Спорт
Бензема ќе му „врачи отказ“ на тренерот на Ал Итихад
Нуно Еспирито Санто, по инцидентот со Карим Бензема е блиску до отказ од Ал Итихад, тврдат странските медиуми.
Поранешниот менаџер на Порто и Вулверхемптон минатата година го презеде Ал Итихад само седум месеци откако беше отпуштен од Тотенхем.
Веднаш му ја донесе титулата на својот нов клуб, прва по 2009 година и почна да доведува големи засилувања.
Така во клубот пристигнаа Н’Голо Канте, Карим Бензема и Жота, но почетокот на сезоната не беше баш најдобар за нив.
Во првите девет натпревари остварија само две победи, а имаше инцидент и со скапо платената ѕвезда Карим Бензема. Откако клубот го демантираше тоа, нов инцидент меѓу нив двајца се случи вчера.
Ал Итихад губеше со 1:0 на полувремето против ирачкиот тим Ал Кув Ал Џавија во Лигата на шампионите на АФЦ.
Откако Нуно Еспирито Санто го одржа својот говор на полувремето, на Бензема не му се допадна она што го слушна.
Тој бурно реагирал и го навредил својот тренер, а со истата мерка реши да врати Нуно Еспирито Санто.
„Проблемот“ за Нуно Еспирито Санто е што Бензема е главна ѕвезда во овој тим и затоа е пред отказ.
„Во соблекувалната пред другите играчи тренерот и капитенот имаа вербална пресметка, тензијат беше голема“, пишуваат меѓу другото странските медиуми.
Според овие извор прашање на денот е кога Санто ќе добие отказ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Агаси: Алкарас е вонземјанин

Андре Агаси беше воодушевен од начинот на кој Карлос Алкараз го освои Ролан Гарос.
Шпанецот, по пресврт, го победи Јаник Синер по пет сета епска битка и го освои петтиот Гренд слем во својата кариера.
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои Ролан Гарос победувајќи го Јаник Синер со 3-2 во сетови по повеќе од пет и пол часа тенис.
„Алкараз ги има сите квалитети на големата тројка, па дури и повеќе. Тој се движи како вонземјанин, не игра дефанзивно дури ни кога е целосно во аголот“, изјави Агаси за „Punto de break“.
Агаси го спореди Алкараз со сите тројца членови на големата тројка.
„Мора да запомните, овој човек ја има дефанзивната брзина на Новак Ѓоковиќ, ако не и повеќе. Тој го има чувството на Роџер Федерер, ако не и повеќе. Тој го има темпото на Рафаел Надал, ако не и повеќе. Секако, сега сè мора да се вклопи. Само затоа што е подобар од тројцата големи во некои работи, не значи дека ќе го прави она што го направија тие. Погрешните одлуки, повредите и среќата имаат големо влијание. Многу фактори влијаат на нечија кариера.“
Спорт
Раниери има еден услов за да стане селектор на Италија

Италијанската фудбалска репрезентација е без тренер од вчера. Лучано Спалети доби отказ по дебаклот во Осло и поразот од Норвешка (3:0).
Прв избор на Италијанецот е Клаудио Раниери, кој се повлече од тренерската позиција во Рома и му ја препушти на Џанпјеро Гасперини, но идејата на семејството Фридкин и него самиот е тој да остане во Рим и да учествува во понатамошното функционирање на спортскиот сектор. Односно, планот е тој да биде менаџер кој ќе работи во соработка со Гасперини.
Затоа, Раниери е на пресвртница и како што објави Џанлука ди Марцио, единствениот начин за него е семејството Фридкин да даде „зелено светло“ за неговата двојна функција.
Раниери претходно ѝ вети на Рома и сака да си го исполни ветувањето, но поканата од репрезентацијата е нешто што не може да се одбие, па затоа го моли Фридкин за разбирање.
Средбата во Рим ќе се одржи денес и ситуацијата наскоро ќе биде решена. Доколку Раниери не ја преземе репрезентацијата, „аѕурите“ ќе се свртат кон Стефано Пиоли.
Спорт
Вирц и Ливерпул постигнаа договор, Баер бара повеќе пари

Сагата околу трансферот на Флоријан Вирц во Ливерпул продолжува. Клубот и фудбалерот постигнаа договор, но работата сè уште ја одложува Баер Леверкузен.
Германскиот клуб, чиј играч е сè уште Вирц, не ја прифати понудата на Ливерпул, кој понуди 100 милиони фунти плус 13 милиони за бонуси.
Баер сè уште инсистира на 126,4 милиони фунти, што е некаде околу 150 милиони евра.
Ливерпул одлучи да ја подигне скалата уште повеќе и според информациите од Островот, нуди 118 милиони фунти, што би бил британски рекорд. Британските медиуми веруваат дека Баер ќе го прифати ова, откако ќе се договорат деталите за бонусот.
Шампионот на Англија треба официјално да го доведе Милош Керкез од Борнмут во наредните денови.