Свет
Белата куќа: Бајден има намера да стави вето на законот за помош на Израел
Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе стави вето на предлог-законот на републиканците во Претставничкиот дом за обезбедување помош на Израел, со што истовремено се изоставени финансирањето други приоритети за национална безбедност, објави Белата куќа.
Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа нагласи дека овој предлог-закон содржи пристрасност преку поддршка само за Израел и не одговара на моментната ситуација бидејќи ја испушта хуманитарната помош за населението во Газа и помошта за Украина и сојузниците во Индо-Пацификот, пренесува порталот „Хил“.
Беше најавено дека американскиот претседател ќе стави вето на овој документ доколку Конгресот го усвои.
„Овој предлог-закон е лош за Израел, за регионот на Блискиот Исток и за нашата сопствена национална безбедност“, соопшти Белата куќа.
Во изјавата на ОМБ се вели дека администрацијата ќе продолжи да работи со пратениците во Конгресот за да се постигне договор за дополнителното барање поднесено од Белата куќа претходно овој месец.
Пакетот предложен од републиканците во понеделникот обезбедува 14,3 милијарди долари помош за Израел во неговата борба против Хамас, милитантната група што ја контролира Газа и изврши прекугранични напади на 7 октомври, во кои загинаа речиси 1.400 Израелци.
Белата куќа минатата недела побара околу 106 милијарди долари дополнително финансирање за националната безбедност, кое вклучува пари за Израел и Украина, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Закана за бомба на централната автобуска станица во Москва
Безбедносните сили истражуваат анонимна закана за поставување бомба на централната автобуска станица во источниот дел на Москва, изјави денес претставник на московските служби за итни случаи.
„Примена е анонимна пријава за закана со бомба на централната автобуска станица“, изјави неименуван извор за „РИА новости“.
Според него, безбедносните сили биле испратени на автобуската постојка за да го истражат телефонскиот повик.
Лажни закани со бомби се упатуваат во разни руски градови од крајот на 2019 година.
Нивните цели се судови, трговски центри, метро-станици, авијациска и железничка инфраструктура, училишта и медицински установи.
Европа
(Видео) Тројца тинејџери загинаа во Франција кога паднаа и се удавија во базен длабок 1,5 метар
Тројца тинејџери загинаа во јужна Франција кога нивниот автомобил излетал од патот, се забил во ѕид и се превртел во приватен базен, при што останале заробени.
Возилото било речиси со иста големина како базенот, а тројцата тинејџери, на возраст од 14, 15 и 19 години, не можеле да ја отворат вратата и се удавиле. Несреќата се случила во градот Алес во вторникот вечерта.
„Вистински ужас. Тие не починале од ударот. Се нашле наопаку во ледената вода, неспособни да излезат. Немале никаква шанса“, изјави јавниот обвинител Абделкрим Грини. Според неофицијални информации, најмладиот од нив наводно го возел автомобилот во времето на несреќата.
🚗⚡️ Leur voiture s’encastre dans une piscine : trois jeunes de 14 à 19 ans tués dans un dramatique accident dans le Gard. Des bouteilles de gaz hilarant se trouvaient dans l’habitacle. #JT20h pic.twitter.com/2lWrfYyU6V
— Le20h-France Télévisions (@le20hfrancetele) December 3, 2025
Обвинителот за АФП изјави дека станува збор за неверојатна низа околности истакнувајќи дека несреќата се случила во ноќ со силен дожд.
Тој опиша како автомобилот удрил во низок ѕид од градината, се превртел и слетал во базенот. Пожарникарите биле повикани да го испумпаат базенот и да го извлечат возилото. BFMTV објави дека базенот бил длабок еден и пол метар. Снимките од местото на настанот покажале приватен базен покрај урнатиот ѕид.
Според француските медиуми, во автомобилот биле пронајдени шишиња со азотен оксид, супстанција што рекреативните корисници ја вдишуваат за да се чувствуваат опуштено, вртоглаво или еуфорично. Отворена е истрага за причината за смртта, а телата на младите луѓе се однесени во форензички институт на обдукција, според АФП.
Свет
Медведев: Конфискацијата на замрзнатите средства од страна на ЕУ може да биде оправдување за војна
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, изјави дека ако Европската Унија преземе замрзнати руски средства, Москва би можела да го смета тоа за чин што ја оправдува војната.
„Ако лудата Европска Унија сè уште се обидува да украде руски средства замрзнати во Белгија под маската на таканаречен заем за репарации, Русија би можела да го смета овој потег за casus belli со сите релевантни импликации за Брисел и поединечните земји од ЕУ“, рече Медведев.
Европската комисија вчера предложи без преседан начин на користење на замрзнатите руски средства или меѓународно задолжување за да се соберат 90 милијарди евра (105 милијарди долари) за Украина за покривање на нејзините нестабилни воени и основни услуги.
фото/ЕПА

