Македонија
Одбраната во случајот ТНТ побара одбивателна пресуда поради застареност на делото
Одбивателна пресуда поради апсолутна застареност на делото ТНТ побара одбраната во случајот.
По денешната седница на Апелација, Еленко Миланов, адвокат на ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, посочи дека постои апсолутна застареност од кривично гонење.
„Врз основа на решението за исправка на првостепенеата пресуда побаравме јавна пресуда по која Апелациониот суд мораше да одржи седница. Побаравме судот да утврди во согласност со измените на предлог од жалбата со која се бараше да се укине првостепената пресудата и тоа го преиначивме, со тоа што побаравме во согласност со ЗКП да се утврди апсолутна застареност во однос на сите обвинети, а тоа го побара и застапникот на обвинението“, рече Миланов.
Во првостепената пресуда девет години затвор доби експремиерот Никола Груевски, три години поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и четири години поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, за рушењето на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски во 2012 година. Во случајот затворска казна од четири години доби и тогашната градежна инспекторка Елизавета Најдовска, а три службени лица од Општината добија ослободителна пресуда. Сите се товареа за злоупотреба на службената положба и овластувањата.
Сопственикот на компанијата ФИНЕ, Фијат Цаноски, вчера, на прес-конференција обвини за судски преседан во Апелациониот суд и тврдеше дека се подготвува застареност на предметот ТНТ, со што компанијата нема да ја добие оштетата од 11 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

