Свет
Хамас: Тунелите се направени за заштита на борците, а не за цивилите
Мрежата на подземни тунели во Појасот Газа е изградена за да ги заштити членовите на Хамас од израелските воздушни напади и не е наменета за цивили, изјави член на политичкото биро на палестинските милитанти од Појасот Газа.
„Изградивме тунели за да се заштитиме од авиони. Сите знаат дека 75 отсто од населението на Газа се бегалци и дека ОН се одговорни за нивната заштита. Според Женевската конвенција, окупаторот Израел е одговорен да им ги обезбеди основните потреби“, изјави овој неименуван милитантен функционер за РТ на арапски.
Висок член на раководството на Хамас, Абу Марзук, во понеделникот во интервју за „Ал џезира“ изјави дека палестинските власти во Рамала, Западниот Брег и неколку арапски земји тајно го повикуваат Западот да го уништи Хамас.
Според него, милитантите имаат големи надежи во либанската исламистичка организација Хезболах и кај палестинските власти во Рамала поради што, како што наведе, бил зачуден кога дознал за нивната позиција, пренесува ТАСС.
Тензиите на Блискиот Исток повторно се разгореа на 7 октомври кога Хамас изврши ненадеен упад на израелска територија од Појасот Газа убивајќи жители на пограничните заедници и земајќи повеќе од 200 заложници.
Израел одговори со целосна блокада на Газа и почна копнени операции, истовремено изведувајќи воздушни напади врз цели во енклавата, пренесува „РТ Балкан“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж од Флорида осуден за убиство на трудна девојка која одбила да абортира
Судoт во Флорида го прогласи 23-годишниот Донован Фејсон за виновен за убиство на неговата 18-годишна девојка Кајлин Фиенго, која одбила да абортира, пренесе „Унилад“.
Злосторството се случило во ноември 2022 година, кога Фејсон ја намамил Кајлин во парк и ја застрелал во глава. Нејзиното тело било пронајдено во автомобил од полициски службеник за време на рутинска патрола, а покрај неа била најдена и слика од ултразвук.
Истрагата открила пораки во кои Фејсон ја притискал да абортира. Во една од нив ѝ напишал: „Абортирај!!!“, а пред убиството му испратил порака на пријател: „Се колнам во гробот на брат ми, ќе се решам од неа.“
Тужителите навеле дека Фејсон бил лут и под притисок бидејќи живеел со друга жена која дознала за аферата.
Поротата го прогласи за виновен на 27 октомври, а му се заканува смртна казна. Семејството на жртвата изјави дека пресудата „не ја враќа Кајлин, но барем ќе спречи да им наштети на други“.
Свет
Хамас предаде тела, Израел порачува: „Борбата за нашите заложници не запира“
Израел ги презеде телата на двајца заложници кои ги држел Хамас во Газа, пренесе ЦНН. Посмртните останки биле предадени преку Црвениот крст и пренесени на идентификација во израелскиот форензички институт.
Од кабинетот на израелскиот премиер соопштија дека „напорите за враќање на сите заложници продолжуваат и нема да престанат додека не се вратат сите“.
Примопредавањето се случува два дена по израелските воздушни напади во Газа, во кои, според палестинското министерство за здравство, загинале повеќе од 100 лица. И покрај ескалацијата, и Израел и Хамас изјавиле дека остануваат посветени на прекинот на огнот посредуван од САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека „ништо нема да го загрози примирјето“ и се закани дека ќе го „елиминира Хамас“.
Последното примопредавање, според медиумите, поминало без компликации, за разлика од претходните случаи кога Хамас ја повлекуваше одлуката за предавање поради израелски напади.
Свет
Медведев го нарече белгискиот министер „имбецил“, Франкен му возврати со песна на Селена Гомез
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен влезе во вербален судир со поранешниот руски претседател и сегашен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
Се започнало кога Франкен изјавил дека, доколку Русија ја нападне Белгија, „НАТО би ја израмнил Москва со земја“. На тоа, Медведев остро реагирал, нарекувајќи го „имбецил“ и потсетувајќи дека оваа недела Русија го тестирала нуклеарното суперторпедо „Посејдон“, кое го опишал како „вистинско оружје на судниот ден“.
Франкен утрово возвратил преку Инстаграм: „Главниот руски насилник не престанува да се заканува и навредува. НАТО не е во војна со Русија, но принципот на одмазда е неприкосновен веќе 76 години. Не повлекувам ниту збор.“
На крајот, министерот ја споделил песната „Calm Down“ од Селена Гомез со порака до Медведев – да се „смири“.

