Македонија
ЦУК: Вчера, интервенирано на пет пожари, активен е еден во Дебар, кај месноста Красница

Во текот на вчерашниот ден противпожарните тимови интервенирале на вкупно пет пожари на отворен простор, од кои до утрово сè уште како активен се води само еден – сè дури не се добие потврда од терен дека е изгаснат, според извештаите во Секторот за операции и координација (СОК) во Центарот за управување со кризи (ЦУК), што се добиени од надлежните институции во Системот за управување со кризи, велат од ЦУК.
„Активен пожар до утрово се води само еден: во општина Дебар кај месноста Красница, во реонот на с. Гари, на планината Стогово, каде што горела висока сува трева – пасиште. Конкретно, околу 12.45 часот преку единствениот број за итни повици 112 во ЦУК е добиена дојава за пожарот. Од Регионалниот ЦУК Дебар е стапено во контакт со ТППЕ Дебар и ЈП ‘Национални шуми“ – подружница ‘Стогово’ од Дебар, како и со жители што живеат во непосредна близина на местото на кое е забележан пожарот, при што добиле известување дека пожарот е на тешко пристапен терен и нема опасност за негово проширување. ЈП ‘Национални шуми’ – подружница ‘Стогово’ од Дебар известиле дека текот на вчерашниот ден не било можно да се интервенира, а во текот на денешниот ден ќе испратат екипа на терен“, информираат од Центарот.
Изгаснатите четири пожари на отворено, каде што горела ниска вегетација, биле во: општина Могила, кај с. Ивањевци; општина Долнени, помеѓу селата Дебреште и Лажани; општина Старо Нагоричане, кај с. Младо Нагоричане, и во општина Боговиње во атарот на с. Урвич.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром и Сопиште

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Црноризец Храбар. (општина Аеродром)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. 11 во Горно Соње. (општина Сопиште)
Македонија
Променливо облачно со слаб северен ветер, попладне врнежи од дожд

Променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степен.
Во Скопје, променливо облачно со слаб северен ветер. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
До петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m². Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира снежна покривка.Температурата на воздухот значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневната температура
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка на булеварот Партизански Одреди бр. 59а, без вода ќе останат корисниците лоцирани на десната страна на потегот од булеварот 8-ми Септември до Франклин Рузвелт. (општина Карпош)
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.