Свет
„Нетанјаху е опасност за Израел, тој е во лоша состојба“: Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт за офанзивата во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е емоционално уништен од неговиот огромен неуспех во областа на националната безбедност и сега погрешно се пресметува додека се подготвува да ја преземе севкупната контрола врз безбедноста на Газа на неопределен период, изјави поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт за „Политико“.
Олмерт тврди дека Нетанјаху бил во состојба на нервен слом бидејќи се обидел да избегне да биде сменет од функцијата затоа што не ја заштитил националната безбедност на 7 октомври. Ова значеше дека Израел сега е одговорен, се разбира, стратешки, продолжи Олмерт, инсистирајќи дека приоритет треба да биде да се преговара за крајната игра со меѓународната заедница – што вклучува враќање на преговорите за формирање на палестинска држава наместо враќање до целосна воена контрола на Газа.
„Нетанјаху е емоционално уништен, тоа е сигурно. Мислам, му се случи нешто страшно. Биби цел живот работеше под лажен изговор дека е чувар. А тој е господин срање“, изјави Олмерт.
Секоја минута од неговиот премиерски мандат тој е опасност за Израел. Го мислам тоа. Сигурен сум дека Американците разбираат дека тој е во лоша состојба“, изјави тој.
Олмерт предупреди дека стратешкиот план на Нетанјаху да ја задржи контролата врз повоениот Појас Газа, што тој го наведе во интервју за „Еј-би-си њуз“, звучи како враќање во 2005 година кога Израел вршеше воена управа над крајбрежната енклава.
„Не е во интерес на Израел да ја надгледува безбедноста на Газа“, рече тој. „Во наш интерес е да можеме да се браниме на поинаков начин од она што го правевме пред нападот на 7 октомври. Но, повторно да се контролира Газа? Не“.
Олмерт исто така предупреди дека трпението на западните сојузници на Израел е намалено поради неуспехот на Нетанјаху и неговите министри да направат реален план за управување со Газа по уништувањето на Хамас. „Има многу што можеме да направиме, но не можеме да направиме сè што сакаме“, предупреди тој.
Олмерт, кој го водеше Израел од 2006 до 2009 година како лидер на либералната партија Кадима, рече дека нема трезвено размислување во воениот кабинет на Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Инциденти по протестот во Белград: Петпати фрлија солзавец, но луѓето бришат солзи и не се откажуваат, летаат јајца и шишиња по полицијата

Голема толпа народ не се повлекува од улиците на Белград иако студентскиот протест, преку кој испратија порака за предвремени парламентарни избори, заврши. Полициски кордони има насекаде и се обидуваат да ја потиснат масата луѓе. Граѓаните на многу места фрлаат со шишиња, лименки, камења и јајца по полицијата, се жалат дека се чувствува солзавец во воздухот, но велат дека нема да се откажат.
„Бевме пред кордонот полиција, во првиот ред. Петпати фрлија солзавец, но луѓето бришат солзи и не се откажуваат. Доста е страв, нема понатаму. Ова е нивен крај, не наш. Остануваме до крај“, вели за српската телевизија „Н1“ студентка која на протестот е со мајка си и не сака да си замине.
„Спуштете ги штитовите“ извикуваат граѓаните и не сакат да отстапат. Ставаат маски на лицата и пренесуваат повик „да не се откажуваме, се додека сме мирни, ништо не можат“.
Студентскиот протест на кој беа пренесени пораките за предвремени избори заврши мирно, а инцидентите почнаа во моментот кога студентите ги соблекоа елеците.
Регион
(Видео) Студентите на протестот во Белград ќе развеат знаме „какво што не се очекува“

Студентскиот протест во Белград почна со огромен број луѓе кои се уште се слеваат кон плоштадот Славија. Студентите за вечерва најавија дека ќе развеат знаме „какво што досега не е видено“. Откога почна протестот тие на социјалните мрежи објавија кусо видео од последните подготовки за изнесување големо знаме на улица со најава дека „тоа ќе биде знаме кое не сте го очекувале“.
Biće to zastava koju niste ocekivali pic.twitter.com/qeFNGlGmHD
— Žaklina Tatalović (@zaklina_prva) June 28, 2025
Протестот е предвидено да заврши во 21 часот кога истекува рокот кој студентите го дадоа на власта за распуштање на Народното собрание распишување предвремени парламентарни избори како и растурање на протестот во Пионерскиот парк каде некои студенти на контрапротест три месеци кампуваат и бараат продолжување на универзитетската година. За се што ќе се случува по 21 часот, студентите кажаа дека не се надлежни, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, попладнево рече дека очекува насилство, токму во периодот од 21 до 22 часот.
Регион
Плоштадот Славија во Белград се преполни, реки луѓе доаѓаат од сите страни на видовденски протест

Под слоганот „Се гледаме на „Видовден“ попладнево плоштадот Славија во Белград, Србија се преполни луѓе. Српските медиуми јавуваат дека реки народ се уште доаѓаат кон плоштадот од сите страни на државата.
Студентите, поддржани од огромен број граѓани имаат две барања од властите. Првото барање е распуштање на Народното собрание и распишување предвремени парламентарни избори до 21 часот денес, а второто барање е да прекине протестот на некои од студентите кои бараат продолжување на универзитетската година и три месеци кампуваат во Пионерскиот парк во центарот на Белград.
Студентите кои го организираат протестот најавија дека тој ќе трае три часа, треба да заврши во 21 часот и се огласија за ненадлежни за се што ќе се случува по 21 часот.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека очекува насилство на протестот кое ќе почне меѓу 21 и 22 часот.