Скопје
Без струја дел од општина Карпош
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/57664008_1221859817987459_4811205159340212224_o.jpg)
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН – Скопје, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од општина Карпош.
Од 9 до 10 часот корисниците од дел од улицата Драган Спиркоски-Максо (по старо „Скупи“, крак 3 а) во општина Карпош, ќе немаат струја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Скопје
Минатата недела санкционирани 203 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/poc-pajak.jpg)
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 203 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 24.07. до 30.07.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 102 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 101 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, соопшти ПОЦ.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општина Центар.
Скопје
Без вода дел од Гази Баба
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/voda-6.jpg)
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека денеска без вода ќе бидат улици во општината Гази Баба.
• Поради отстранување појавен уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-150мм, на улицата 16-та Македонска Бригада бб (Парк Шума Гази Баба), од 08:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: 16-та Македонска Бригада, Јани Лукровски, Ташко Караџа и Трифун Хаџијанев во општина Гази Баба.
Скопје
Без струја делови од Петровец и Ѓорче Петров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o.jpg)
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги информира граѓаните дека, поради технички зафати во електро истрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе станат:
на ден 01.07.2024 година (понеделник):
• од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од населените места: Долно Коњаре, Средно Коњаре, Горно Коњаре, Дивље и Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
• од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
на ден 02.07.2024 година (вторник):
• од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од ул. Козле, поточно објектите со парни куќни броеви од бр. 2 до бр. 4. (Општина Карпош)