Македонија
Превентивни активности на МВР
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на секторите за внатрешни работи Велес и Битола беа реализирани неколку превентивни активности. На подрачје на СВР Велес, односно во Основното училиште „Даме Груев“ во Градско, се одржаа едукативни работилници посветени на врсничкото насилство, како и на безбедноста во сообраќајот.
На подрачјето на СВР Битола, пак, во средното економско училиште „Јане Сандански“ во Битола, се спроведе едукативно предавање на тема „Кажи ‘не’ на дрогата, ‘да’ на животот“, каде што средношколците беа запознаени со последиците што произлегуваат од користење и трговија со дрога. Инспектори од компјутерски криминал, пак, им укажаа за ризиците што произлегуваат при користењето на социјалните мрежи, како и нивно навремено препознавање и превенирање.
Во текот на вчерашниот ден во средното општинско училиште „Наум Охридски“ во Македонски Брод беше реализирано предавање на тема „Не користи дрога и алкохол“, а на подрачјето на Македонски Брод од областа на сообраќајот беше реализирана превентивна активност „Вози одговорно, стави појас“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

