Контакт

Македонија

Тројца македонски државјани вчера безбедно ја напуштија Газа, соопшти МНР

Објавено пред

МНР информира дека во текот на вчерашниот ден, тројца државјани на Република Северна Македонија (татко и две деца), безбедно ја напуштија Газа и во придружба на вршителот на работи во нашата Амбасада во Каиро, Елма Алторок беа упатени кон египетскиот главен град, а од таму кон Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Со нив, преку Рафах се евакуираше и мајката на децата, која има палестинска патна исправа.

Во Газа, според МНР, има уште двајца наши граѓани, брачен пар, кои се исто така вклучени во официјалните листи за евакуација, но нивното напуштање на Газа зависи од околностите на терен, односно безбедносната проценка кој дел од Газа е најпогоден, а со тоа и потребата за итна евакуација на странските државјани.

Министерството за надворешни работи преку својата дипломатска мрежа во Кајро и Тел Авив останува во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани до завршување на целосното евакуирање на нашите граѓани, информираат од оваа институција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Тошковски од Охрид: Поголема контрола на водниот појас, зголемена е безбедноста на туристите

Објавено пред

Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Охрид, Регионалниот центар за гранични работи Запад и Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“.

dobivaj vesti na viber

Притоа ги посети на терен и полициските службеници од СВР Охрид кои патролираат со велосипеди низ градот, како и српските полициски службеници кои и оваа година учествуваат во заеднички патроли во текот на туристичката сезона.

„Во пикот на летната сезона, кога бројот на туристи и возила е драстично зголемен, МВР презема координирани мерки и динамички го адаптира полициското присуство. Во СВР Охрид веќе функционира засилен состав, преку распоредување на полициски службеници и од други сектори, што придонесува за ефикасна покриеност на целиот регион и зачувување на стабилната безбедносна состојба.

Во делот на граничното управување, РЦ за ГР Запад бележи континуирано подобрување на оперативната ефикасност. Податоците покажуваат позитивен тренд во откривање кривични дела, подобра организација на протокот на патници и одржување на стабилен ритам на граничниот сообраќај дури и во најоптоварените часови“, истакна министерот Тошковски, додавајќи дека Охридското Езеро годинава е покриено со значително повисок степен на полициско присуство.

„Обезбедена е поголема контрола на водниот појас, зголемена е безбедноста на туристите, а резултатите од контролните активности покажуваат подобри ефекти од претходните сезони. Видливоста на полицијата во градското подрачје е исто така засилена. Патролите на велосипед, веќе препознатлив белег на СВР Охрид, придонесуваат за побрзо реагирање, директна комуникација со граѓаните и чувство на поголема сигурност во јавниот простор. Присуството на српските полициски службеници, како дел од мешовитите патроли и годинава се потврдува како успешна пракса што позитивно влијае врз перцепцијата на безбедност кај туристите. Иако е зголемено присуството и делувањето на сообраќајната полиција, сепак бројот на жртви во сообраќајни незгоди покажува дека безбедноста во сообраќајот бара посистемски пристап, со силен акцент на превентивни, едукативни и инфраструктурни мерки“, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заклучувајќи дека МВР функционира со зголемена ефикасност, подобра координација и подготвеност да одговори на зголемените предизвици, резултатите се видливи, напредокот е реален, обврска што продолжуваме да ја исполнуваме професионално, посветено и со јасна цел за создавање побезбедна држава.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нормализиран сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка

Објавено пред

Од 15:00 часот сообраќајот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, е нормализиран, објави АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Претхиодно денеска, беше соопштено дека сообраќајот на тој пат е прекинат поради сообраќајна несреќа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Законот за верските училишта отвора многубројни нејасности и институционални проблеми

Објавено пред

СДСМ изразува сериозна загриженост по однос на предлог-законот со кој верските училишта добиваат статус на средни училишта, а нивните дипломи стануваат признати за запишување на високо образование. Иако не поднесовме амандмани, оценивме дека во предлог-законот постојат повеќе суштински нејаснотии и недоречености, кои може да отворат нови правни и институционални проблеми, рече пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, на денешната седница на Комисија за образование, наука и спорт.

dobivaj vesti na viber

Костадиновска посочи дека законот влегува во Собранието без јавна дебата, а граѓаните имаат право да знаат кои образовни модели ќе бидат легитимирани под државна капа. Тука се отвора прашањето за секуларноста и финансиската контрола на ваквите училишта.

– Иако државата формално не ги финансира овие училишта, загрижува отсуството на механизми за контрола и увид во финансирањето и содржините што ќе се изведуваат. Тоа отвора простор за непознати влијанија и непрегледност во функционирањето на овие образовни институции, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа укажа и на фактот дека засега има отсуство на јасни критериуми за образовната содржина и според достапните информации, наставата во богословските и исламските училишта вклучува верски предмети изведувани од свештени лица, додека основните образовни и педагошки дисциплини се минимално застапени или нејасно дефинирани. Оттука, се поставува прашањето: дали овие ученици ќе имаат адекватна подготовка за да продолжат кон наставнички или други стручни факултети?

– Уставниот поредок мора да се почитува. Република Македонија е секуларна држава. Според амандманот 7 од Уставот државата мора да биде неутрална во однос на религијата, а верските заедници и државата се одвоени. Секоја легислатива што го доведува овој принцип во прашање мора да се разгледа со особена претпазливост. Автономијата на верските заедници е загарантирана, но со влезот на овие училишта под државна капа, тие мора да ги следат државните образовни стандарди и критериуми, констатираше пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион12 минути

Пожари беснеат на Балканот: илјадници се евакуирани, гори и во близина на популарна туристичка дестинација во Албанија

Пожарникарите денес се обидуваат да изгаснат шумски пожари во три одделни покраини во Турција, Грција, во близина на туристичка дестинација...

Свет2 часа

Трамп: „Многу сум разочаран од Путин, ќе го скратам рокот од 50 дена“

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во Шкотска изјави дека ја разгледува можноста за скратување на рокот од 50 дена што...

Македонија3 часа

И јас ќе ги прашам Фетаи и Меџити дали користеле службени возила за приватни или партиски цели, вели Мицкоски

Десет дена по медиумските објави, во кои се гледаат службени возила на вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи нешто пред...

Македонија4 часа

Мицкоски за интерпелацијата на Коцевски: Јас не ги менувам ставовите преку ноќ

На еден ден пред расправата за интерпелацијата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата Левица, премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија8 часа

Споменик на Андон Лазов Јанев-Ќосето поставен на кружниот тек во Автокоманда

Споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој беше отстранет од пред комплексот судови, е поставен на кружниот тек во...

Спорт9 часа

(Видео) Македонски судија нападнат на кадетското Европско првенство во бокс

Извор и фото/ b92.net Заврши Европското првенство за кадети и кадетки (ученици на возраст од 13 и 14 години), кое...

Македонија9 часа

Во изминатото деноноќие имало 51 пожар во Македонија, денеска активни осум

Во текот на изминатото деноноќие, 27/28.07, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар, од кои осум се...

Свет10 часа

Рубио: Трамп го губи трпението со Путин, размислува за драстични мерки

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е сè повеќе фрустриран од недостатокот на напредок на Русија кон мировниот договор и сега...

Регион10 часа

Вучиќ: Србија нема да воведе санкции против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и дека ќе се држи до...

Свет10 часа

САД и ЕУ постигнаа договор за царините

Соединетите Американски Држави и Европската Унија постигнаа рамковен трговски договор, објавија американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија,...

Македонија19 часа

Паника во Катланово и Петровец поради голем пожар, Ангелов смирува дека нема опасност да се запали бензинската

Попладново пожар изби и помеѓу Катланово и Петровец. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вечерва во видео-изјава...

Македонија22 часа

И војниците на АРМ ќе се вклучат во гаснење на пожарот во кривопаланечкото село Нерав

Пожарот во кривопаланечкото село Нерав уште е активен, на терен се повеќе екипи на територијалните противпожарни единици од Крива Паланка...

Топ23 часа

Силувани деца на возраст од 3 и 10 години во Гостивар, мајката ги снимила и видеото го пратила на таткото

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека...

Македонија1 ден

Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор

До 13:30 часот на 27 јули 2025 година, на територијата на државата се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор,...

Македонија1 ден

Хеликоптерска акција во Штип: Полициски службеници спасија повреден војник од борбата со пожарот

Во време кога летните горештини го зголемуваат ризикот од пожари, а бројот на активни огнени жаришта се зголемува ширум државата,...

Македонија1 ден

Шумскиот пожар во Крива Паланка се шири кон куќите, екипите се на терен

Шумскиот пожар што од вчера напладне зафати над 50 хектари борова шума во кривопаланечкото село Нерав, според информациите од Општина...

Uncategorized1 ден

Пожарникарите неуморно и секојдневно на терен, во едно деноноќие се гасеа 33 пожари

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се...

Регион1 ден

Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките...

Македонија1 ден

Чекање до 45 минути на Табановце и Пелинце, а на Богородица околу 30 минути

Со зголемувањето на летните одмори и интензивните туристички патувања, на македонските гранични премини повторно се бележат големи гужви. Најголемиот притисок...

Свет2 дена

Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации....