Свет
Убиен бразилски фудбалер во заседа, испукани 10 куршуми во него
Во заседа е убиен бразилскиот фудбалер Фелипе Диого (21). Кон него биле испукани 10 куршуми. Злосторството се случило во предградието на Сао Пауло, Рибеиро Прето.
Фудбалерот е пренесен во болница, но лекарите можеле само да ја констатираат неговата смрт.
🚔 Asesinado de diez tiros un futbolista brasileño de 21 años
🇧🇷 Felipe Diogo jugaba como delantero y militaba en el São Bernardo, de la Serie C de Brasil. Se desconocen las causas del asesinato. https://t.co/h9a6QoxOkV— Diario AS (@diarioas) November 2, 2023
Сторителите сè уште не се познати.
Клубот „Сао Бернардо“, за кој се натпреварува во Серија Ц и за кој настапуваше Фелипе Диого, со трогателна порака се прости од младиот фудбалер.
„Фудбалскиот клуб ‘Сао Бернардо’ со големо жалење ја прими веста за смртта на нашиот спортист Фелипе Диого Бернардес Фереира. Нека Бог ги утеши срцата на неговото семејство во овој момент на длабока тага“, се вели на страницата на „Инстаграм“ на бразилскиот клуб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
РТС: Пукано кон српски војници во близина на воена база
Вооружена и маскирана група Албанци отвори оган врз припадници на српската армија во реонот на базата „Дебела Глава“, во близина на административната линија со Косово, вчера околу 15 часот, објави вечерва Радио-телевизија на Србија (РТС), а пренесе Данас.рс.
Инцидентот се случил во подножјето на брдото Шоп, каде што вооружената група испукала 15 истрели во правец на патрола на српската армија. Според РТС, во таа прилика било погодено куче кое било во непосредна близина на војниците.
По нападот, вооружената група избегала со шест џипови во правец на Косово. Базата „Дебела Глава“, во близина на која се случила пукотницата, се наоѓа во Копнената безбедносна зона.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Тројца убиени во нов американски воен напад врз брод за шверц на дрога
САД извршија уште еден напад врз брод за кој се тврди дека шверцува дрога во источниот Пацифик, при што загинаа три лица на бродот, соопшти Пентагон.
„Разузнавањето потврди дека бродот бил вклучен во нелегална трговија со дрога, транзитирајќи по позната рута за шверц со дрога и транспортирајќи наркотици“, соопшти Јужната команда на САД во објава на социјалните мрежи.
On Nov. 15, at the direction of Secretary of War Pete Hegseth, Joint Task Force Southern Spear conducted a lethal kinetic strike on a vessel operated by a Designated Terrorist Organization. Intelligence confirmed that the vessel was involved in illicit narcotics smuggling,… pic.twitter.com/iM1PhIsroj
— U.S. Southern Command (@Southcom) November 16, 2025
21 напад од почетокот на септември, над 80 убиени лица
Во соопштението се наведува дека бродот бил во меѓународни води кога бил погоден од Заедничката работна група „Јужно копје“, пренесува Ројтерс.
Ова е 21-ви напад на американската војска врз бродови за шверц на дрога од почетокот на септември. Според Пентагон, во нападите биле убиени повеќе од 80 лица.
Неколку претставници во американскиот Конгрес и групи за човекови права покренаа прашања за легалноста на нападите. Администрацијата на Трамп изјави дека има законско овластување да ги изврши нападите.
фото: принтскрин
Европа
Десет ранети, тројца мртви во руски ракетен напад врз Украина
Во руски ракетен напад врз источноукраинскиот град Балаклија загинаа три лица, а десет беа повредени, меѓу кои и три деца, изјави во понеделник регионален воен претставник во регионот Харков.
Нападот што се случи ноќеска го погоди центарот на градот, при што беа повредени деца родени во 2007, 2010 и 2011 година, изјави преку апликацијата за пораки Телеграм Виталиј Карабанов, началник на воената администрација на Балаклија.
Деветмина од повредените се хоспитализирани, рече тој.
фото: принтскрин

