети и упатства на надлежните органи“, се наведува во соопштението на Ханафорд супермаркети“, во кое се додава дека компанијата има маркети на 58 локации во Мејн.
Во меѓувреме, началникот на полицијата на градот Рајан Мекги, го повика целиот негов оддел да помогне во потрагата по напаѓачот.
„Сакаме да го лоцираме поединецот, да се увериме дека нашата заедница е безбедна“, рече тој.
Стотици полицајци сè уште го пребаруваат Левистон и околните области во Мејн, а на жителите во неколку градови им е кажано да останат безбедни и да ги држат своите врати заклучени.
Полицијата го идентификуваше осомничениот за пукањето како Роберт Р. Кард (40), откако претходно објави фотографии на Фејсбук од човек кој држи нешто што изгледа како полуавтоматска пушка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

