Свет
Специјалниот пратеник на ОН: На огнот што веќе гореше му се додава масло, војната во Сирија се шири
Војната меѓу Израел и Хамас се шири во Сирија, поттикната од растечката нестабилност, насилството и недостигот на напредок кон политичко решение на 12-годишниот конфликт, изјави Геир Педерсен, специјален пратеник на Обединетите нации за земјата.
Тој на состанокот на Советот за безбедност рече дека со насилството во сирискиот конфликт народот на Сирија сега се соочува со „застрашувачка перспектива за потенцијална поширока ескалација“ по нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври и израелската воена одмазда.
„Прелевањето на војната во Сирија веќе не е само ризик, тоа веќе почна“, изјави специјалниот пратеник на ОН за Сирија.
Педерсен укажа на воздушните напади во кои Израел неколкупати ги погоди сириските аеродроми во Алепо и Дамаск, како и одмаздата на САД за, како што рече, повеќекратните напади врз нивните сили извршени од „групи за кои Вашингтон тврди дека ги поддржува Иран, вклучително и оние на сириска територија“.
Специјалниот пратеник на ОН за Сирија рече дека имајќи предвид дека регионот на Блискиот Исток е „најопасен и напнат, се долева масло на огнот што веќе гореше во Сирија“, каде што имаше зголемување на насилството и пред 7 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски се обрати до нацијата: Се браниме кај Харков, во Доњецк е исклучително тешко
Украинските сили продолжуваат со одбранбените операции околу северните погранични населби во регионот Харков, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски во вечерното обраќање до нацијата.
„Нашите сили извршуваат контранапади и ја штитат украинската територија веќе втор ден“, рече Зеленски.
Украинската војска претходно соопшти дека руските сили се задржани во пограничните села во „сивата зона“, додека Русија објави дека зазела пет локални населби.
Ситуацијата, рече Зеленски, е особено напната во регионот на Доњецк, поточно во правец на Покровское, кај селата Семенивка и Нетаилова.
Зеленски додаде дека попречувањето на руските офанзивни акции сега е задача број еден.
Свет
Макрон: Се надевам дека Французите нема да мора да се борат во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон уште еднаш не ја исклучи можноста за интервенција на француската армија во Украина, но истовремено изрази надеж дека неговата земја нема да мора да војува и да испраќа свои војници во војна.
Како што пренесува „Украинска правда“, Емануел Макрон рече дека во одреден момент Европејците треба да бидат подготвени да ја спречат Русија да напредува понатаму во Украина, но тој најискрено се надева дека нема да мора да се борат.
„Ако сакаме мир, мораме да го заштитиме. Затоа треба да се вооружиме и затоа треба да бидеме средство за одвраќање и убедување. Ако одите предалеку и ги загрозувате нашите интереси и нашата безбедност, тогаш јас не исклучувам интервенци во конфликтот“, рече Макрон.
Тој нагласи дека украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет се под закана, но истовремено владеењето на правото и општите правила се под закана.
„И ако оставиме сè како што е во Украина, тогаш ќе победи правото на посилниот. И не можеме да бидеме сигурни бидејќи тоа се случува на 1.500 километри. Значи, во Украина нашата иднина и нашата безбедност се во прашање“, заклучи францускиот претседател.
Свет
Големи пропалестински протести во Малме пред евровизиското финале, се бара исклучување на Израел од натпреварот
Денеска во центарот на Малме, Шведска се одржува масовен пропалестински протест поради учеството на Израел на овогодинешното натпреварување.
Голем број луѓе почнаа да се собираат на главниот плоштад во Малме од 16 часот.
Протестот почна на главниот плоштад во Малме, а насобраните од ова место се упатија кон арената Малме, каде што се одржува Евровизија.
Во четвртокот, кога претставничката на Израел настапи во втората полуфинална вечер, на улиците на Малме протестираа повеќе од 30.000 луѓе, според проценките на шведската полиција.
Барањата се исти – бојкот на Евровизија и исклучување на Израел од натпреварувањето.