Свет
Лидерот на Хамас: Со Израел нема друга опција, освен насилство
Гази Хамад, еден од лидерите на Хамас, рече дека Израел со својата политика не им оставил на палестинските милитанти од Појасот Газа друга опција, освен насилство.
„Имаме право да се бориме против напаѓачите“, изјави Хамад за „Кориере дела сера“, кој е член на политичкиот совет на Хамас и кој Израел го бара како терорист.
Во интервјуто што го даде од Бејрут тој оцени дека Хамас покажал оти Израел е поразлив и дека операцијата„ Ал Акса“, што ја почнаа палестинските милитанти на 7 октомври на израелска територија, го менува Блискиот Исток.
Хамад изјави дека милитантите не планирале да убијат 1.400 цивили на израелска територија и дека тоа е војна што трае со години.
„Се сеќавам на најмалку шест големи конфликти од 2009 година. Во повеќето случаи Израел го избра моментот, а сега иницијативата е наша. Зошто? Поради кршењето на палестинските права на Западниот Брег и Газа, поради малтретирањето на цивилите на контролните пунктови, убиени во Џенин, Наблус, Ерусалим, поради инертноста на разни посредници (Египет, Катар, ОН). Моравме да ги преземеме работите во свои раце“, рече еден од лидерите на Хамас.
Тој рече дека без оглед на повеќе од 8.000 палестински жртви, Хамас е подготвен да го продолжи конфликтот бидејќи, според него, израелската политика не им остава ништо друго, освен насилство.
„Гледате, тука има само два пата: мир или насилство. Махмуд Абас (палестинскиот претседател, ривал на Хамас) е човек на мирот, тој е секогаш тука да разговара и по 30 години разговор, што постигна? Помалку од нула“, рече Хамад.
Според него, зголемен е бројот на израелски доселеници, конфискацијата на палестинските земји и изолираните делови на Западниот Брег.
Ова не е само политика на екстремистичката влада на Нетанјаху, рече тој, додавајќи дека никогаш не било добро време да им се отстапи нешто на Палестинците, само да се прошири израелската контрола.
„Тие не ни оставија ништо друго, освен насилство. Израел ја има ароганцијата на некој што ги има Американците зад себе и не се грижи за меѓународното право. Размислете: зошто да го слушаме Хамас ако можеме да го победиме? Па, згрешија, операцијата ‘Ал Акса’ го менува Блискиот Исток“, рече тој.
Изјави дека Палестинците се жртви на окупацијата и дека според меѓународното право, Хамас има целосно право „да се бори против напаѓачите“.
Тој изјави и дека на 7 октомври Хамас го уништил митот за Израел како воена суперсила и, според него, покажал дека може да се победи.
Не можевме без последици, но подготвени сме повторно да ја платиме цената“, заклучи Хамад, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Подољак: Украина нема никаква врска со протекувањето на транскриптите од разговорот меѓу Виткоф и Ушаков
Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак денес изјави дека Украина нема никаква врска со скандалот околу протекувањето на транскриптите од разговорот меѓу специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и претставници на Русија.
Тој истакна дека американската администрација има став за мировниот план.
Овој план, додаде тој, се дискутира на неколку форуми со претставници на САД и европските земји. „Ова е обид да се создаде реалистичен механизам за завршување на војната: безбедносни гаранции, улогата на сојузниците, последици за Русија во случај на повторена агресија.
Ова е сложена и кревка дискусија во која секој збор вреди злато“, рече Подољак. Според него, постојат приказни за неформални контакти, снимки од разговори и изворите на тие снимки.
„Овие приказни првенствено ќе влијаат на домашната политика и дискусиите во различни земји, вклучувајќи ги и Соединетите Американски Држави. Украина, се разбира, нема никаква врска со организацијата на овие најави.
Ние дејствуваме директно: во рамките на партнерските договори, со транспарентна логика и црвени линии што им се апсолутно јасни на нашите сојузници“, рече советникот на Володимир Зеленски, пренесува РБК Украина.
Подољак додаде дека сите чувствителни прашања, вклучувајќи ги териториите, големината на вооружените сили на Украина и други, ќе бидат дискутирани меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп.
„Претседателот на Украина е подготвен за таков состанок во секое време. Јасно е дека без личен разговор меѓу претседателите е невозможно правилно да се одговори на најчувствителните прашања. Исто така е јасно дека Руската Федерација сè уште не покажала желба да ја заврши војната“, заклучи тој.
Фото: ЕПА
Свет
Калас бара користење на замрзнатите руски средства, Белгија се спротивставува
Каја Калас, шефицата на европската дипломатија, на состанок со пратениците на Европската народна партија, повторно повика на користење на замрзнатите руски средства, што предизвика незадоволство кај некои политичари, пишува весникот „Јуроактив“, повикувајќи се на извори.
Според весникот, на состанокот во Стразбур, Калас решително го бранелa предлогот за користење на руски средства за доделување кредити на Украина, на што Белгија се спротивставува.
Како што истакна весникот, почнува да расте тензијата околу користењето на овие средства, објавува „Спутник“.
„Калас праша зошто Белгија е толку загрижена. На кој суд би се обратила Русија? Кој судија би пресудил во корист на Русија?“, изјавил еден од изворите за весникот.
Еден од учесниците на состанокот рекол дека Калас зборувала со потсмев за Белгија. Пратеник кој не е од Белгија смета дека нејзиниот говор се сведува на една порака: „престанете да кукате“.
Шефицата на дипломатијата на ЕУ, исто така, потсетила на своето естонско потекло, поради што, наводно, ја разбира Русија подобро од Белгијците, додаваат изворите.
Според весникот, белгискиот член на Европскиот парламент, Ваутер Беке, уште еднаш истакнал дека давањето кредити на Украина на сметка на руски средства би ја изложило Белгија на неприфатливи правни и финансиски ризици.
„Белгија ги претставува своите интереси и изразува сосема легитимни загрижености. Разговорите беа многу детални, сите внимателно го слушаа ставот на Белгија и се обидоа да ги земат предвид ризиците. Доколку има ризици, потребно е да се разбере како да се распределат. Земјите, исто така, потврдија дека, доколку има потреба, ќе се солидаризираат со Белгија“, рече Калас.
Претходно, белгискиот премиер Барт де Вевер вети дека ќе стори сè што е можно за да ја блокира одлуката за користење на руски средства, освен ако нема разумен предлог од Европската комисија.
Шефот на Министерството за одбрана и надворешна трговија на Белгија, Тео Франкен, на 25 ноември изјави дека Белгија сè уште одбива да ги користи замрзнатите средства на Централната банка на Русија за заем за Украина без гаранции од ЕУ и нема да се придржува кон ова прашање.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Патнички авион се излизга од пистата во Литванија
Патнички авион управуван од полскиот превозник LOT се излизга од пистата на аеродромот Вилнус во Литванија по пристигнувањето од Варшава, со што се запре целиот сообраќај на аеродромот, соопшти операторот на аеродромот.
Сите патници на летот LO771 се симнаа и нема извештаи за повредени, соопшти аеродромот на Фејсбук. Портпаролот на A LOT изјави дека „Ембраер 170“ превезувал 63 патници и четири члена на екипажот.
✈️🚫A LOT Polish Airlines plane rolled beyond the runway at Vilnius Airport
The Warsaw–Vilnius flight veered off the runway during landing.
Passengers were evacuated from the aircraft. Because of the incident, the airport’s operations were paralyzed — all flights were suspended. pic.twitter.com/cvTKhAkJGg— NEXTA (@nexta_tv) November 26, 2025
„По слетувањето, сите патници безбедно се симнаа со помош на подвижни скали, по што беа транспортирани до терминалот“, рече портпаролот.
Пистата ќе остане затворена до 19 часот по локално време, соопшти аеродромот.
На патниците кои требаше да летаат од Вилнус денес им се препорачува да ги контактираат своите авиокомпании за дополнителни информации за поединечните заминувања, според написите во регионалните медиуми.
Фото: принтскрин

