Спорт
Маса: Непожелен сум на Формула 1 трките
Фелипе Маса, поранешниот возач на Формула 1, најверојатно нема да присуствува на Големата награда на Бразил во Сао Паоло.
Бразилецот е во војна со ФИА, откако реши на суд да ја бара титулата во 2008 година. Победникот на 11 трки во Формула 1, смета дека треба да му биде доделена титулата во 2008 година, која за еден бод за загуби Луис Хамилтон.
Маса смета дека е финансиски оштетен за неколку милиони евра кои би ги заработил како светски шампион. Спорна е трката во Сингапур во 2008 година, Бразилецот и неговите адвокати тврдат дека Нелсон Пике јуниор намерно предизвикал судир по директива на тимот на Рено.
Во септември Маса беше советуван да не оди во Монца, а подоцна и на патеката Сузука во Јапонија. Постојат шанси и тој да не присуствува и на трката цо Сао Паоло.
„Никој не ме повика да бидам промотор или амбасадор на трката. Со оглед на се што се случува, мислам дека е најдобро да не бидам ниту во Сао Паоло“, изјави Маса.
Гран при викендот во Бразил ќе се одвива од 3. до 5.ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Мајк Даум е ново засилување за КК „Црвена звезда“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/TSRVENA-Z.jpg)
Американскиот кошаркар Мајк Даум потпиша две годишен договор со Црвена звезда.
На позиција крилен центар во „црвено-белите“ доаѓа по професионалната кариера во Европа.
Даум играше и две сезони за шпанскиот Обрадорио, а извонредни партии одигра и во едно од најпријатните изненадувања во италијанската лига Тортона, каде со своите соиграчи го освоија третото место во лигата а тој беше прогласен за најдобар играч.
Минатата сезона беше во тимот на Анадолу Ефес, а во Евролигата одигра 11 натпревари со просек од девет поени и три скока.
Спорт
Словачка и Романија го играат „последниот“ меч во групата Е
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/slovatska-rom.jpg)
Репрезентативниот состав на Словачка до сега покажа дека има силна одбрана, играјќи против силните репрезентации.
По победата против Белгија од 1:0 следуваше тежок период, пораз од Украина со 2:1 кој ги доведе во тешка позиција.
На изненадување на многумина, Романците повеќе од убедливо триумфираа против Украина со 3:0.
Избраниците на Едвард Јорданеску покажаа многу повеќе од она што се очекуваше од нив, а сега имаат можност да ја продолжат својата приказна.
Спорт
Дали Лукаку ќе ја тргне „клетвата“ од своето име?
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/lukakuu.jpg)
Репрезентацијата на Белгија имаше големи проблеми на првите два меча.
Во првиот беше поразена од Словачка со минимален резултат, но со победата од 2:0 против Романија успеа да ги освои првите три бода на првенството.
„Црвените ѓаволи“ беа блиску до голот, но Ромелу Лукаку едноставно не игра како што се очекува од него.
Покрај тоа што постигна три гола од офсајд, пропушти шанси со кои можеше да ги реши натпреварите.
Белгија и Романија играат решавачки дуели со Украина и Словачка, и само победа ќе ги однесе во следната рунда.
Ова ќе биде прв меѓународен официјален натпревар за двете репрезентации, бидејќи никогаш не се сретнале во нивната фудбалска историја.