Контакт

Култура

Вечерва, „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски го отвара 48. МОТ

Објавено пред

Со претставата „Декамерон“, во режија на Мартин Кочовски на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински, вечерва, во 20 часот, во МКЦ се отвора 48. издание на меѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар – МОТ

dobivaj vesti na viber

„Во околности на глобална општествена безизлезност неизбежно е да се занимаваме со ‘Декамерон’, со триумфот на потребата за живот. Животот радоста и среќа, овде и сега“, изјавува режисерот Кочовски, кој „Декамерон“ го постави на сцената на театарот во 2022 година.

Радоста за вечерашната премиера во рамките на МОТ не ја крие комплетната екипа.

„’Декамерон’ за мене значи целосно препуштање или можеби беспоштедно согорување. Таа претстава ни дозволи да се изразиме на некакво интуитивно ниво. Кога работите со толку обемна материја, која изобилува со разноликост, со толку многу ликови и ситуации, неизбежно ќе наидете на контрадикторности. Тука нема простор за мудрување, едноставно – се препуштате. Затоа во оваа претстава човекот има толку многу лица и суров е, и безмилосен, и ноншалантен, но и сочувствителен и бескрајно благороден по дух; и кревок – и нескршлив. Сето ова, од една страна, обеспокојува, дури и длабоко потресува, а од друга, сепак успокојува“, вели Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, драматург на „Декамерон“.

Млад отворен театар – МОТ, по вечерашната премиера, нуди 29 театарски настани, претстави, работилници, промоција на книга и мастер-клас, кои ќе се одвиваат на сцените на МКЦ од 8 до 18 ноември.

Дизајн на постерот на фестивалот е Бабак Сафари, графички дизајнер од Иран.

Целосната програма и распоред на фестивалот може да се видат на официјалната страница на фестивалот – mot.mk, а билетите можат да се набават преку билет-сервисот на МКЦ, bileti.mkc.mk.

Годинешната програма на фестивалот е поддржана од Министерството за култура (3.900.000 денари), Град Скопје (650.000 денари), а преку партнерства, фондови, амбасади и министерства на други држави, за достојно одбележување на фестивалот, обезбедени се дополнителни 2.300.000 денари.

Фестивалот се отвора со претставата „Декамерон“, во режија на Мартин Кочовски на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински. Од италијанскиот хуманизам, следниот ден на сцена го гледаме рускиот реализам, „Браќа Карамазови“, претстава со која режисерот Оливер Фрлиќ , по девет години, се враќа на сцената на Загрепско казалиште младих – ЗКМ. Достоевски е мотив и на „Евангелие по Ф. М. Достоевски“, во режија на Јернеј Лоренци на Српскиот народен театар од Нови Сад, Србија.

Белег на ова издание на МОТ се новите аудиовизуелни искуства, кои ќе ги понуди фестивалот преку две претстави, инклузивноста со претставата на „Колективот Ветерница“, „ Дрво нив времето“, каде што учествуват лица со и без попреченост, и „Скопје, големо богатство“, кое ја ангажира публиката преку дел од заборавените места во Скопје, каде што низ колективна прошетка се отвораат прашања за општествената димензија на јавните простори.

Скопје провејува низ фестивалот како тема, бидејќи МКЦ/МОТ како комесар на годинашното претставување на Македонија на квардиналето во Прага, годинава ќе одржи лабараторија „Градот како сцена“, во соработка со ФРУ.

Минатогодишните носители на наградата БИШ 2022, „Артопија“, направија копродукција и годинава ја гледаме ПООЛ, која е работена по мотиви на Марк Рејвенхил и сурово ги распарчува лажните идеали разотркивајќи ја вистинската слика за уметниците.

„И оваа година МОТ ја доделува наградата БИШ за која на отворениот повик се пријавија театарски претстави од домашна продукција, а на фестивалот ќе бидат прикажани шест селектирани претстави. Оценувањето на претставите го прави меѓународно жири“, информира Русе Арсов во името на тимот на МКЦ.

„Скриената улога на продуцентот“ е насловот на мастер-класот што ќе го одржи Душан Пернат, продуцентот и тур-менаџер на Словенско младинско гледалишче.

Култура

„Лилјакот“ од Јохан Штраус II на сцената на МОБ на 23 и 26 декември

Објавено пред

Во празничниот декемвриски репертоар, Националната опера и балет најавува две изведби на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II, кои ќе се одржат на 23 и 26 декември 2025 година со почеток во 19.30 часот. Ова ремек-дело, кое ја освои публиката уште со својата премиера, повторно ќе блесне на големата сцена на МОБ.

dobivaj vesti na viber

Диригент на изведбите е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Климент Тодороски, светло-дизајн е Милчо Александров.

Во солистичката екипа на настапуваат: Васко Здравков, Јане Дунимаглоски(23.12.) / Благој Нацоски(26.12.), Биљана Јосифов, Нада Талевска, Соња Пендовска Мадевска, Драган Ампов, Христијан Антовски, Марјан Николовски, Александра Лазаровска Василевски, Тихомир Јакимовски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.

„Лилјакот“ е ремек-дело на „кралот на валцерите“ Јохан Штраус II, создадено во 1874 година. Оваа брилијантна оперета претставува маестрална комбинација на љубовни интриги, недоразбирања и комични ситуации, сместени во блескавиот виенски свет на валцери, балови и маскенбали. Штраус со својата непресушна музичка инвентивност и елегантна оркестрација создава партитура исполнета со валцери и арии кои зрачат со духовитост, шарм и живост. „Лилјакот“ е вистинска прослава на радоста, убавината и ведрината на животот – дело што повеќе од еден век ја воодушевува публиката ширум светот и останува вечен симбол на виенскиот шарм и музичката магија.

Прикажи повеќе...

Култура

Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2025 година

Објавено пред

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2025 година, кој ќе трае од 15 декември годинава до 15 јануари 2026 година.

dobivaj vesti na viber

Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2025 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија (ул. „Максим Горки“ бр. 18, Скопје) секој работен ден од 9 до 15 часот или по пошта на адреса на Фондацијата, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје.

Пожелно е и доставување на романи во електронска верзија на адресата: [email protected]

Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Одлуката за добитникот на наградата петчлената жири-комисија е обврзана да ја донесе најдоцна до 15 март 2026 година и да ја објави на прес-конференција.

Наградата „Роман на годината“ годинава ќе се додели 27-ти пат.

Романот „Светот што го избрав“ на Калина Малеска („Или-или“, 2024) е лауреатот на наградата „Роман на годината“ за 2024 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Младиот кочански рок бенд „Корка“ на 14 декември настапува на меѓународен музички натпревар во Брисел

Објавено пред

Кочанскиот рок бенд „Корка“ ќе настапи во финалето на меѓународен музички натпревар во рамките на проектот „Imagine Experience“. Нивниот настап ќе биде на 14 декември, недела, во културниот центар „La Botanique“ во Брисел, Белгија, каде ќе ја делат сцената со други млади бендови од Франција, Белгија, Норвешка, Шведска, Унгарија, Холандија, Велика Британија и Зимбабве. Натпреварот ќе може да се следи во живо онлајн и гледачи од дома ќе можат да гласаат.

dobivaj vesti na viber

„Корка“ првично беа победници на националниот натпревар од „Imagine Macedonia“, кој се одржа на 10 октомври во Младинскиот културен центар, во рамките на фестивалот „Здраво млади“, на кој тие се натпреваруваа со други просперитетни македонски бендови како „Sunneater“, „The Pot“, „Tsar von Time“, „Venom“, „LSD During War“, „Мираж“ и „Големата вода“.

Во изминатата година „Корка“ се покажаа како еден од најважните нови гласови во македонската алтернативна сцена, отсликувајќи го гневот на младите луѓе преку нивниот тврд, емотивен и некомпромитирачки звук. Тие се истакнаа со нивниот самонасловен албум, кој беше издаден во мај оваа година, како и преку низа концерти низ државата и во Србија.

Освен со својата музика, „Корка“ придонесува на културната сцена и преку нивното организирње на настани во Кочани. Членовите од бендот, повеќето од кои сѐ уште во средно училиште, беа движечката сила зад дводневниот хуманитарен фестивал „Расплет“, кој се одржа кај Споменикот на слободата во градот. Фестивалот беше посветен на нивната другарка Сара Алексова, која воедно беше и првата тапанарка на бендот, која го загуби својот живот во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет3 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија6 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија6 часа

Вечерва почнува зимска бајка на Плоштад Македонија: Елката ќе светне во 18 часот, Дедо Мраз ќе стигне на 27 декември

Елката на Плоштад Македонија вечерва во 18 часот ќе биде осветлена со свечена церемонија, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски....

Македонија7 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија9 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет10 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет12 часа

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа12 часа

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија13 часа

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет13 часа

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет13 часа

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет14 часа

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија1 ден

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија1 ден

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ1 ден

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија1 ден

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...

Свет1 ден

(Видео) Пукање на универзитет во САД – има загинати и повредени, напаѓачот е во бегство

Најмалку две лица се убиени, а девет се повредени во вооружен напад што се случи во саботата попладне на кампусот...