Црна хроника
Царинската управа: На Богородица запленети парчиња облека и обувки, спречен обид за сива економија
Спречен обид за сива економија кога во пет случаи царинските службеници од граничниот премин Богородица запленија речиси 700 парчиња непријавена облека и 22 чифта обувки наменети за продажба на македонскиот пазар. Во сите случаи лицата, инаку македонски државјани, се обиделе нелегално да ја внесат стоката, без да ги платат увозните давачки.
Во четири од случаите непријавените облека и обувки се откриени при контрола на автобуси во патните торби на патниците, како и во црни кеси под задните седишта. Во последниот случај непријавените парчиња облека се откриени при контрола на патничко возило.
Производите се запленети, а против лицата се поведени соодветни постапки, соопшти полицијата.
Царинската управа во рамките на своите приоритети, како што информираат, континуирано спроведува активности за заштита на финансиските интереси на државата и сузбивање на сивата економија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Полицијата правеше претрес во Прилеп, приведе едно лице и најде дрога
Полицијата вчера попладне го лишила од слобода Н.Н.(35) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, различни таблети, грутчеста материја и дигитална вага.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава
Црна хроника
Кај кочанското село Тркање загина пешак
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава во 07:50 часот загина пешак на регионалниот пат Штип-Кочани во близина на селото Тркање, а собраќајот се пренасочува по експресниот пат.
Во тек е увид, а повеќе детали во текот на денешниот ден.
Црна хроника
Ученик од основно училиште во Скопје бил полово вознемируван од негов соученик
Триесет и шестгодишна жена скопјанка пријавила дека на 17 септември во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик.
Се работи на расчистување на случајот.