Спорт
Ферстапен побрз од бурата – Холанѓанеџот на пол-позицијата во Интерлагос

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ќе стартува од пол-позицијата на Големата награда на Бразил, 21-та трка во сезоната во Формула 1.
Холанѓанецот ја освои својата 11-та пол-позиција годинава и 31-ва во кариерата во Интерлагос со круг од 1:10.727 минути кој го постави пред бурата да го погоди Сао Паоло.
Најблиску до трикратниот светски шампион беше Шарл Леклер во Ферари со три десетинки заостанување, додека трет беше возачот на Астон Мартин Ленс Строл.
Временските услови најпрвин доведоа до одложување на почетокот на квалификациите за 15 минути, а потоа заканата од дожд беше присутна цело време.
Вистинска бура пристигна на „Интерлагос“ по три-четири минути од последниот дел од квалификациите, а Ферстапен и Леклер успеаја да постават времиња пред капикте дожд да почната да паѓаа на патеката.
Единствениот возач кој не постави брз круг беше Оскар Пјастри во Мекларен, кој имаше извртување кога почна дождот. Седум минути по стартот се крена црвеното знаме и беше јасно дека квалификациите нема да продолжат.
По Ферстапен следеа Леклерк и Стол, најдобар меѓу останатите беше двократниот светски шампион Фернандо Алонсо. Петтото место го зазеде Луис Хамилтон во Мерцедес, пред тимскиот колега Џорџ Расел и возачот на Мекларен Ландо Норис. Топ 10 го комплетираа Карлос Саинц Јуниор во Ферари, вториот возач на Ред Бул Серхио Перез и Оскар Пјастри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Драма до последен миг: Пелистер славеше над Вардар со 32-30

Големата битка за титулата во плеј-офот заврши со триумф на Пелистер, кој славеше со 32-30 против Вардар во неизвесен и драматичен натпревар. Битолчани ја освоија својата деветта титула и трета по ред, предводени од Кузмановски со седум гола, додека Борозан од Вардар реализираше осум, но промаши клучен пенал во финишот.
Вардар имаше водство со пет гола разлика во првиот дел. Сепак, Пелистер се врати во игра и на полувреме резултатот беше 17-15 за Вардар. Во второто полувреме, двете екипи разменуваа голови, а драмата кулминираше во последните минути, кога Вардар имаше шанса за израмнување, но промаши пенал. Пелистер ја искористи грешката и го потврди триумфот.
Спорт
Гоф ја „сврти“ Сабаленка за титулата на Ролан Гарос

Американската тенисерка Коко Гоф го освои Ролан Гарос, победувајќи ја Арина Сабаленкa во финалето.
Гоф ја освои втората Гренд слем титула во кариерата по пресврт – 6:7 (5), 6:2, 6:4.
Таа го имаше своето деби на Отвореното првенство на САД во 2023 година, кога го доби финалето над Белорусинката. Тој сега има скор од 6 победи и 5 порази.
Гоф играше и во финалето на Ролан Гарос во 2022 година, но тогаш немаше шанси против Ига Швионтек, четирикратната шампионка.
Спорт
Марк Маркез ја освои пол позицијата во Арагон

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на спринт трката што се одржа во рамките на Големата награда на Арагон, осмата рунда од овогодинешното првенство на Мото ГП.
Осумкратниот светски шампион ја постигна својата седма победа во спринтот оваа сезона на патеката Арагон, а се врати на највисокото скалило на победничкиот подиум откако беше престигнат од неговиот помлад брат Алекс пред две недели во Силверстоун.
Алекс беше главниот конкурент на постариот Маркез во Арагон, но нивната борба не траеше долго и возачот на Гресини мораше да се задоволи со второто место, околу две секунди зад својот брат. На третото скалило на подиумот беше Фермин Алдегер, соиграч на помладиот Маркез, кој беше околу две секунди понапред.
Акцијата на патеката „Моторленд“ продолжува во недела од 11 часот, а трката во кралската класа е на програмата од 14 часот.