Свет
Кечијанг кремиран во Кина, граѓаните жалат за неговата смрт

Народниот премиер Ли Кечијанг беше кремиран во Кина, граѓаните жалат за неговата смрт.
Кина го спушти своето национално знаме на половина копје на плоштадот Тјенанмен во Пекинг поради изливот на тага и кремирањето на поранешниот премиер Ли Кечијанг, познат како народен премиер поради неговите реформи и грижата за обичните луѓе.
Ли, поранешен економист и прореформски лидер, кој беше премиер 10 години пред да се повлече во март, почина од срцев удар во Шангај минатиот петок. Имаше 68 години.
„Во спомен на другарот Ли Кечијанг знамињата беа спуштени на половина копје на плоштадот Тјенанмен во главниот град“, објавија државните медиуми.
Поранешниот претседател Ху Џинтао испрати венец за да изрази сочувство за смртта на Кечијанг, пренесува „Ксинхуа“.
Пораки за починатиот премиер ги преплавија платформите на социјалните мрежи додека кинеските граѓани тагуваат за неговата смрт. Многумина оддаваат почит и велат дека луѓето ќе се сеќаваат на Ли, а некои споделија фотографии и видеа од Ли од минатото со цитати од него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија и Украина за три дена разменија 1.000 затвореници

Русија и Украина ја завршија размената на по 1.000 затвореници, објавија руското Министерство за одбрана и украинскиот претседател Володимир Зеленски, а тоа е најголемата таква размена од почетокот на војната пред три години.
Тридневната размена почна во петокот, а во неа учествуваа главно воени заробеници и уште 120 цивили. Во неделата двете страни размениле 303 затвореници.
„Денес, воините на нашите вооружени сили, Националната гарда, Државната гранична стража и Државната специјална транспортна служба се враќаат дома“, напиша Зеленски на апликацијата „Телеграм“.
Размената е единствениот конкретен чекор кон мир што произлезе од првите директни разговори меѓу завојуваните страни по повеќе од три години. Преговорите се одржаа на 16 мај, кога двете страни не успеаја да се договорат за прекин на огнот.
Украина, САД и другите западни земји повикаа на триесетдневен прекин на огнот без предуслови за да се овозможи почеток на мировните преговори. Се верува дека стотици илјади војници се ранети или убиени од двете страни во најсмртоносниот конфликт во Европа од Втората светска војна, иако ниту една од страните не објави прецизни податоци за жртвите. Во конфликтот во кој руската страна жестоко ги бомбардираше украинските градови загинаа и десетици илјади украински цивили.
Во петокот, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека по завршувањето на размената, Москва ќе биде подготвена да и претстави нацрт-предлог на Украина за долгорочен мировен договор.
Руските сили синоќа истрелаа 367 беспилотни летала и ракети врз украинските градови, меѓу кои и главниот град Киев. Според информациите на украинските власти, во нападот загинаа најмалку 12 лица, а десетици беа ранети. Руското Министерство за одбрана објави дека нејзините единици за противвоздушна одбрана пресретнале или уништиле 95 украински беспилотни летала за само четири часа, а градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин изјави дека 12 украински беспилотни летала биле пресретнати на пат кон главниот град.
Регион
Се судрија два автобуса во Хрватска

На автопатот А1 во правец кон Загреб, кај излезот Вучевица кај Сплит, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два автобуси.
Пријавата во полиција ја добила околу 13 часот и 45 минути, а на местото на несреќата веднаш биле испратени екипи на Итна медицинска помош, полиција и пожарникари, јави „Далматински портал“, пренесе „Индекс“
Нема жртви, а на шест лица ќе им биде укажана лекарска помош во болнинца (сите лица се свесни), а на останатите на кои им е потребна помош ќе им биде укажана на местото на настанот, соопшти полицијата.
Сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
Во тек е увид, по што ќе бидат познати повеќе детали, како и информации за повредените лица.
Свет
Украина: Најмалку 12 загинати во руските напади со дрон, САД да извршат притисок

Најмалку 12 лица загинаа, а 60 се повредени во напади со руски беспилотни летала и ракети низ Украина, соопштија регионалните власти и службите за итни случаи.
Државната служба за вонредни состојби наведува дека меѓу загинатите има три деца во Житомир и еден маж на околу седумдесет години во јужниот град Миколаев.
Зеленски ги повика САД да извршат притисок врз Русија.
„Без навистина силен притисок врз руското раководство, оваа бруталност нема да престане. Во тоа секако можат да помогнат санкциите. Одлучноста сега е клучот – решителноста на САД, европските земји и сите оние ширум светот кои сакаат мир“, рече Зеленски.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта противвоздушната одбрана соборила вкупно 110 украински беспилотни летала над неколку региони низ земјата.