Македонија
Герасимовски: Ги покануваме граѓаните на буџетски форуми заедно да го унапредиме животот во Центар
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со општинската администрација, ги поканува граѓаните на расправа за буџетските форуми за 2024 година, која ќе се одржи в среда, 8 ноември, во ОOУ „Ј. Х. Песталоци“ од 18 ч. Овие форуми овозможуваат граѓанско партиципативно учество во креирањето и реализацијата на општинските програми и стратешките планови.
„Ги покануваме граѓаните да земат учество на граѓанските форуми со цел заеднички да ги креираме програмите и проектите со што ќе придонесеме за поквалитетен живот за сите нас. За нас, особено е важен нивниот придонес, како и нивните потреби. Затоа е важно да продискутираме и да добиеме предлози, да ги слушнеме секторите и некои од овие предлози да ги преточиме во проекти и ги планираме во буџетот за следната година“, вели Герасимовски.
На овие буџетски форуми градоначалникот Герасимовски ќе ги претстави капиталните проекти за следната година и проектите на кои општинската администрација работеше во изминатите две години. Општина Центар продолжува да гради блиски и лични средби со граѓаните, со цел граѓаните да добијат проекти, кои ќе им го подобрат животот во населбите во кои живеат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

