Скопје
Град Скопје: Главниот град, конечно, ќе добие нов транспортен систем
По две години отстранување на пречките на проектот предизвикани од претходното градско раководство, градот Скопје конечно ќе добие нов транспортен систем. Системот за брз автобуски превоз доби зелено светло од меѓународните партнери, со што почнува неговата реализација во главниот град, велат од Град Скопје.
„Проектот подразбира изградба на два нови терминала на транспортни центри, обезбедување непречено сообраќање на автобусите, како и набавка на нови еколошки автобуси што користат ЦНГ. Во основниот идеен проект беа истакнати детектираните сериозни пречки за реализација, кои благодарение на посветеноста и работата на градската администрација, се надминати и со нивно отстранување се овозможува непречена реализација на овој проект“, соопштува Град Скопје.
„Град Скопје и покрај сите блокади продолжува со заложбите што ќе им овозможат на граѓаните модерен и навремен јавен градски превоз надминувајќи ги проблемите со кои се соочуваат и ЈСП и граѓаните кога станува збор за градскиот превоз. Во нашите искрени заложби за модерен и еколошки градски превоз нема да нè сопрат ниту блокадите во Советот на Град Скопје ниту структурните проблеми со кои се соочува ЈСП, а се наследени од претходните раководства на претпријатието.
Новите еколошки автобуси и ревидираниот систем значително ќе го намалат сообраќајниот хаос во главниот град и ќе овозможат јавниот превоз да се одвива непречено, а доцнењето да биде минато. Затоа е важно сè што е во интерес на граѓаните да се реализира, а тие да добијат градски превоз како што му прилега на главниот град“, се додава во соопштението на Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

