Македонија
Груевски треба да се врати, но за да се соочи со правдата, смета премиерот Ковачевски
Враќањето на експремиерот Никола Груевски, за првиот човек на Владата, Димитар Ковачевски, е депласирана тема.
Одговарајќи на новинарски прашања, Ковачевски рече дека за Груевски е распишана потерница и тој навистина треба да се врати во Македонија, но за да се соочи со правдата во согласност со македонските закони.
Премиерот Ковачевски демантира дека бил во каква било комуникација со Заев поврзана враќање на експремиерот во Македонија откако утрово некои од медиумите објавија дека Заев му се заканил на раководството на СДСМ дека ќе тргне против него ако продолжи да соработува со ДУИ во нивната акција за враќање на Груевски.
Откога стана извесно дека застарува и ТНТ – уште еден случај поврзан со Никола Груевски, Ковачевски не сакаше да даде свое толкување на одлуката. Како што заклучи: Нема основа овие теми да бидат реална политичка дебата во државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

