Спорт
Јувентус има подготвено замена за Влаховиќ

Фудбалскиот клуб Јувентус одлучи да го продаде Душан Влаховиќ, од понудите кои ќе ористигнат во клубот, челниците ќе решат дали тоа ќе биде во претсотјниот зимски преоден рок или пак продажбата ќе се случи во завршувањето на сезоната.
„Старата дама“ подготви замена за српскиот напаѓач, како што пишуваат италијанските медиуми тоа е Алваро Мората.
Немарата на Јувентус е српскиот репрезентативец да го продолжи договорот на уште една година за може да побара повеќе пари за него, но преговорите со неговите менаџери не се одвиваат баш како што очекуваа во клубот.
Влаховиќ има важечки договор со Јувентус до крајот на јуни 2026 година, според кој заработува седум милиони евра нето, што во моментов е премногу за клуб кој се наоѓа во финансиска криза.
„Како што стојат работите, пореално е трансферот на Душан да се случи во летниот преоден рок, а спортскиот директор на Јувентус Кристијано Џунтоли сака повторно да го замени Влаховиќ со Алваро Мората“, пишува Калчомеркато.
Мората е под договор со Атлетико Мадрид до 30 јуни 2024 година, што значи дека следното лето би можел да му се приклучи на Јувентус како слободен играч без обештетување.
Клубот од Торино ќе бара отштета од најмалку 80 милиони евра за српскиот напаѓач, а останува да се види кој клуб ќе биде подготвен да плати толку.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фудбалерите на Англија и Велс ќе играат во дресови без имиња

Репрезентациите на Англија и Велс ќе одиграат пријателски натпревар во четврток за да ја подигнат свеста за Алцхајмеровата болест. Во втората половина од натпреварот, играчите на двата тима ќе истрчаат на теренот облечени во дресови без имиња на грбот, што симболично означува губење на меморијата, еден од најчестите симптоми на оваа сериозна болест.
Оваа иницијатива е дел од партнерството помеѓу Фудбалската асоцијација (ФА) и Здружението за Алцхајмерова болест, кое трае од 2021 година. Англиската репрезентација веќе имаше слична акција минатата година во натпреварот против Белгија.
Пред почетокот на натпреварот, на тимовите ќе им се придружат на теренот 22 навивачи кои живеат со деменција, испраќајќи силна порака до јавноста.
„Фудбалските навивачи се номинирани низ цела Англија и Велс да ги претставуваат многуте различни лица на деменцијата во Велика Британија и ќе излезат на теренот заедно со тимовите за да пренесат силна порака дека ќе биде потребен обединет тим за да се победи најголемиот убиец во Велика Британија“, се вели во соопштението на ФА.
Спорт
Евролигата во шок – Барселона и Реал сакаат да се приклучат на НБА

Барселона и Реал Мадрид ќе го одложат продолжувањето на договорите со Евролигата, објавува „Мундо Депортиво“.
Како што објави овој шпански весник, Барселона и Реал Мадрид сакаат да ја задржат слободата да одлучуваат за евентуално преселување во новата европска лига, која НБА планира да ја лансира во 2027 година, поради што сè уште го одложија на потпишувањето на продолжување на договорот со Евролигата.
За време на состанокот на 13-те сопственици на Евролигата, одржан во понеделникот и вторникот во Барселона, врз двата најголеми шпански клуба бил извршен притисок да потпишат нови договори, но шпанските великани останале на своите ставови.
Стравот од проектот на НБА го принуди раководството на Евролигата да се обиде да го забрза процесот и клубовите да ги обноват своите лиценци пред истекот на тековниот договор, кој важи до летото 2026 година.
Уште во 2014 година, Евролигата објави дека сите клубови сопственици потпишале продолжување на лиценците за 15 години, но сега изгледа тоа не е вистината.
Барселона, Реал Мадрид и Фенербахче сè уште не потпишале.
Некои клубови ја продолжија соработката, но со клаузули за напуштање на натпреварувањето.
Проблемот за Барселона, Реал Мадрид и Фенербахче е што НБА Европа нема да започне со натпреварувањето до есента 2027 година, додека сегашната лиценца со Евролигата истекува една година порано.
Крајниот рок за потпишување на новата лиценца е 30 јуни 2026 година, но другите клубови сакаат тоа да се направи порано за да можат да ја планираат сезоната 2026/27 и деловните активности.
Во овој момент, малку е веројатно дека Барселона или Реал Мадрид ќе потпишат нов долгорочен договор, особено не за период од 15 години.
Нивната намера е да останат дел од Евролигата до летото 2027 година, а потоа да одлучат дали ќе ја продолжат соработката или ќе се приклучат на новиот проект НБА Европа.
Останува прашањето дали Евролигата ќе биде подготвена да ги задржи во натпреварувањето без гаранции за континуирана соработка или ќе одлучи да ги исклучи ако не ги обноват лиценците на време.
Спорт
Проблем за Реал, по Ембапе се повреди и Хаусен

Младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Дин Хаусен, денес го напушти кампот на шпанската репрезентација и нема да игра за „Фуријата“ на претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство против Грузија во сабота и Бугарија во вторник.
Хаусен има повреда на мускулот и селекторот Луис де ла Фенте реши да го врати во Мадрид.
Првите проценки се дека повредата не е сериозна и дека ќе отсуствува околу две недели.
Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, наместо него, го повика дефанзивецот на Атлетик Билбао, Ајмерик Лапорт, во репрезентацијата.
Лапорт се враќа во тимот откако не добиваше повици одреден период бидејќи не играше долго време поради фактот што неговиот трансфер од Ал Наср во Билбао беше комплициран.
Патем, Лапорт беше стандарден играч во првиот тим во шпанската репрезентација која го освои Европското првенство во Германија минатата година.
Што се однесува до Хаусен, тој не е единствената грижа за Реал, Килијан Мбапе е исто така повреден, но тој остана со француската репрезентација и ќе видиме дали ќе игра против Азербејџан и Исланд…