Свет
Кинескиот амбасадор во САД: Ќе треба долго време за да се стабилизираат кинеско-американските односи
Амбасадорот на Кина во САД рече дека има позитивни знаци на стабилизација во кинеско-американските односи, но тие сè уште се соочуваат со предизвици додека лидерите на двете земји се подготвуваат за очекуваниот состанок овој месец.
Најважно е да се најде вистинскиот начин Кина и САД да се договорат, изјави вчера Ксие Фенг на Форумот за американско-кинески односи во Хонг Конг.
Ксие рече дека се видливи позитивни знаци во односите меѓу двете земји под водство на кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, и американскиот претседател, Џо Бајден, и со заеднички напори на двете страни.
„Односите меѓу Кина и САД сè уште се соочуваат со големи предизвици и има уште долг пат да се помине за да се стабилизираат и подобрат односите“, рече Ксие.
Тој додаде дека двете страни веруваат оти е корисно и неопходно Кина и САД да одржат дијалог со надеж дека односите меѓу двете земји ќе се стабилизираат и ќе се подобрат што е можно побргу.
Се очекува Шји и Бајден да се сретнат на маргините на форумот за азиско-пацифичка економска соработка (APEC) во Сан Франциско, кој почнува на 15 ноември.
Двајцата лидери, кои беа во несогласувања за низа глобални прашања, вклучително и трговијата, националната безбедност и Тајван, последен пат се сретнаа пред речиси една година на маргините на самитот на Г20 во Бали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Облакодерот во Загреб гори со часови, паѓаат делови од фасадата: штетата е тотална
Облакодерот на Славонска авенија во Загреб, во кој вчера избувна пожар малку пред полноќ, утрово сè уште гори, делови од фасадата паѓаат, а загрепските пожарникари цела ноќ се борат со пожарот. Се проценува дека ќе биде потребен цел ден за да се изгасне.
93 пожарникари со 30 возила го гаснат пожарот
„Штетата е голема. Иако поголемиот дел од зградата беше напуштен, собите внатре се полни со опрема и документи. Пријавата ја добивме околу 23 часот. Интересно е што имаше само една пријава од граѓанин. Нормално, секогаш добиваме многу пријави за големи пожари.
Штом видовме отворен пламен, веднаш побаравме дополнителна интервенција. Опасно е бидејќи, кога екипите почнаа да се качуваат и да го гаснат пожарот, видовме дека пожарот почнал да се појавува на долните катови, дури и на приземјето, што значи дека се ширел низ вентилацијата“, рече Синиша Џембрих, командант на Јавната противпожарна служба на Град Загреб.
„Сите пожарникари на Град Загреб беа на овој пожар. Се претпоставува дека ќе го ставиме пожарот под контрола во текот на денот. Но, ќе биде потребно време“, додаде тој.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Нападнати термоелектраните во Донецк: бројни населби без струја
Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен напад, оставајќи многу населби без електрична енергија.
Нападите ги исклучија електраните Зуивска и Старобешево, а тимови за итни случаи беа распоредени за да ја санираат штетата.
Само еден ден претходно, Пушилин рече дека украинските напади со беспилотни летала врз енергетската инфраструктура на регионот оставиле околу 500.000 луѓе без електрична енергија.
Украинската страна не го потврди нападот. Во последните недели, Киев изврши неколку напади со беспилотни летала со долг дострел врз енергетската инфраструктура во делови од Донецк контролирани од Русија, со цел да се поткопа способноста на Русија да ја продолжи војната.
фото: принтскрин
Регион
Градоначалникот на Загреб: Штетата е тотална, пожарот постојано се разгорува
Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати неколку ката и покривот, поради што голем број пожарникари и опрема беа вклучени во неговото гаснење.
Сцените се ужасни, а градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, исто така, дојде кај зградата утрово.
„Постојано се разгорува на различни катови. Се гаси одвнатре и однадвор. Причината е непозната, постојат некои сомневања, но истрагата на лице место ќе го утврди тоа. За жал, штетата е целосна. Мнозински сопственик на зградата е државата, градежните инженери ќе треба да видат дали објектот е за рушење или ќе се обнови“, рече Томашевиќ.
Засега нема опасност од уривање, додаде тој. „Најважно е што нема жртви и безбедноста на пожарникарите е најважна“, додаде тој.
фото: принтскрин

