Свет
Ќе ја изгубиме поддршката од светот поради реакцијата на нападот на Хамас, тврди поранешниот премиер на Израел
Ехуд Барак, поранешен израелски премиер и началник на Генералштабот на израелската армија, даде интервју за US Foreign Policy, велејќи дека Израел „веројатно ќе ја изгуби поддршката од светската јавност“ за својот одговор на нападот на Хамас на 7 октомври.
Барак изјави дека целта е да се ограничат воените и владините можности на Хамас во Појасот Газа.
„Тоа не може да се постигне само со воздушни напади. Илјадници и илјадници војници мора да бидат распоредени на терен“, рече тој
Запрашан за поддршката на САД, тој рече: „Знаеме дека за една или две недели, веројатно, ќе ја изгубиме поддршката на јавното мислење во многу делови од светот, а за две или три недели би можеле да ја изгубиме поддршката од многу влади. Мислам дека Америка ќе продолжи да биде со нас, но за нив ќе биде сè покомплицирано да останат со нас“.
За воената стратегија на Израел, поранешниот премиер рече дека ќе бидат потребни „најверојатно околу 50.000 или повеќе војници за да се осигури дека ќе победат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хезболах лансира ракети врз северен Израел
Хезболах лансира 140 ракети кон северниот дел на Израел, само еден ден откако лидерот на екстремистичката група, Хасан Насрала, најави одмазда за серијата експлозии во Либан во последните три дена.
Израелската армија објави дека ракетите паднале во три брана во петокот попладне, а цел биле места по должината на разурнатата граница со Либан, пренесува „Јутарњи“.
Хезболах соопшти дека цели биле неколку места по должината на границата со ракетите „Катјуша“, вклучително и неколку бази за противвоздушна одбрана, како и штабот на израелската оклопна бригада, која, според нив, била првиот погоден, пренесува „Н1 Загреб“.
Хезболах рече дека ракетите биле како одмазда за израелските напади врз села и домови во јужен Либан.
Свет
Камала Харис: Ако некој упадне во мојот дом, ќе биде застрелан
Потпретседателката на САД, Камала Харис, изјави дека е подготвена да употреби пиштол доколку натрапник упадне во нејзиниот дом.
„Ако некој упадне во мојата куќа, ќе биде застрелан“, рече Харис, гостинка на Опра Винфри.
„Веројатно не требаше да го кажам тоа, но мојот персонал подоцна ќе се справи со тоа“, додаде таа и се насмеа. Харис, која потврди дека поседува пиштол за време на неодамнешната претседателска дебата, ја повтори својата поддршка за забраната на автоматските пушки.
„Огненото оружје од овој тип е буквално дизајнирано да биде воено средство. За него нема место на улиците на граѓанското општество“, нагласи таа.
Рече дека е поддржувач на американскиот втор амандман, кој го штити правото на поседување оружје, но се осврна и на американскиот проблем со престрелките во училиштата.
Таа предупреди дека е вознемирувачко што децата мораат да поминат вежби за да се подготват за вакви инциденти. „Не мора да биде така“, убедена е таа. По едно од најновите масовни престрелки во САД, 14-годишно момче е обвинето за убиство на четири лица во средно училиште во Џорџија.
„Поседувам пиштол веројатно од истата причина како и многумина што го имаат – за лична безбедност. Бев обвинител“, рекла Харис во 2019 година, според Би-би-си.
За време на минатонеделната дебата со републиканскиот кандидат Доналд Трамп таа ги негира обвинувањата на Трамп дека „ќе им го одземе пиштолот на сите“ доколку биде избрана во Белата куќа.
Трамп поседуваше и три пиштоли, но мораше да предаде два од нив и да се соочи со ограничувања за третиот откога беше обвинет.
Регион
Додик: Нема да ја почитувам одлуката на Уставниот суд
Српскиот лидер во Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изјави дека нема да ја почитува одлуката на Уставниот суд на таа земја, кој го оспори изборниот закон за ентитетите и покрај тоа што неговата партија ќе учествува на претстојните локални избори, кои се одржуваат според одредбите на друг државен изборен закон.
„Изборниот закон на Република Српска е уставен и овој правен акт ќе се применува“, изјави Додик за Радио-телевизија на Република Српска реагирајќи на вчерашната одлука на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.
Тој суд оцени дека со донесувањето на Изборниот закон на Република Српска е прекршен Уставот на Босна и Херцеговина. На овој начин се оспорува улогата на Централната изборна комисија на БиХ, која е задолжена за организирање и спроведување на изборите.
На ваков потег се одлучија откако високиот меѓународен претставник, Кристијан Шмит, наметна измени во Изборниот законик на Босна и Херцеговина.
Сепак, Додик тврди дека само ќе го почитува Изборниот законик за ентитетите бидејќи тој не бил оспорен од Уставниот суд на Република Српска. Но, државниот е.
И покрај приговорите и отфрлањето на одлуките на Уставниот суд на БиХ, кои властите на Република Српска ги нарекуваат скратени затоа што двајца српски судии не учествуваат во неговата работа, партиите на власт од тој ентитет сепак ќе учествуваат на претстојните локални избори организирани од државната Централна изборна комисија.
Овие избори ќе се одржат на 6 октомври, а ќе се изберат нови свикувања на градските и општинските совети и раководители на 141 општина и град.