Спорт
Мијовиќ повеќе не е тренер на Будуќност
Поразот од Арис во Еврокупот беше последен меч за Петар Мијовиќ на клупата на Будуќности. Клубот од Подгорица соопшти дека Мијовиќ понудил, а Управниот одбор ја прифатил неговата оставка.
Будуќност ја отвори сезоната во АБА лигата со пет победи, а првиот пораз го доживеа во неделата, кога во Белград загуби од Црвена Звезда.
Само три дена подоцна, Арис во „Морача“ беше подобар од Будуќност. Грчкиот тим им го нанесе четвртиот пораз во европското натпреварување, прв во главниот град на Црна Гора.
Мијовиќ во април по трет пат стана тренер на Будуќност. Го презеде тимот од Влада Јовановиќ и го доведе до титулата во црногорскиот шампионат. Со него на клупата, Будуќност беше убедливо елиминиран од Црвена Звезда во полуфиналето на АБА лигата.
Будуќност наскоро ја очекува дуел со Сплит во АБА-лигата, па гостување во Улм во Еврокупот, па многу брзо треба да се очекува одлуката за нов тренер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Белгија ја запиша првата победа на ЕП
Фудбалската репрезентација на Белгија ја победи Романија во последниот натпревар од деветтиот ден на ЕП. Во Е групата Белгија победи со 2:0 (1:0). По две кола, сите селекции во Е групата имаат по три бода.
Белгија поведе по само 73 секунди игра. Стрелец беше Тилеманс, со најбрзиот гол на Белгија на големите натпреварувања.
Следеа шанси за Белгија, која доминираше, но Ница блескаше на голот на Романија. Свои шанси имаше и Романија, но и Кастелс беше располошен на голот на Белгија.
Романците поагресивно влегоа во вториот дел. Имаа две пристојни шанси во првите десет минути, но не извлекоа ништо корисно од тоа.
Пото Белгија повторно ја презеде контролата. Во еговиот гол го поништи ВАР поради офсајд.
Дилемите околу победникот ги реши Кевин де Брујне во 80.минута.
Гол-разликата ги држи Романците на првото место, а потоа следат Белгија, Словачка и Украина.
Во третото коло од групата Е се среќаваат Словачка и Романија и Украина и Белгија. Тие натпревари се закажани за среда на 26 јуни од 18 часот.
Спорт
Капитенот на Реал се сели во Саудиска Арабија
Начо Фернандез (34) по 23 години го напушта Реал, кариерата че ја продолжи во Ал Кадсија.
Фабрицио Романо објави дека поранешниот капитен на Реал веќе ги поминал лекарските прегледи и ќе потпише договор за саудискиот клуб на две години.
Начо пристигнал во Реал во 2001 година од АД Комплутенсе на 11-годишна возраст. Како сениор со Реал ги освои сите значајни клупски трофеи, шест пати ја освои Лигата на шампионите.
Спорт
(Фото) Поради селфиња со Роналдо четири пати во прекин беше натпреварот Португалија-Турција
Португалија без проблеми се справи со Турција во второто коло од групата Ф на ЕП. Португалија победи со 3:0 и го обезбеди првото место во Ф групата.
Покрај одличната игра на Португалија, комичниот автогол на Ајкадин, натпреварот во Дортмунд го одбележа и неверојатно лошата организација на службата за обезбедување.
Четири пати во текот на натпреварот, навивачи влегуваа на теренот за да дојдат до Кристијано Роналдо и да направат селфи со него.
Секако, според правилата на УЕФА, секој од тие упади не беа прикажани во ТВ пренос, но според реакциите од трибините, навивачите беа лути поради егзибициите на оние кои во второто полувреме постојано го прекинуваа натпреварот со што го нарушуваа ритамот на натпреварот.
Што се однесува до стјуардите, тие имаа малку трпение во првите три упади, но во последниот применија сила и грубо го изведоа натрапникот надвор од стадионот.