Скопје
Денеска без струја дел од општина Петровец

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН – Скопје, извести дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општина Петровец.
• од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата 11, од бр. 1 до бр. 70 во с. Петровец (општина Петровец);
• од 11 до 13 часот корисниците од улицата 1, од бр. 3 до бр. 177 во с. Петровец (општина Петровец).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Бутел и Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 01.09.2025 година (понеделник), без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 09.00 часот, дел од корисниците од ул. Иван Манолев, општина Бутел;
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Тодор Чангов, општина Аеродром.
Скопје
(Видео) Храбри полицајци гаснеа пожар во Бутел и завршија во болница, Костовски најави награда

Двајца полицајци од полициската станица Бутел денеска покажаа вистински херојство откако ги ризикуваа свои животи за да помогнат во гасењето на пожар кој се закануваше на детска градинка и училиште во општината. Дарко Стајковски и приправникот Филип Стојчевски, при интервенцијата вдишале јаглерод моноксид, поради што се пренесени на Клиниката за токсикологија во Скопје.
За среќа, лекарите потврдуваат дека нивната здравствена состојба е стабилна и дека се под постојан медицински надзор.
Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, ја поздрави нивната храброст и најави дека општината ќе ги награди.
„Секоја чест за Дарко и Филип! Ова е вистински пример за пожртвуваност и љубов кон заедницата. Благодарение на нивната брза реакција спречена е голема трагедија и спасени се животи. Општината Бутел ќе се погрижи нивниот чин да не остане незабележан“, изјави Костовски.
Во гаснењето на пожарот учествуваа и други екипи, за кои градоначалникот додаде дека исто така ќе бидат соодветно наградени.
Скопје
(Видео) Вистинска драма кај „Борис Трајковски“, евакуација на публика, 9 полицајци завршија во болница

Попладнево околу 16 часот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје изби пожар кој предизвика паника кај учесниците и посетителите на меѓународниот ракометен турнир. Благодарение на брзата реакција на полициските службеници и противпожарните екипи, спречено е ширење на огнените јазици кон паркираните возила, околните објекти и лизгалиштето кое е во рамки на спортскиот комплекс.
Според информациите, полицијата извршила навремена евакуација на сите спортисти, спортски работници и публика, со што е избегната поголема несреќа.
Како последица на вдишаниот чад, девет полициски службеници завршија на Одделот за токсикологија каде им е укажана лекарска помош и се на кислородна поддршка. Од болницата информираат дека сите се во стабилна состојба.
Надлежните служби остануваат на терен за да ги утврдат причините за пожарот.