Свет
(Видео) Палестинскиот премиер се расплака за време на состанокот на владата
Палестинскиот премиер Мохамед Штајех се расплака за време на состанокот на кабинетот на палестинските власти додека ја раскажуваше приказната за мајката чии деца биле затрупани под урнатините на Газа.
Израелската армија веќе еден месец жестоко бомбардира цели во Газа со цел да се одмазди за нападот на милитантите на Хамас.
„Децата пишуваат имиња на нивните тела за да може да се идентификуваат телата. Мајката на трите деца што се затрупани под урнатините им вели на своите деца: „Дајте да ве видам, дури и на сон“, рече Штајех и се расплака.
Palestinian Prime Minister Mohammed Shtayyeh broke down in tears during the opening session of the Palestinian authority cabinet’s meeting in Occupied west bank of Ramallah He spoke about children killed by Israeli air strikes. #FreePalestineNow #CeaseFire pic.twitter.com/8faZfTpXsG
— Mehro🇵🇸 (@mehrobangash15) November 6, 2023
„Израелскиот министер не беше задоволен со 10.000 мртви, повеќе од 25.000 ранети и милион раселени. Сакаше да ја види Хирошима во Газа. Сакаше да види геноцид извршен со нуклеарна бомба што Израел ја поседува. Крвожеден сака да убие заради убиство“, продолжи тој.
„Меѓународниот кривичен суд сега мора да издаде налог за апсење на криминалците како чекор на претпазливост за да се запре машината за убивање. Ги поздравувам земјите што ќе поднесат барања до судот за кривично гонење на криминалците. Од луѓето со совест и бранители на човечките вредности се бара брзо да дејствуваат за да се запре агресијата што го претвори Појасот Газа во крвен појас“, рече тој.
Откако ги отфрли повиците за прекин на огнот, Израел е под постојан притисок да се обиде да избегне цивилни жртви за време на воените операции. Газа е едно од најгусто населените места во светот, каде што милитантите на Хамас се мешаат со цивилното население.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина, но без учество на Киев. Тој тоа го изјави на брифинг за новинари вчера, во време на засилени дипломатски активности насочени кон завршување на војната, при што веќе следната недела се очекува можено продолжение на трилатералните преговори помеѓу Украина, САД и Русија, веројатно на американска територија, пишува „Киев индипендент“.
„Со оглед на потенцијалните ризици, украинската делегација го пренесе ставот дека, ако и дојде до билатерални договори меѓу Русија и САД, одредбите што се однесуваат на Украина не смеат да бидат во спротивност со нашиот устав“, рече Зеленски, алудирајќи на територијални прашања.
Тој нагласи дека Киев добива сигнали за можно потпишување на билатерални документи помеѓу Вашингтон и Москва, вклучувајќи ги и оние за економска соработка.
Зеленски додаде дека Украина нема целосен увид во сите можни деловни аранжмани, но дека некои детали протекле низ разузнавачките канали. Како пример тој го наведе таканаречениот „Дмитриев пакет“, кој во САД наводно го претставил рускиот преговарач Кирил Дмитриев.
„Разузнавачите ми го покажаа таканаречениот ‚Дмитриев пакет‘ претставен во САД – вреди околу 12 трилиони долари“, рече Зеленски, опишувајќи го како предлог за обемна економска соработка меѓу двете земји. Тој додаде дека Киев забележал и знаци дека потенцијалните американско-руски документи можат да содржат одредби кои се однесуваат на Украина.
„Јасно велиме дека Украина нема да поддржи никакви договори за нас без нас“, заклучи тој.
Свет
Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање
Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното депортирање во последните месеци било засновано на „лаги, измами и притисоци“, јавија американските медиуми . Со наредба е утврдено дека на депортираните семејства требало да им биде дозволено да останат во САД, согласно правен договор кој го регулирал одвојувањето на околу 6.000 деца од родителите на границата во 2018 година. Секоја мајка имала дозвола да остане во САД до 2027 година со хуманитарна виза.Судијката на американскиот окружен суд во Сан Диего, Дана Сабрау, наведе дека администрацијата на Доналд Трамп, исто така мора да ги плати трошоците за нивното враќање.
Една жена со три деца, вклучувајќи и шестгодишен американски државјанин, беше депортирана во Хондурас во јули, откако ѝ беше наредено да се пријавува најмалку 11 пати во Службата за имиграција и царина (ICE) за време на два месеца, поради што, како што рече, ја загубила работата.
Сабрау го одби аргументот на Владата дека семејството доброволно ги напуштило САД. Жената рече дека службениците на Службата ја посетиле дома и ѝ побарале да потпише документ со кој се согласува на заминување, но таа одбила.
Другите две семејства, идентификувани само со иницијали, биле депортирани под слични околности.
Во рамките на политиката на „нула толеранција“, родителите се разделувале од децата за да бидат кривично гонети кога нелегално ја преминуваат границата. Судијката Сабрау во јуни 2018 година нареди прекин на разделувањето, неколку дена откако Трамп сам го запре по силен меѓународен притисок. Договорот забранува применувањето таква политика до 2031 година.
Свет
Нов инцидент во Полска: дрон падна во близина на воена база
Нов инцидент поврзан со беспилотно летало е регистриран денес во Полска. Како што објавија локалните власти, мал дрон паднал во областа на воена база во централна Полска. Комерцијално достапен модел се урна во Лоѓ откако се заплетка во дрво.
Според информациите од воената полиција, не е регистрирана никаква штета. Властите брзо го идентификуваа и приведоа осомничениот оператор, 22-годишен полски државјанин, и го обвинија за кршење на прописите за воздухопловство. Имено, управувањето со беспилотни летала во близина на воен објект може да резултира со затворска казна до пет години, а истрагата е во тек. Сличен инцидент се случи на 28 јануари кога мал дрон падна врз воена база во Пжасниш, според „Киев Индепендент“.
Претходните видувања на беспилотни летала во неколку европски земји предизвикаа прекини во воздушниот сообраќај, додека стравувањата од ескалација на руската хибридна војна растат. Полска, членка на НАТО, е во состојба на висока готовност од септември кога неколку руски беспилотни летала беа соборени над нејзина територија за време на напад врз Украина.
Инцидентот следеше по нарушувањата на воздушниот простор на балтичките сојузници на НАТО од страна на руски борбени авиони, како и по сомнителните видувања на беспилотни летала над европските аеродроми и други стратешки цели. Некои западни лидери повикаа на порешителен и покоординиран одговор, вклучително и соборување на беспилотните летала кога е потребно.

