Македонија
Кога претходно министерството за правда одлучувало за датум за избори, прашува опозицијата
„Ковачевски и власта освен што тераат инает, немаат ниту еден логичен аргумент по однос на темата избори. Ковачевски ги изгуби сите битки. Свесни се дека ќе изгубат и на изборите и сега ја казнуваат Македонија и сакаат да ја држат во заложништво, економијата да биде закочена, да се потрошат десетици милиони евра дополнително, само заради стравот на Ковачевски и СДС да излезат на избори. Тие зборуваат за одвоени парламентарни и претседателски избори во рок од еден месец, чиниш во тој месец економски бум ќе предизвикаат. Имаа 7 години власт да покажат што знаат друго освен криминал и корупција, па сега во тој еден месец власт порано или покасно освен тендери и бизниси ништо друго и не се очекува да направат. Граѓаните бараат промени и напредок и со тоа Ковачевски мора да се помири“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Прашуваат „кога претходно Министерството за правда и неговите тела и органи одлучувале за датум на избори? За тоа одлучува Собранието и политичките партии застапени во него. Во министерството за правда може да разговараат за модалитетите на изборите во закони и евентуално конечно да се одважат да им ги прифатат барањата на помалите коалициски партнери на СДС за една изборна единица, барање со кое ги влечат за нос од почетокот на мандатот“.
„Повикуваме Ковачевски и СДС да се вразумат и да седнат заедно со ВМРО-ДПМНЕ да се договори датум за избори веднаш, датум со кој ќе се овозможи вториот круг од претседателските и парламентарните избори да се совпаднат со цел Македонија да заштеди средства и да се одбегне уставна криза. Ова е рационален предлог и во корист на граѓаните и на државата. Еднаш нека се одважи Ковачевски да направи нешто што е во интерес на народот“, пишуваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температури до 27 степени и можност за локален дожд
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови во западните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Од УХМР информираат дека утре претежно во западните делови од земјата ќе има појава на краткотраен дожд. Потоа времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен благ пораст.
Македонија
Невреме во Тетово: Поплавени улици, домови, гаражи
Силно невреме го зафати Тетово, поплавени се улици, домови, гаражи.
Невреме со силни врнежи од дожд, град и грмотевици попладнево ја зафати Општина Тетово и околината.
„Врнежите предизвикаа поплавување на дел од улиците, посебно кај касарната на влезот на Тетово и на неколку куќи во Мала Речица-Општина Тетово“, информира вечерва Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово.
За невремето известени се и ТППЕ-Тетово, ЈКП-Тетово и одговорни лица во Општина Тетово.
Македонија
Митева: Состојбата во односите со Бугарија е последица на погрешните политики на СДС
„Ситуацијата не е настаната од вчера за денес. Не зборуваме ние за состојба која била совршена до вчера, а од денес не е совршена. Зборуваме за причинско последични состојби и дека состојбата во која сме дојдени е резултат на погрешно преземани политики на СДС”, истакна портпаролката, пратеничка и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.
Митева продолжи и додаде:
„Во делот на тоа што се случува помеѓу Бугарија и Македонија е состојба која ја предизвика СДС со погрешните политики”, вели Митева Митева истакна дека состојбите кои ги креира СДС се тотално погрешни.
„Состојбите кои ги креира СДС од позиција на опозиција се тотално погрешни и користи политика за дневно политички поени без никаква суштина”, кажа Митева.
Митева истакна дека за разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ е многу посветена.
„За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ е многу посветено и ќе ја оправда довербата која на 8-ми мај ја доби од граѓаните”, заклучи Митева.