Свет
7.000 странци чекаат да избегаат од Газа, вели Египет
Речиси 7.000 носители на странски пасоши од 60 земји чекаат да го напуштат Појасот Газа, соопшти денеска египетското Министерство за надворешни работи. Министерството ги покани претставниците на странските амбасади на состанок во Каиро за да ги информираат за документите потребни за влез во Египет од палестинската територија разурната од војна.
Не е јасно дали 7.000 лица се само странски државјани или Палестинци со друг пасош. Исто така, не е јасно дали има други странци во Газа, кои не сакаат да заминат.
Вчера, стотици странски државјани и Палестинци со двојно државјанство ја напуштија Газа и влегоа во Египет првпат по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас. Некои тешко повредени Палестинци исто така беа префрлени на лекување во Египет преку преминот Рафа.
Палестинската Црвена полумесечина во средата вечерта соопшти дека примила уште 55 камиони хуманитарна помош, со што вкупниот број достигна 272 – сè уште мал дел од она што хуманитарците велат дека е потребно.
Израел го затвори Појасот Газа и врши воздушни напади врз густо населената област откога милитантите од исламистичката група Хамас, која управува со Појасот Газа, извршија терористички напад врз израелските заедници на 7 октомври, во кој загинаа повеќе од 1.400 луѓе.
Околу 240 други беа земени како заложници во Газа. Министерството за здравство на Газа, кое го раководи Хамас, соопшти дека израелските сили убиле 8.796 луѓе и раниле 22.219 во нападите врз Газа од почетокот на војната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

