Забава
(Видео) Страда од синдром на вкочанета личност: Селин Дион, по долга пауза, се врати во јавноста
Светската популарна пејачка Селин Дион, по пет месеци се појави во јавноста и изгледа навистина добро, поради што сите мислат дека нашла терапија што ѝ помага.
Откако неколкупати ја одложуваше Courage World Tour поради болест, познатата пејачка со моќен глас, Селин Дион, донесе болна одлука да престане да настапува до понатамошно известување за да се посвети на закрепнувањето.
Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an
Селин се бори со болест што ги претвора луѓето во живи статуи додека постепено го заклучува телото во крути позиции. Станува збор за синдром на вкочанета личност, кој, според Националниот институт за здравје, е „ретко, прогресивно невролошко нарушување“, кое може да предизвика вкочанетост на мускулите во градите, рацете и на нозете.
Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an
Оваа болест погодува еден од милион луѓе, а иако нема лек, постојат третмани што може да го забават агресивниот напредок на болеста.
Таа се појави во арената во Лас Вегас за да го бодри својот хокеарски тим од родниот град, „Монтреал Канадиенс“, во натпреварот против „Златните витези“ на Вегас.
„Ви благодариме Селин Дион за вашата великодушност. Целиот тим е многу среќен што ве запознавме вас и вашето семејство“, напиша на „Инстаграм“ ПР-от на канадскиот тим, Шантал Машаби, кој објави и фотографии со пејачка.
Пејачката беше во друштво на синовите Рене Чарлс (22) и близнаците Еди и Нелсон (13), што ги има со покојниот сопруг Рене Анџелил.
На „Инстаграм“ се воодушевени од скромноста и едноставноста на Селин Дион, на која ѝ се восхитува и тренерот Мартин Сент Луис.
„Изгледаше многу добро, блескаше. Зборуваше, се шегуваше. Беше одлична вечер, беше навистина забавно. Бевме многу трогнати затоа што ја видовме таква – затоа што ја видовме здрава“, рече Шантал и додаде дека сите играчи се шокирале кога слушнале кој пристигнал. Иако не биле подготвени да се сретнат, не сакале да ја пропуштат можноста да ја запознаат Селин и биле импресионирани од неа, пишува Journaldequebec.com.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

