Европа
(Видео) Бурата Кијаран на прагот на Европа: една земја веќе е на удар, издадени повеќе од 70 предупредувања за поплави
На Европа ѝ се заканува големо невреме и поплави. Бурата Кијaран веќе почна да зафаќа делови од Ирска, што ја натера полицијата да ги предупреди луѓето да не патуваат, а официјалните лица издадоа предупредувања за временски услови за областите во Велика Британија.
Follow us on TikTok @TheLiberal.ie
M1 motorway is flooded at the border – all caused from lack of dredging and draining. Nothing to do with “climate change” 🙄#StormCiaran pic.twitter.com/2dpiDrxm4s— TheLiberal.ie (@TheLiberal_ie) October 31, 2023
Метеоролошката канцеларија издаде предупредување за обилни врнежи во поголемиот дел од југоисточниот дел на Северна Ирска.
Предупредувањето стапи во сила во понеделникот во 21 часот и е продолжено до вторник до 9 часот. Националната метеоролошка служба прогнозира дека силен дожд ќе предизвика поплави и прекин на транспортот, а жолтото предупредување го покрива остатокот од Северна Ирска.
Kilkeel Harbour this morning.
A flow coming down the river that has never been seen before, resulting in boats destroyed, and others being sunk. #Kilkeel #StormCiaran pic.twitter.com/YueAawQznA
— Richard Mckee (@mckee1690) October 31, 2023
Веќе се пријавени големи поплави во округот Даун. Пукнал градскиот канал кај брегот, а патиштата во другите делови на градот биле затворени поради поплави.
На север, во Дромантин, 100-ина овци претходно мораа да бидат спасени бидејќи останаа заглавени во поплавеното поле. Метеоролошката служба предупреди дека ќе наврнат од 25 до 50 милилитри дожд, а на повисоките места можна е и до 100 милилитри.
Latest charts for #StormCiarán and many models keep the heavy rain just South of Ireland but one has it still catching Southern counties. Small subtle changes still likely before he approaches tomorrow night. pic.twitter.com/7kaYrs7CKA
— Carlow Weather (@CarlowWeather) October 31, 2023
Одделот за инфраструктура во Стормонт соопшти дека полицијата ги предупредува луѓето да не патуваат додека е во сила предупредувањето за времето.
„Овие предупредувања следуваат по екстремно влажниот викенд, при што веќе се појавија поплави на многу патишта. Постојаните услови за дожд на заситената почва неизбежно ќе доведат до полокализирани поплави. Можно е застој во сообраќајот, а граѓаните се замолуваат да размислат за своите патувања и да внимаваат доколку патувањето е неопходно“, велат од одделот.
Storm Ciarán will affect parts of France 🇫🇷 , the UK 🇬🇧 , and northern Spain 🇪🇸 with damaging winds, heavy rain and flooding. #StormCiarán #Ciarán #floods #flooding
📹 Zoom Earth pic.twitter.com/pQtXfkOCvP— Disaster Tracker (@DisasterTrackHQ) October 31, 2023
Ирската полиција предупреди дека силниот дожд ќе доведе до големи поплави и затоа бара од јавноста да преземе одредени чекори за да се минимизира потенцијалниот ризик.
„Ве молиме, доколку е можно, останете дома и не патувајте, освен ако е потребно. Доколку возите, внимавајте на брзината“, велат од полицијата.
Агенцијата за животна средина издаде повеќе од 70 предупредувања за поплави во Велика Британија, а Метеоролошката канцеларија издаде жолти предупредувања за дожд од понеделник до четврток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.
Европа
Лавините на француските Алпи убија тројца скијачи
Тројца скијачи загинаа вчера во одделни лавини на француските Алпи, само еден ден откако три други лица загинаа во слични несреќи, објавија локалните медиуми.
Во Ла Плањ, британски државјанин, на возраст од околу 50 години, беше затрупан од снег, објави скијачкиот центар. Француските медиуми објавија дека 52 спасувачи, кучиња-трагачи и хеликоптер биле вклучени во потрагата и дека им биле потребни 50 минути за да пронајдат маж под 2,5 метри снег, но не можеле да го спасат.
Во блискиот Куршевел, лавина затрупала уште едно лице кое било пронајдено мртво во доцните утрински часови, според извештаите.
Регионалниот дневен весник „Le Dauphiné libéré“, исто така, објави за неколку повредени скијачи и сноубордери.
Според извештаите на медиумите кои се повикуваат на планинската полиција, 32-годишен маж загинал во лавина во Валорцин, во близина на швајцарската граница. Тој скијал надвор од стазата кога лавина го исфрлила во дрво, а подоцна им подлегнал на повредите.
Властите повикаа на претпазливост
Еден ден претходно, уште три лица загинаа во истиот регион.
Во неделата беа пријавени неколку лавини низ Савој, што ги натера локалните власти да ги повикаат жителите и туристите да бидат „екстремно внимателни“ и да не излегуваат надвор од назначените скијачки патеки.

