Регион
Убиецот од Градачац сѐ уште не е погребан – трошоците за чување на телото во ладилник паѓаат на товар на Градот

Поминаа речиси три месеци откако Нермин Сулејмановиќ изврши тројно убиство во Градачац по што следуваше самоубиство. Сулејмановиќ ги убил својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ и Денис и Ѓенгиз Ондер. Тој рани и три лица. Убиството на сопругата го пренесуваше во живо на „Инстаграм“.
Телото на Сулејмановиќ сѐ уште е во Комеморативниот центар во Тузла и тој не е погребан, потврди за „Аваз“ првиот човек на Комеморативниот центар, Фарук Латифагиќ.
Латифагиќ вели дека чувањето на телото на Сулејмановиќ во фрижидер досега чини речиси 1.529 евра, а трошоците ќе треба да ги плати градот Градачац.
Директорот на Комеморативниот центар во Тузла тврди дека чичковците и братучедот на Сулејмановиќ со месеци бараат да биде погребан, но никој не сака да даде гробно место.
„Дури и Градот е спремен да плати за сѐ. Но, никој не дава место за погреб, така што засега нема ништо од погребот. Дозвола за погреб има, но без гробно место сѐ уште се чека. Градот ќе сноси овие трошоци за чување на телото. Таква е процедурата. Сè им е фактурирано“, изјави Латифагиќ за „Аваз“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес ја погоди Света Гора, почувствуван на Халкидики и во Солун

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени е регистриран попладнево во морската област на Света Гора.
Според Геодинамичкиот институт и Сеизмолошката станица на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, епицентарот на потресот бил на 7 километри западно од Кареја, на длабочина од 12,5 километри.
Како што јавуваат грчките медиуми, силниот земјотрес го потресе целиот регион Халкидики, како и градот Солун. Бил почувствуван и на крајбрежните области на Кавала и Тасос.
Регион
Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во четврток, 5 јуни, во 07:18 часот во Егејското Море, Грција.
Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 30 km NW of #Mýrina (#Greece) || 3 min ago (local time 08:18:38). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/4qdLSErCCL
— EMSC (@LastQuake) June 5, 2025
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Регион
Србинка извлечена мртва од морето во Грција, наредена обдукција: детали за ужасот на Халкидик

Седумдесет и тригодишна жена од Србија била извлечена во несвест од морето на полуостровот Касандра во Грција и однесена во болница, каде што била прогласена за мртва, објавија грчките медиуми.
Сè се случило во градот Сивири на Халкидик, популарно одморалиште кај туристите од регионот.
Таа беше извлечена од морето во средата попладне.
Веднаш беше известена Пристанишната управа на Неа Мудања, а 73-годишната жена беше пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар во Касандра, каде што беше констатирана смрт.
Вториот оддел на пристаништето Неа Мудања, при Централната пристанишна управа на Солун, која ја спроведува прелиминарната истрага, нареди обдукција во Службата за судска медицина во Солун.