Свет
„Ројтерс“: Илјадници прекугранични работници вратени од Израел во Појасот Газа

Илјадници прекугранични работници од Појасот Газа, кои работат во Израел и окупираниот Западен Брег, денеска се вратени во палестинската енклава, изјавија очевидци за „Ројтерс“.
Некои од палестинските работници од Појасот Газа се вратија преку преминот Керем Шалом, кој се наоѓа источно од граничниот премин Рафа, меѓу палестинската енклава и Египет, изјавија очевидци, пренесува медиумот.
Израел претходно објави дека ги прекинува сите контакти со Газа и дека повеќе нема да има палестински работници, како и дека сите ќе бидат вратени во енклавата, пренесе „Ал џезира“.
Кога палестинската милитантна група Хамас го нападна јужен Израел на 7 октомври, приближно 18.500 жители на Газа имаа израелски дозволи да работат надвор од опколениот Појас, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
„Шпионирала за Киев, планирала да труе војници“: Русите уапсија готвачка на Крим

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија објави дека уапсила 45-годишна Русинка, главен готвач во ресторан во Севастопол, на Крим, под сомнение за шпионажа за Украина и план за труење руски војници, објави „Киев пост“.
Неименуваната жена, која е во притвор, е обвинета дека работела за Главната дирекција за разузнавање на Украина (ХУР) во последните две години. ФСБ тврди дека таа ги понудила своите услуги на украинската разузнавачка служба уште во септември 2023 година.
Таа наводно користела „Воцап“ за да споделува информации со своите врски за локациите и за рутите на рускиот воен персонал и опрема во Севастопол, поранешното главно пристаниште на руската Црноморска флота. ФСБ конкретно тврди дека таа фотографирала бродови на Црноморската флота стационирани во Севастополскиот Залив, кои подоцна биле користени од украинските вооружени сили за планирање ракетни напади.
Таа е обвинета и за план за труење припадници на руските специјални сили, кои го посетувале ресторанот во кој работела.
Кримскиот одред на ФСБ соопшти дека жената е обвинета за велепредавство според член 275 од Рускиот кривичен законик додавајќи дека истрагата за нејзините криминални активности е во тек. Во соопштението за медиумите на ФСБ се наведува дека ова е уште еден пример за тоа како „украинските специјални служби ја дестабилизираат општествено-политичката ситуација и предизвикуваат економска штета на државата со активно регрутирање сторители на саботажи и терористички напади“.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Општа тепачка на свадба во Србија: гостинка ја удри невестата, возврати младоженецот

Свадбена прослава во Горњи Милановац се претвори во вистинска драма кога избувна масовна тепачка меѓу гостите.
Според порталот „192.рс“, инцидентот почнал кога гостинка на свадбата, од причини што засега се непознати, физички ја нападнала невестата и ја удрила.
Потоа реагирал младоженецот обидувајќи се да ја заштити својата сопруга, а конфликтот набргу се проширил и на другите гости.
View this post on Instagram
Според снимката, во салата владеел целосен хаос, а некои од присутните се обидувале да ја смират ситуацијата.
фото: принтскрин
Регион
Дојава за бомба на имотот на Милорад Додик

Утрово, во Бања Лука е примена пријава за поставена бомба на имотот на Милорад Додик, поранешниот претседател на Република Српска.
Според Радио Сараево, полицијата веднаш излегла на местото на настанот и спроведува контрадиверзиска инспекција на имотот.
Претходно наутро, примена е и пријава за бомба во хотелот „Палас“ во Бања Лука. Министерството за внатрешни работи на РС извршило увид и утврдило дека станува збор за лажна пријава.
фото: принтскрин