Македонија
АСОМ: Евроамбасадорот Гир ја потврди злоупотребата на европското знаменце со кое се турка и законот за игри на среќа
Денешната изјава на евроамбасадорот Дејвид Гир, кој по вчерашното објавување на извештајот на Европската комисија за напредокот на македонските евроинтегративни процеси ја истакна несоодветната употреба на европското знаменце во земјата, уште еднаш ги потврди ставовите на АСОМ дека предлог-законот за игри на среќа во Собранието се турка насилно со злоупотреба на европското знаменце, реагираат од АСОМ.
„Евроамбасадорот Гир потенцира дека во контекст на Собранието извештајот забележува прекумерна и некогаш несоодветна употреба на забрзаните процедури повикувајќи на основното начело дека ЕУ-знаменцето треба да се користи кога е директно поврзано со усвојување закони чија главна цел е да се усогласат со ЕУ-нормите и стандардите, а не да се скрати дебатата за важни прашања.
Длабоко сме загрижени што и покрај апелите од Европската Унија да не се врши злоупотреба на европското знаменце за скратување на дискусија при носење важни закони, праксата во нашата држава продолжува, и тоа за предлог-законот за игри на среќа, кој ќе ѝ нанесе непоправливи штети на нашата земја“, велат од АСОМ.
Посочуваат и дека евроамбасадорот Гир на почетокот на годината кога АСОМ се обрати за поддршка од ЕУ јасно апелира дека европското знаменце треба да се употребува само кога се во прашање закони што се поврзани со европските норми и стандарди, но не и да се користи за да се избегне јавната дебата при носењето важни закони.
„Нашата Асоцијација во повеќе наврати истакна дека Законот за игрите на среќа и забавните игри не подлежи на обврска за усогласување со донесена ЕУ-директива. Членките на Европската Унија немаат усогласено и донесено директива, која е правно обврзувачка за членките на Унијата и која истовремено ќе преставува обврска за пристапните членки на ЕУ да ја транспонираат таа директива во сопственото законодавство.
Бараме Владата да ја послуша јасната порака што доаѓа од Европската комисија и да престане со деструктивни чекори да ја уништува иднината на државата.
Како Асоцијација бараме и итно повлекување на предлог-законот за игри на среќа, кој насилно се турка со европско знаменце“, се истакнува во реакцијата на АСОМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

