Контакт

Топ

Голема полициска акција: апсења и претреси во Неготино, Кавадарци, Битола и во Охрид

Објавено пред

Управата за финансиска полиција со асистенција на единиците од МВР, а под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, денес, во раните утрински часови, на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и во Охрид извршува претреси и се приведуваат осомничени лица.

dobivaj vesti na viber

Како што соопштуваат од таму, акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка од економски криминал со кодно име „Синџир“ за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството, што Управата за финансиска полиција ја спроведе со Обвинителството и истражители од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Македонија

Спирометрија, ЕКГ и други испитувања денес и утре ќе им се прават на жителите на Трубарево: многумина одбија да се евакуираат за време на пожарот, вели министерот Алиу  

Објавено пред

Денес и утре, во периодот од 10 до 16 часот, две екипи од Клиниката за пулмологија со амбулантни возила ќе им прават проверка на дишните патишта на жителите на Трубарево и околината по големиот пожар во фабриката за рециклирање пластика и електронски отпад. Министерот за здравство Азир Алиу вели дека за скринингот подготвиле прецизно утврден протокол.

dobivaj vesti na viber

„Скринингот го правиме затоа што сакаме како Министерство и како институции да бидеме сигурни дека граѓаните што се движат во тој регион немаат здравствени проблеми со дишните патишта. И тогаш некои од нив не сакаа да се евакуираат привремено надвор од тој простор, блиску до пожарот. По скринингот, в сабота и в недела, ако лекарите утврдат дека има потреба понатаму да се третираат нашите граѓани, тие ќе се третираат тука, на Клиниката за пулмологија. Идејата на скринингот е, прво, да бидеме сигурни дека  граѓаните од тој дел немаат таков тип на проблеми, а второ, ако имаат, навреме да се интервенира од наша страна. Тоа е надлежност на нашето Министерство и ние мора да се грижиме и навремено да спречиме ако има нешто кај оваа популација“, рече министерот Алиу.

Амбулантните возила со екипите од Пулмологија се поставени пред маркетот „Бренд“ и во близина на маркетот „Флорида“ во Трубарево. На преглед може да дојдат сите жители на Трубарево и околните населени места, особено оние што забележуваат тешкотии при дишењето или имаат симптоми на заболување на дишните патишта. Мобилните екипи во амбулантните возила ќе им направат комплетен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и други испитувања потребни за проверка на состојбата на дишните патишта.

Прикажи повеќе...

Македонија

Арсовска до Мицкоски: Им се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец не знаејќи каков навистина си

Објавено пред

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со реакција по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека чуствува одговорност што ја поддржал Арсовска и најави дека за сегашната состојба поради која градот е затрупан со ѓубре ќе има одговорнсот.

dobivaj vesti na viber

„Мицкоски, несреќо, јас завршувам со борбата во која твојот претседател на Советот на Град Скопје и твоите советници 4 години го блокираа и урнисаа градот: не гласаа за нови автобуси, не гласаа за бесплатен превоз, не дозволија да се набави нова механизација за да се чисти ѓубрето, не гласаа ништо во интерес на граѓаните за да биде задоволена твојата суета.

Ни за вработување нови пожарникари ни за нови противпожарни возила не им рече да гласаат“, пишува Арсовска во својата реакција.

Ако сакаше да има одговорност, требаше, додава таа, твоите советници да дадат оставка, за сега ти, заедно со нив, да не си директно одговорен за хаосот во Скопје.

„Еве сега и јас им се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец не знаејќи каков навистина си.

Администрација во Град Скопје јас не ја донесов, работев со луѓе што се професионални, вредни и го сакаат градот за разлика од вас, тоа се луѓе што вие и таквите како вас ги вработиле во изминатите 30 години.

И за крај, ти и твојата администрација имате одговорност затоа што:
– над 60 деца без вина ви настрадаа во Кочани и ништо не презедовте;
– ви изгоре половина држава за да си прави некој простор за фотоволтаици;
– ви изгоре отпад во Трубарево, екокатастрофа, пред очите на сите твои институции, кои не реагираат;
– убиства ви се случуваат пред очи секој ден;
– убиваат жени, кои тебе и твојот министер Тошковски во очај ве молеле за помош.

Арсовска дополнително прашува дали ќе има одговорност за над 150 небезбедни нелегални дивоградби висококатници, кои секој момент може да се срушат во Чаир.

Оди скриј се и молчи!

Отпадот ќе се исчисти за една недела бидејќи тебе ќе ти треба успешен градоначалник, фирмичките приватни ви се подготвени за акција, ама животите и здравјето на невините за кои си ти одговорен нема да ти ја исчистат совеста!

П. с. Луке, бргу смислувај нов постер за Мицкоски да дефокусира, да глуми жртва и да бега од новинарски прашања“, додава во напишаното Арсовска.

Прикажи повеќе...

Македонија

За несобраното ѓубре во Скопје ќе има одговорност и ќе има име и презиме, работиме внимателно и не правиме естрада, вели Мицкоски

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, уште еднаш им се извини на скопјани за тоа што пред четири години ја поддржал Данела Арсовска за градоначалничка на Скопје. Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на новата спортска сала во училиштето „Димитар Поп Беровски“, тој рече дека чувствува одговорност што ја поддржал Арсовска и најави дека за сегашната состојба поради која градот е затрупан со ѓубре, ќе има одговорност и дека на тоа веќе работат.

dobivaj vesti na viber

„Работиме внимателно. Ние не правиме естрада од ништо, водиме политика, која е многу внимателна. Процесите што ги водите имаат одговорност и на крајот тој процес мора да има име и презиме. Бидете сигурни дека ќе има одговорност и ќе има име и презиме“, одговори премиерот Мицкоски на прашањето дали МВР влегло во ЈП „Комунална хигиена“, каде што очигледно нешто ги сопира камионите да излезат и да го соберат ѓубрето.

Премиерот го искористи новинарското прашање за несобраното ѓубре и им направи реклама на кандидатите за градоначалници на Скопје и на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ. Двапати повтори дека Орце Ѓорѓиевски ќе победи во првиот круг и веднаш по победата, во првите 72 часа, ќе направи генералка во Скопје, а тоа ќе го направи и Александар Стојковски за кого рече дека ќе биде избран за градоначалник во Ѓорче Петров. Генералка од сметот што ќе го остават градоначалниците што ќе си заминат премиерот најави во сите општини во кои ВМРО-ДПМНЕ има свои кандидати.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Спирометрија, ЕКГ и други испитувања денес и утре ќе им се прават на жителите на Трубарево: многумина одбија да се евакуираат за време на пожарот, вели министерот Алиу  

Денес и утре, во периодот од 10 до 16 часот, две екипи од Клиниката за пулмологија со амбулантни возила ќе...

Македонија24 минути

Арсовска до Мицкоски: Им се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец не знаејќи каков навистина си

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со реакција по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека чуствува одговорност што ја поддржал Арсовска...

Македонија1 час

За несобраното ѓубре во Скопје ќе има одговорност и ќе има име и презиме, работиме внимателно и не правиме естрада, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, уште еднаш им се извини на скопјани за тоа што пред четири години ја поддржал Данела Арсовска...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Судството во служба на Заев и Филипче, пресудата за докторката од Онкологија е срамна

ВМРО-ДПМНЕ реагира на одлуката на судот да изрече условна казна од две години за докторка од Клиниката за онкологија и...

Свет5 часа

(Видео) Огромна дупка се отвори на пат во Бангкок

Дел од патот се урна утрово пред болницата Ваџира во главниот град на Тајланд, Бангкок. Дупката беше долга 30 метри,...

Свет6 часа

(Фото) Супертајфунот го погоди Хонг Конг; 14 мртви, повеќе од 100 исчезнати на Тајван

Супертајфунот Рагаса, најсилниот тропски циклон во светот оваа година, го погоди денеска Хонг Конг, со ветрови со сила на ураган...

Свет6 часа

Трамп: Украина може да врати сè што изгуби, можеби и повеќе! Путин е во голема неволја

Американскиот претседател Доналд Трамп објави порака на својата социјална мрежа во која тврди дека Украина, со поддршка на Европа и...

Европа7 часа

(Фото) Украинците уништија еден од најмоќните руски системи

Руски извори објавија снимки што индиректно го потврдуваат успехот на неодамнешниот украински напад, на кои се прикажани уништени и тешко...

Свет7 часа

Ердоган: Израел ги користи нападите на Хамас за да изврши геноцид во Газа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека израелската влада го користи терористичкиот напад на палестинската исламистичка група Хамас како изговор...

Свет7 часа

(Видео) Трамп: Зеленски е голем човек, НАТО треба да соборува руски авиони што го нарушуваат воздушниот простор

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Њујорк по неговиот говор пред Генералното собрание на...

Македонија18 часа

Доаѓаат тешки моменти за корумпираните судии, обвинители, политичари и бандити, најави ВМРО-ДПМНЕ

Со судството и обвинителството во Македонија, како што велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, раководи кланот Заеви и кланот Ахмети. Тие, според...

Македонија18 часа

Поради нерегуларности, привремено запира со работа приватниот Факултет за бизнис економија во Скопје , одлучи МОН

Поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по задолжение за отстранување на истите, Министерството за образование и наука информира дека...

Македонија22 часа

Здружението на судии: Нема да ја коментираме неправосилната пресуда за „Онкологија“

Здружението на судии на Република Северна Македонија соопшти дека нема да даде коментар за неправосилната пресуда во предметот познат како...

Македонија24 часа

Утре и задутре пулмолози ќе проверуваат колку им се оштетени белите дробови на жителите на Трубарево и околината

Два тима од Клиниката за пулмологија и алергологија утре и задутре ќе ги посетат жителите на Трубарево и околните места...

Македонија1 ден

Субвенции за филтри на оџаците за домаќинствата што се греат на дрва, Мицкоски најави вонредна мерка за почист воздух

Во пресрет на новата грејна сезона Владата размислува за субвенции за филтри на оџаците за домаќинствата што се греат на...

Македонија1 ден

Мицкоски за пресудата за случајот „Онкологија“: Со вакви одлуки судиите и обвинителите не си ги заслужуваат платите, а бараат уште поголеми

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на условната казна за докторката која призна злоупотреба на Клиниката...

Топ1 ден

Планинари од Белгија спасени од полициски тим: биле нападнати од овчарски кучиња, па бегајќи од нив, се качиле на столб за мобилна телефонија

Вчера во 19:13 часот во ОВР Дебар е примен повик за помош од страна на белгиски државјани кои планинареле во...

Македонија1 ден

Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив наместо вистинска правда, добивме минимизирање на трагедијата што нè скрши, вели семејството Ристовски

Семејството на починатата Теодора Ристовска преку писмено сооопштение извеси дека Апелациониот суд во Гостивар ја потврди пресудата на Основниот суд...

Македонија1 ден

„Судството со скандалозната условна казна за докторката од Онкологија покажа дека му служи на друштвото на Заев, Филипче и на уште неколкумина од СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Судството и обвинителството од ден на ден покажуваат само едно, дека работат исклучиво под диктат. И тоа под диктат на...

Свет1 ден

Уште три европски земји ја признаа Палестина

Премиерите на Луксембург, Малта и на Монако официјално ја признаа државата Палестина вчера на Генералното собрание на Обединетите нации. „Ова...