Свет
(Видео) „Ова не е мерка на претпазливост, ова е итна молба“ – Израелската армија со порака до цивилите во Газа

Израелските одбранбени сили објавија „итна порака за жителите на Газа“ каде што ги повикуваат цивилите од северниот дел на Газа привремено да се преселат на југ.
„Враќањето назад во северниот дел на Газа ќе биде можно откако ќе завршат интензивните непријателства“, рече портпаролот во видео пораката.
„Движете се на југ за своја безбедност“, додаде тој.
„Ова не е само мерка на претпазливост, ова е итна молба“.
An urgent message for the residents of Gaza: pic.twitter.com/GAW3a7lWt8
— Israel Defense Forces (@IDF) October 28, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Канада возврати на царините на Трамп

Канада воведе царина од 25 отсто за увоз на одредени возила и автоделови од Соединетите држави како одговор на истите американски мерки. Станува збор за царини што ќе ги плаќаат канадските потрошувачи при купување на одредени возила или нивни делови од САД.
Канадскиот министер за финансии Франсоа-Филип Шампањ потврди дека мерките ќе стапат во сила во среда веднаш по полноќ, велејќи дека Канада возвраќа на „неоправданите и неразумни“ американски царини.
По неговото враќање на власт, американскиот претседател Доналд Трамп започна бран нови царини насочени кон големите трговски партнери како што е Канада. Тој тврди дека се обидува да ги исправи неправдите во светската трговија.
Канада не беше директно засегната од последната рунда американски царини, која исто така стапи на сила на полноќ, но веќе извесно време е во расправија со Вашингтон поради постарите мерки на Трамп кои вклучуваат даноци за голем број производи што ја преминуваат границата.
Според инструкциите на канадската влада, увозниците ќе треба да платат давачка од 25 отсто за:
Целосно склопени возила од САД кои не ги исполнуваат барањата на договорот за слободна трговија CUSMA (канадска верзија на USMCA)
Содржина на возилото (на пр. делови) што не потекнуваат од Канада или Мексико и се инсталирани во возило составено во САД, дури и ако таквото возило ги исполнува правилата на CUSMA
Тензиите дополнително се зголемија со неодамнешната изјава на Трамп за тоа како „ќе ја преземе Канада“, што предизвика жестоки реакции во јавноста и меѓу политичарите.
Регион
Вучиќ одговори: Самиот влегов да ги посетам пациентите од пожарот во Кочани

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, по прозивките во јавноста рече дека самиот влегол во Клиничкиот центар на Србија, во посета на повредените од Кочани.
„ Не мора никого да бркаат, еве веднаш и на обвинителите и нив да им соопштам, па јас сум тој. Гордиот Александар Вучиќ, кој учествуваше и чија идеја беше да се изгради и обнови Клиничкиот центар, да вложиме големи пари. И затоа што е толку модерен Клиничкиот центар, тие луѓе имаа каде да дојдат, а јас отидов да ги посетам“, рече тој одговарајќи на новинарско прашање во Париз.
Претходно студентите кои протестираат повикаа на итно покренување постапка за утврдување одговорност и разрешување на директорот на Универзитетскиот клинички центар на Србија, директорот на Ургентниот центар и началникот на Интензивна нега. Студентите истакнаа дека неовластени лица влегле на одделението за интензивна нега без заштитна опрема и ги снимале пациентите, со што грубо го загрозувале здравјето, правото на приватност и достоинството на пациентите, пренесоа српските медиуми.
И народниот правобранител на Србија, Зоран Пашалиќ изјави дека ќе ги истражи сите околности наведени во шестото барање на студентите, кои сакаат да утврдат кој им дозволил на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и новинарите да влезат во одделението за интензивна нега.
По пожарот во дискотеката во кој загинаа 61 лице, дел од тешко повредените пациенти беа пренесени на лекување во Белград. Тие беа сместени во одделението за интензивна нега на Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија (УКЦС), каде Вучиќ заедно со медиумски тимови ги посети на 17 март, по што беа објавени снимки.
Свет
(Видео) Потера во Британија заврши хаотично – бегале, па се судриле со 5 полициски возила

Возач на автомобил предизвикал судир со пет полициски возила во потера што се случила ноќеска околу 14.20 часот во Нортамбрија, по што седум полицајци биле испратени во болница, јавува „Сан“.
Маж и жена на околу дваесетина години се уапсени под сомнение дека предизвикале сообраќајна несреќа. Се сомнева дека мажот со опасно возење нанел тешки повреди на неколку лица, додека жената е уапсена поради помагање.
Полицајците се обиделе да го сопрт уапсениот, но тој побегнал, по што почнала потера. Нешто помалку од половина час подоцна, автомобилот и пет полициски возила се судрија на северниот правец А1 во близина на раскрсницата на патот Дервент Хау. Седум полицајци се пренесени во болница, но повредите со кои се здобиле не се опасни по живот.
Четворица се пуштени, а двајца се задржани на опсервација. Уапсените маж и жена не се повредени. Полицијата на местото прибира докази. Возачите кои се нашле на тој дел од автопатот морале да чекаат повторно да биде отворен сообраќајот, а тоа се случило на рутата до аеродромот. Поради несреќата автопатот бил затворен во двата правци.