Свет
Поранешниот премиер на Израел: Имаме само неколку недели да го победиме Хамас бидејќи светот се врти против нас
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху можеби се подготвува за долга и тешка војна, но поранешниот премиер Ехуд Барак стравува дека на Израел му преостануваат само уште неколку недели да го елиминира Хамас бидејќи јавното мислење, пред сè, американското, бргу се свртува против неговите акции во Газа.
Во ексклузивното интервју за „Политико“ поранешниот премиер од 1999 до 2001 година и лидер на израелските одбранбени сили (ИДФ) од 2007 до 2013 година исто така посочи дека мултинационалните арапски сили би можеле да ја преземат контролата врз Газа по воената кампања за да помогнат во враќање на палестинската управа на Махмуд Абас преземајќи ја власта на Хамас од 2006 година. Сепак, дури и со оваа промена во политичкиот поредок во Газа, Барак нагласи дека враќањето на дипломатијата насочена кон создавање палестинска држава е многу далечна перспектива.
„Арапските лидери мора да бидат способни да им кажат на своите народи дека нешто се менува и дека се отвора ново поглавје, во кое има искрени напори од сите страни за смирување на конфликтот. Но, тие треба да слушнат дека Израел е способен да размислува во смисла на промена на насоката, како во последните години“, рече Барак и продолжи:
„Ова не значи дека Израел треба или може да брза да ги оживее преговорите за решение со две држави, предупреди тој. Враќањето во деновите кога преговарав со Јасер Арафат можеби нема да бидат можни долго време. Историјата не се повторува. Така што, мислам дека такво нешто не може да се повтори. Но, како што велеше Марк Твен, историјата може да се римува. Ќе биде потребно време. Довербата од сите страни исчезна, а недовербата само се продлабочи“.
Но, нешто ќе мора да се случи многу бргу во напорите на Израел бидејќи, како што истакна, реториката на американските претставници се промени во последните денови и се почести се повиците за примирје, како и предупредувањата за хуманитарна криза во Газа.
„Америка не може да му диктира на Израел што да прави. Но, не можеме да го игнорираме. Ќе треба да се помириме со американските барања во следните две или три недели, веројатно помалку“, рече тој мислејќи на улогата на Вашингтон како главен гарант за безбедноста на Израел.
Барак додаде дека ќе бидат потребни месеци или дури години за да се искорени Хамас, главната воена цел поставена од израелскиот премиер Нетанјаху и неговиот воен кабинет.
„Западната поддршка опаѓа поради бројот на цивилни жртви во Газа и стравот дека израелскиот одговор предизвикува многу поширока и уште покатастрофална војна во регионот. Западните нации се исто така загрижени за своите граѓани меѓу 242 заложници што ги држеше Хамас во Газа“, истакнува тој и додава:
„Го губиме јавното мислење во Европа и за една-две недели ќе почнеме да губиме влади во Европа. И набргу тензиите со Американците ќе излезат на површина“.
Само минатата недела американскиот претседател Џо Бајден ја нагласи потребата од хуманитарна пауза, што е сосема спротивно на реториката по 7 октомври кога не беше доведен во прашање израелскиот одговор на терористичкиот напад.
Исто така, американскиот државен секретар Антони Блинкен во својата четврта посета на Израел првпат доследно ја истакна важноста од заштита на цивилите во Газа, како и ослободување на хуманитарна помош во поголем обем во таа област. Нетанјаху го отфрли ова и предизвика дополнителни тензии, што, според Барак, не е охрабрувачки да се прави со најголемиот и најважен сојузник.
„Потресот од нападот беше огромен. Тоа беше невиден настан во нашата историја и веднаш беше јасно дека мора да има силна реакција. Не да се одмазди, туку никогаш да не дозволи да се повтори. Дури и ако воената кампања не ја постигне крајната цел за целосно уништување на Хамас, палестинската група поддржана од Иран ќе биде сериозно оштетена. По тоа, ќе биде важно да се спречи повторно да се основа слична група“, заклучува Ехуд Барак за „Политико“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран прогласи тридневна национална жалост во чест на загинатите во протестите
Владата на Иран соопшти дека воведува тридневна национална жалост во знак на почит кон лицата кои загинале во, како што ја нарекува, „битката на националниот отпор“ поврзана со актуелните протести, пренесе агенцијата Тасним.
Според извештајот, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан е „длабоко потресен“ од загубата на човечки животи и ги повикал граѓаните да се приклучат на Маршот на националниот отпор, кој треба да се одржи утре, повикувајќи се на соопштение емитувано на државната телевизија.
Засега не е познато каде точно ќе се одржи најавениот марш.
Претходно, државните медиуми објавија дека во понеделник се очекува одржување на „национални собири“ низ целата земја, со цел осуда на тековните протести.
Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и 48 припадници на иранските безбедносни сили.
Досега се извршени околу 10.000 апсења.
Иранските власти уапсиле клучни членови на протестното движење што ја потресе земјата во последните две недели, изјави шефот на националната полиција.
„Минатата ноќ беа уапсени значајни лица од главните елементи на немирите, кои, ако Бог сака, ќе бидат казнети по правните процедури“, изјави шефот на полицијата, Ахмад-Реза Радан, за државната телевизија, без да прецизира колку лица се уапсени.
Иранскиот главен обвинител претходно кажа дека оние кои се фатени како протестираат или помагаат на демонстрантите може да бидат обвинети за „непријател на Бог“, што се казнува со смртна казна.
Протестното движење во Иран е најголемото незадоволство што земјата го доживеала во последните години. Иако првично предизвикано од нагло паѓање на вредноста на валутата, демонстрантите наскоро побараа политички реформи и пад на владата.
Свет
(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500
Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и 48 припадници на иранските безбедносни сили. Досега се извршени околу 10.000 апсења.
И покрај националниот прекин на интернетот, на социјалните мрежи сè уште се споделуваат снимки кои наводно ја прикажуваат состојбата на терен во Иран.
Едно видео, за кое се тврди дека е снимено во источниот град Машхад, прикажува објект зафатен од пламен, по што може да се видат демонстранти како бараат засолниште зад остатоци и импровизирани барикади на улица.
Потоа се појавуваат силуети за кои се наведува дека се припадници на иранските безбедносни сили, кои пукаат од пешачки мост.
Претходно видео, пак, прикажува демонстрант како испишува графити на билборд над голема толпа луѓе во главниот град Техеран.
THREAD: Verified videos of Iran protests – 10 January
Heavy clashes on Vakil Abad Boulevard in Mashhad. Protesters hide behind barricades as security forces fire shots from a footbridge.
Video: @Vahid
Location: https://t.co/48rK47fgrp
With Richard Irvine Brown@GeoConfirmed https://t.co/LGCLaI1XaI pic.twitter.com/pGQBnH9LKu
— Shayan Sardarizadeh (@Shayan86) January 11, 2026
Претходно, Си-Ен-Ен повикувајќи се на двајца американски функционери, објави дека Трамп разгледува низа можни воени опции за Иран.
Многу од опциите што му биле претставени на претседателот се однесуваат на таргетирање на безбедносните служби на Техеран кои се користат за гаснење на протестите, истакнале американските функционери. Претседателот сè уште не донел конечна одлука за интервенција, но сериозно ја разгледувал можноста за акција додека бројот на загинати во Иран продолжува да расте. Опциите не вклучуваат ставање американски војници на терен, соопштил висок функционер од Белата куќа за Си-Ен-Ен.
Свет
Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен
Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски функционери за Си-Ен-Ен, додека тој размислува да ги спроведе своите неодамнешни закани да ја нападне иранската влада доколку таа употреби смртоносна сила против цивили.
Функционерите рекоа дека Трамп бил запознаен со различни планови за интервенција, бидејќи насилството во земјата доведе до десетици жртви и апсења. Некои од дискусиите вклучувале и опции што не подразбираат директна воена сила на САД.
Многу од опциите што му биле претставени на претседателот се однесуваат на таргетирање на безбедносните служби на Техеран кои се користат за гаснење на протестите, велат американските функционери.
Сепак, постојат загрижености во администрацијата дека воените напади може да се вратат како бумеранг и да ја ослабат поддршката за протестите. Функционерите истакнаа дека нападите можат ненамерно да ги обединат Иранците во поддршка на владата или да предизвикаат Иран да возврати со своја воена сила.
Претседателот сè уште не донел конечна одлука за интервенција, но сериозно ја разгледува можноста за акција додека бројот на загинати во Иран продолжува да расте. Опциите што ги разгледува не вклучуваат ставање американски војници на терен, соопшти висок функционер од Белата куќа.
Според американската агенција за човекови права HRANA, од почетокот на протестите пред две недели, кога се прошириле низ сите 31 провинции на Иран, загинале 116 лица. Сè уште не е јасно дали бројката целосно ја отсликува големината на жртвите, поради националниот прекин на интернет и телефонските линии.
„Иран гледа кон слобода, можеби како никогаш досега. САД се подготвени да помогнат!“, објави Трамп на социјалните мрежи.
Трамп претходно изјави дека ако Техеран користи смртоносна сила против протестанти, САД ќе се вклучат.
„Јас јасно реков дека ако почнат да убиваат луѓе како што правеле порано, ние ќе се вклучиме. И тоа не значи стапала на терен, туку удари таму каде што боли многу, многу силно.“
Секретарот за надворешни работи Марко Рубио и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговарале за тековните протести, како и за ситуацијата во Сирија и Газа.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека ја „набљудуваат ситуацијата“ во Иран, додека земјата влегува во третата недела на антивладини протести. „Протестите се внатрешно иранско прашање. Сепак, ИДФ е подготвена одбранбено и постојано ги подобрува своите капацитети и оперативна подготвеност“, се наведува во соопштението.

