Топ
Кај малолетничка од Мала Речица пронајдени марихуана и друга дрога
Вчера ноќта во 23.05 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетничка од с.Мала Речица, тетовско, поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.
Малку подоцна, во координација со ОЈО Тетово бил извршен претрес во нејзиниот дом, при што била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи во полициска станица бил извршен службен разговор со малолетничката и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Собранието го донесе Законот за енергетика со кој ќе се спречи поскапување на струјата
Со 84 гласа ЗА, и ниту еден против и воздржан, Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика што го најави ВМРО-ДПМНЕ, за да се спречи зголемување на цената на струјата.
Пратениците на СДСМ претходно најавија дека ќе го поддржат законот, посочувајќи дека тој е продолжение на добрите политики на минатата влада.
Од Левица реагираа за овој Закон, но на крајот немаше гласови против.
Претседателот на Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е и еден од предлагачите на законското решение, посочи дека измените се многу суштински, но се прилично едноставни, поради што законот е поднесен по скратена постапка.
Регион
(Видео) Пожар на Халкидики, засега не се загрозени населените места
Пожарите веќе со денови беснеат низ цела Грција, а како што објави порталот „Прототома“, денеска избувнале пожари на Халкидики и Полигирос. На помош на пожарникарите дошле и хеликоптери.
View this post on Instagram
На терен се вкупно 22 пожарникари, еден хеликоптер и девет возила на итната пожарна служба. Засега пожарот не ги загрозува населените места.
Исто така, голем пожар избувна во близина на Патра на Пелопонез. Нема жртви.
Топ
Осуденик во затворот „Идризово“ до смрт претепал друг затвореник: ОЈО нареди истрага за случајот
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, осуденик на издржување казна затвор во КПУ „Затвор Идризово“ – Скопје, на 31 мај тешко телесно повредил друг осуденик.
Физички го нападнал во затворот со тупаници и клоци, а од нанесените тешки повреди оштетениот починал на 22 јуни.
Бидејќи постојат околности што укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и опасност тој да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.