Црна хроника
Казни за 348 возачи во Скопје, 61 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 348 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, 31 мерка за возење без возачка дозвола, 16 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 26 мерки за користење мобилен телефон при возење, 31 санкција за некористење сигурносен појас, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР, и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена и 8-годишно дете во Кочани се повредени откако во нив удрил автомобил

На 11.04.2025 година во 07.34 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани, патничко возило „Мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.К.(29) удрило во двајца пешаци – С.М.(64) и едно 8-годишно дете, исто така од Кочани.
– Притоа во несреќата С.М. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип, додека малолетното лице се здобило со телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
Црна хроника
Скопјанец најден починат во Центар

Синоќа во 22 часот било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат М.К.(39) од Скопје.
Лекар од Итната медицинска помош Скопје констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Вработен нападнал дете пред влезот на основното училиште во Чаир

Мајка на ученичка во основно училиште во Чаир, пријавила во МВР дека нејзината ќерка била нападната.
„На 10.04.2025 во 23.10 часот во СВР Скопје Ќ.М.(34) од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот пред влез на општинско основно училиште на подрачјето на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од едно вработено лице од училиштето“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.