Црна хроника
Возеле без сопирачки, без возачка: акциска контрола во Тетово
Денеска, во периодот од 8 до 12 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола во која биле откриени, санкционирани и исклучени од сообраќај вкупно 12 технички неисправни возила, од кои 11 имале неисправни сопирачки (ТЕ – 7 и ГВ – 4) и 1 (ГВ) неисправни пневматици, а 1 возило (ТЕ) било со неатестирани фолии на стаклата.
Покрај ова, санкционирани се и 1 (ТЕ) лице, кое го управувало возилото без положен возачки испит, 1 (ТЕ) возач со важечка забрана за управување и 2 (ТЕ) возачи, кои со себе не носеле возачки дозволи.
При контролата исто така санкционирани се и 7 други вида сообраќајни прекршоци (ТЕ – 6 и ГВ – 1).
Секторот за внатрешни работи Тетово со совет до возачите навреме да ја проверуваат техничката исправност на возилата. СВР Тетово исто така апелира до возачите да не седнуваат зад управувачот без положен возачки испит, но и да ја приспособат брзината според условите на патот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

