Спорт
(Видео) Брилијантен меч во Билбао – Атлетик победи со гол во 98. минута

Foto/ EPA
Атлетик Билбао и Селта го одиграа можеби и натпреварот на сезоната во Примера. На карјот тимот од Билбао победи со 4:3 со гол во осмата минута од судиското надополнување.
Четири гола беа постигнати во првото полувреме. Селта два пати водеше со головите на Аспас и Бамба, но Атлетик се враќаше преку Сансет и Гурузета.
На стартот на вториот дел Атлетик го презеде водството, Гурузета повторно беше стрелец. Тимот од Виго имаше сили да возврати, па израмни преку Ларсен во 66. минута.
Претходно на гостите им беше поништен гол, поточно на Ларсен, по интервенцијата на ВАР-собата беше утврдено дека Норвежанецот е во офсајд позиција.
Селта можеше да поведе, но во 72. минута Аспас промаши пенал.
Казтаната за тимот на Рафа Бенитез беше сурова, стигна во 98.минута, кога невнимателниот Мингеза играше со рака, а Билбао доби пенал. Одговорноста ја презеде Беренгер кој го совлада Гуаита.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нико Вилијамс му рекол „Да“ на Баерн

Нико Вилијамс (22) им порачал на челниците на Баерн дека е отворен за трансфер во Германија. Менаџерот веќе ги започнал преговорите со германскиот шампион.
Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао го привлекува вниманието на бројни европски гиганти благодарение на одличните настапи во шпанската репрезентација и Ла Лига.
Баерн го гледа како потенцијално засилување на левото крило, а интерес за Вилијамс покажаа и клубови од Премиер лигата. Неговата откупна клаузула е „само“ 58 милиони евра.
Спорт
Гвардиола: Го отпишав тој гад, а потоа даде 200 гола

Пеп Гвардиола беше гостин на YouTube каналот „xBuyer“, кој го водат браќата Хавиер и Ерик Руиз и има 5,7 милиони претплатници.
Домаќините го замолија да им даде совет на младите ѕвезди за да не се занесат премногу, а Пеп одговори вака: „Немам многу да им кажам на младите генерации денес. Ние страдавме многу повеќе. Навистина ми беше тешко. Доаѓате на Камп Ноу на прес-конференција, а има 50 новинари кои ве критикуваат…
Но, имавме ветерани кои нè штитеа. Покрај тоа, тие знаеја како да ние „удрат по прстите“. Тоа е најдобриот начин да се учи. Но, морам да додадам дека ни беше полесно во смисла дека немавме социјални мрежи како што имаат денешните млади фудбалери“.
Пеп се осврна на сегашната генерација млади ѕвезди на Барселона: „Тие играат фудбал како да се на училишно игралиште. Ги гледам тие 17-годишници и 19-годишници како играат против Реал на „Бернабеу“ и во полуфиналето на Лигата на шампионите како да се на училишно игралиште“.
Конечно, Гвардиола беше замолен да открие анегдота од неговата богата кариера што секогаш му тера да се насмее.
„Многу го сакам Серхио Агуеро. Тој е еден од најскромните великани што ги познавам. Тој го постигна најважниот гол во историјата на Сити. Благодарение на тој гол, со кој ја освои првата англиска титула во историјата на клубот, Сити почна да верува.
Се сеќавам на денот кога му кажав на Агуеро дека нема да му го обновиме договорот. Ми беше многу тешко да му кажам дека е отпишан. А потоа подоцна на тренингот тој ден, тој гад постигнува 200 гола! Имаше лице кое ми говореше: „Сега ќе му покажам на овој Ци*ан… 200 гола!“ Му реков: „Серхио, ќе ти го продолжиме договорот, згрешив!“ А потоа во последниот натпревар постигна два гола. Беше привилегија да го тренирам Агуеро. Тој беше уникатен талент.“
Спорт
Најпродуктивниот напаѓач во светот стапи во штрајк

Виктор Ѓокерес, извонредниот напаѓач на Спортинг, стапи во штрајк. Нема да доаѓа на тренинзите на шампионите на Португалија до понатамошно известување.
Шведскиот репрезентативец имал договор со раководството на клубот дека ќе биде продаден доколку некој понуди обештетување од 75 милиони евра.
Сепак, челниците на тимот од Лисабон се предомислија и бараат повеќе пари. Според извештаите, претседателот сега сака 100 милиони евра за неговата продажба, што е премногу, дури и за најбогатите тимови.
Поради ова, Ѓокерес се одлучил за радикален потег, се додека не ги принуди луѓето од Спортинг да ја променат својата одлука. Арсенал и Манчестер јунајтед покажаа најголем интерес за напаѓачот.
Минатата сезона, Ѓокерес постигна 54 гола, а за две сезони, вкупно 97 во 102 натпревари за Спортинг. Во шампионатот на Португалија, тој ја погоди мрежата неверојатни 39 пати во 33 натпревари, што го прави најпродуктивен играч во Европа.
Тој пристигна во Лисабон во 2023 година од Ковентри за 23 милиони евра.