Uncategorized
Маестро Дијана Имери-Илкоска ќе диригира во Грузија
Македонската диригентка, маестро Дијана Имери-Илкоска, на 6 ноември ќе диригира во Грузија, каде што ќе настапи заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“ во Тбилиси. Извонредната Имери-Илкоска доби специјална покана од престижниот Камерен фестивал на Тбилиси, кој секоја година од 2 до 6 ноември се одржува во Државниот конзерваториум „Вано Сараишвили“.
Маестро Имери-Илкоска, всушност, настапува на финалниот концерт на фестивалот, кој во Тбилиси и воопшто во Грузија се смета за еден од најзначајните настани за љубителите на класичната музика.
Заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“ како солисти ќе настапат тројцата фантастични пијанисти, кои зад себе имаат завидна кариера: Давид Аладашвили (Грузија), Мариана Ахба (Грузија/Франција) и Луис Швицгебел Ванг (Швајцарија).
Програмата е навистина интересна и комплексна. Ќе бидат изведени уверирата од „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт, Концертот за две пијана од Моцарт, како и Концертот за две пијана од Франсис Пуланк.
„Со нетрпение го очекувам моето гостување во Тбилиси, пред сè, поради тоа што ме очекува соработка со врвни солисти и со престижниот оркестар, кој ме покани со концерт свечено да го затворам Камерниот фестивал за класична музика. Ваквите покани за мене се потврда дека она што го работите со огромна љубов, посветеност и стремеж кон вистински квалитет надалеку се слуша и не може да остане незабележано“, вели маестро Дијана Имери-Илкоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.