Економија
Ковачевски: Со новиот пат Подмоље – Струга – Ќафасан овозможуваме поинтензивна регионална соработка, економски раст и напредок
Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, заедно со првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и Ејуп Рустеми, директор на Јавното претпријатие за државни патишта, присуствуваше на пуштање во употреба на патниот правец Подмоље – Струга – Ќафасан.
Рехабилитацијата на државниот пат А2, односно делницата Подмоље – Струга – Ќафасан, чинеше речиси 8 милиони евра, премиерот Ковачевски истакна дека оваа делница е од исклучително значење за овој регион, особено за поттикнување на регионалната соработка, за нови можност за економски врски, културни размени и врски меѓу луѓето на Северна Македонија и Албанија.
„Делницата Подмоље – Струга – Ќафасан има големи економски предности, отвора можности за трговија и инвестиции, отворање нови работни места и подобрена транспортна инфраструктура, што крајно позитивно влијае врз поттикнување на економскиот раст на двете држави. Државниот пат А2 се поврзува и со Коридорот 8, што е од клучно значење за поврзување на нашата земја не само со регионот туку со геостратешката позиција на Коридор 8,овозможува Северна Македонија да стане неизбежна транспортна рута со европските земји“, рече Ковачевски.
Бочварски рече дека Министерството за транспорт и врски работи и на проект за рехабилитација на инфраструктурата на граничниот премин Ќафасан, како и поставување нов видеонадзор.
„Веќе активно се реализира и договорот за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10 д, кои ќе дадат комплетна нова слика во модерна и нова патна мрежа во земјата. Ова е најголемиот и најзначаен капитален проект и ние како Министерство заедно со ЈП за државни патишта сме силно концентрирани за навремена реализација и изградба и на овие автопатски делници. Европската иднина на земјата е загарантирана и затоа ни се потребни нови квалитетни патишта за еднаков развој на сите региони“, рече министерот.
Директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми, рече дека претпријатието ќе продолжи интензивно и посветено да работи на реализација на најголемиот инвестициски циклус во државата.
„Реализацијата на овој проект е пример дека може и треба да се гради според динамиката штопретходно е воспоставена, односно може и ќе се гради навремено, брзо и квалитетно“, рече Рустеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје
Автомобилските ентузијасти и претставниците на медиумите беа дел од извонредна вечер организирана од Porsche Center Skopje и Порше Македонија, на официјалното претставување на новиот Porsche 911. Настанот ја прослави еволуцијата на иконата, спојувајќи ги луксузот, иновациите и емоциите во ноќ за паметење.
На церемонијата на официјалното претставување беше презентирана најновата генерација на легендарниот Porsche 911, во Carrera 4 GTS изведба, отелотворувајќи совршен спој на безвременски дизајн и врвна технологија. Гостите беа почестени со ексклузивен прв поглед кон возилото со официјалното откривање, по што следуваше инспиративна презентација за компанијата и брендот од страна на генералниот директор на Порше Македонија и менаџерот на брендот Porsche.
Говорниците го истакнаа наследството на 911 како симбол за перформанси и софистицираност, притоа споделувајќи увид во неговите револуционерни карактеристики кои го креираат духот на извонредноста на Porsche.
„Porsche 911 не е само автомобил – тоа е изјава за страст, иновација и врвна изработка. Вечерва, воодушевени сме да им го претставиме најновото поглавје од ова трајно наследство на нашите лојални клиенти и ентузијасти на брендот Porsche во Македонија“, изјави г-дин Златко Муцунски – Генерален Директор на Порше Македонија.
„Новиот Porsche 911 го претставува врвот на автомобилскиот инженеринг и елеганција. Ја доловува суштината на она што значи да се вози Porsche – неспоредливи перформанси, дизајн и емоции. Возбудени сме да го споделиме ова неверојатно возило со Вас и да го доближиме искуството на Porsche до нашата заедница“ – изјави г-дин Винко Марашевиќ – Porsche Бренд Менаџер.
По свеченото претставување, атмосферата се префрли во вечер на забава, за која задолжен беше светски познатиот диџеј Махмут Орхан. Неговиот наелектризиран сет совршено ја надополни позитивната енергија на вечерта, создавајќи незаборавно искуство за сите присутни.
Настанот ја одразува посветеноста на Porsche да испорача не само исклучителни возила, туку и моменти кои остануваат во долго сеќавање.
ПР
Економија
Агенцијата за поддршка на претприемаштво го додели признанието за најдобар ментор за 2023 година
Во рамките на Европската недела на претприемаштво, Агенцијата за поддршка на претприемаштвото успешно го реализира настанот Mentor Awards 2023, кој се одржа како дел од активностите на програмата „Стандардизирани менторски услуги“.
Настанот поддржан од Јапонската агенција за меѓународна соработка – JICA имаше цел да ја истакне важноста на мисијата на менторите во унапредувањето на работењето на македонските мали и средни претпријатија.
Добитник на наградата за најуспешен ментор за 2023 година е Неби Јусуфи од Регионалниот центар во Тетово, кој се истакна со својата експертиза, посветеност и позитивно влијание врз корисниците и со својата работа постигна значајни резултати. Најдобриот ментор за минатата година го избра жири составено од ментори.
На настанот менторите од шесте регионални центри имаа можност да презентираат по еден значаен пример на спроведена менторска услуга во нивниот регион. Во рамките на Mentor Awards 2023, во согласност со методологијата за спроведување стандардизирани менторски услуги во мали и средни претпријатија за периодот 2024 – 2029, Агенцијата ѝ додели овластување за инструктор за обука во пракса на Евгенија Лисичова, а на Никола Димковски (комуникациски вештини) и Тони Цветановски (управување со човечки ресурси) им додели овластување за обучувачи за теоретска настава.
Овие овластувања претставуваат важен чекор во создавањето на генерација квалификувани обучувачи, кои ќе го пренесуваат знаењето и искуството за унапредување на претприемништвото во земјата. Настанот ја потврди важноста на менторството како клучен фактор за успехот на македонските компании. Менторите, преку спроведување на стандардизираните менторски услуги, го ставија во функција своето долгогодишно знаење, обезбедувајќи насоки за развој, раст и одржливост на корисниците на овие услуги.
Претходниот ден, тим од Агенцијата за поддршка на претприемништвото предводен од в.д директорката Даниела Димовска оствари плодна средба со претставници на невладини организации кои работат во областа на економијата, претприемништвото и иновациите. Беа разменети мислења и идеи и беа поставени основи за идна соработка и за поддршка и развој на претприемничките иницијативи.
Покрај тоа, во текот на Европската недела на претприемништвото, Агенцијата реализираше низа активности со цел да го истакне значењето на претприемништвото и да обезбеди поддршка за младите и бизнис заедницата. Беа спроведени посети во средните училишта „Орце Николов“, „Арсени Јовков“ и „Лазар Танев“, при што учениците имаа можност да се запознаат со основните принципи на претприемништвото и програмите и мерките кои ги нуди Агенцијата, а беа организирани и работилници за поддршка на младите претприемачи, каде што беа презентирани успешни претприемачки модели и стратегии.
Како дел од одбележувањето, претставници од Агенцијата ги посетија и фирмите „Винарија чифлик“ од Битола и СВАРОГ од Прилеп, компании кои се и корисници на мерката менторство што ја спроведува Агенцијата со цел да ја истакнат важноста на поддршката за мали и средни претпријатија и да ги охрабрат во нивниот понатамошен развој.
Со овие активности АППРМ потврди дека е клучен партнер во развојот на претприемаштвото во земјата обезбедувајќи платформа за инспирација, поддршка и промоција на нови иницијативи, кои ќе ја зајакнат економијата и ќе ја подготват следната генерација успешни претприемачи.
Економија
Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот
Еврото денеска падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот откако најновите податоци покажаа дека деловната активност во еврозоната нагло паднала во ноември.
Според податоците на берзата, европската заедничка валута во еден момент се тргуваше по 1,0399 долари, што е најниска вредност од декември 2022 година, пренесува CNN (CNBC).
Глобалната агенција S&P објави дека композитниот индекс во еврозоната паднал од октомвриските 50 поени на 48,1 поени.