Европа
Драма во Германија: маж се забарикадирал во куќа со своето дете и поранешната девојка, пукал кон полицијата

Дваесет и четиричасовна драма се одвива во провинцијата Бранденбург. Германскиот веник „Билд“ пишува дека се’ започнало вчера околу 13 часот и 45 минути кога вооружен маж се забарикадирал во куќата со мајката на детето и пукал во полицијата.
Полицијата се обидела да упадне во куќата нешто по 16 часот, но мажот пукал кон нив. Мажот испукал дури 15 истрели во куќата. Што се крие зад пукањето се’ уште е нејасно. Во пукањето полицајците не се повредени, како што пренесува „Билд“, полицијата се уште е во куќата.
Мајката и детето успеале да побегнат.
„Билд“ пишува дека мажот се заканил дека ќе ја разнесе куќата доколку полицијата му пријде. Затоа и поставил мини, а германскиот весник јавува и дека во домот човекот држи неколку огнени оружја. Од полицијата не сакаа да ги коментираат информациите на „Билд“.
Причина на инцидентот, наводно, е спор околу старателството над децата. Еден од соседите на мажот кој разговарал за „Билд“ вели дека слушнала истрели по пладне.
„Го познавам човекот, живеам на 20 метри од него. Тој живееше тука неколку години, секогаш беше пријателски настроен и никогаш не беше непријатен. Партнерката му раскина и го зеде детето со себе. Не затворив око синоќа, полицијата беше насекаде околу 12:30 часот слушнав 30-тина истрели“, коментира соседот.
Германската полиција за „Билд“ потврди дека вечерва дошло до размена на оган меѓу мажот и полицајци, но дека нема повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Москва се заканува со последици ако ЕУ го искористи рускиот имот за финансирање на кредит за Украина

Русија денес изјави дека идејата за користење на нејзините замрзнати средства за кредитирање на Украина, за која дискутираат лидерите на ЕУ, е неразумна и би предизвикала многу остра реакција од Москва, додека белгискиот премиер повика на споделена одговорност меѓу земјите-членки во случај на таков план.
Манипулирањето со руските средства би претставувало кршење на меѓународното право, а Москва има богат арсенал на економски и политички средства за соодветно да одговори, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.
Русија сака да ги потсети владите на ЕУ, а особено Белгија, каде што се наоѓаат повеќето од замрзнатите средства на Русија, да ги почитуваат своите меѓународни обврски, предупреди таа.
На вчерашниот самит во Копенхаген, лидерите на ЕУ изразија широка поддршка за идејата за користење на руски средства замрзнати на Запад за да се обезбеди заем од 140 милијарди евра на Украина без конфискација на средствата.
ЕУ сè уште треба да ги среди сложените правни и финансиски аспекти, а меѓу предлозите е враќање на средствата ако и кога Украина ќе добие репарации од Русија според мировен договор.
„Не сакам ни да дискутирам за овој концепт, толку е неразумен. Но, зборот репарации ми го привлече вниманието… За какви исплати на репарации зборува Урсула фон дер Лајен?“, се подбиваше Захарова.
Русија ја добива војната против Украина, а репарациите ги плаќаат губитниците, тврди таа.
Европа
Експлозии и пукање во Минхен: едно лице загина, друго повредено

Голема полициска и противпожарна операција е во тек од раните утрински часови во северен Минхен откако се слушнале експлозии и пукотници. На местото на настанот биле распоредени специјални сили и одреди за деактивирање бомби, а бил видлив и густ облак од чад, објавува „Билд“.
За време на интервенцијата, пронајдено е тело на маж, а според неофицијални информации, се сомнева дека тој поставил експлозивни направи во куќата на своите родители, ја запалил, а потоа си го одзел животот.
Die Toni-Pfülf-Schule bleibt für die Dauer des Einsatzes geschlossen. https://t.co/qpYQtATM4O
— Polizei München (@PolizeiMuenchen) October 1, 2025
Дополнително, пронајдено е уште најмалку едно лице со прострелни рани. На местото на настанот бил видлив целосно изгорен автобус.
Инцидентот се случил на улицата Лерхенауер, а полицијата го оградила поширокото подрачје. Властите апелирале до граѓаните и учесниците во сообраќајот да го избегнуваат тој дел од градот.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Гори една од најголемите рафинерии во Русија

Украински извори на социјалните медиуми објавија снимки од пожар во една од најголемите руски рафинерии во Јарослав. Изворите тврдат дека рафинеријата била погодена во напад со беспилотни летала, а гувернерот тврди дека станува збор за техничка неисправност.
🔥🛢️Russia’s fifth largest oil refinery is on fire this morning. Yaroslavl Oil Refinery with the total capacity of 15.7mln tons of oil per year was targeted. 700km from the frontline. pic.twitter.com/W1nhQEPo75
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) October 1, 2025
Рафинеријата во Јарослав, позната како „Славнефт-ЈАНОС“, има капацитет да преработува речиси 15 милиони тони нафта годишно, според нејзината официјална веб-страница и бројките од индустријата. Ова ја прави една од најголемите рафинерии во Русија.
Украински извори тврдат дека била погодена единицата ВТ-6, која преработува масло за греење, со пријавен годишен капацитет од над 6,2 милиони тони.
/2. Fire on the territory of the Yaroslavl Oil Refinery pic.twitter.com/q2LapHjKGf
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) October 1, 2025
Рафинеријата е на речиси 250 километри североисточно од Москва и на околу 700 километри од украинската граница.
Russian refineries continue to explode at an unprecedented rate.
Now, in Yaroslavl, North of Moscow, 800km from Ukraine. pic.twitter.com/QX1YhjWJnA
— SPRAVDI — Stratcom Centre (@StratcomCentre) October 1, 2025
Во последните недели Украина ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта и инфраструктурата со употреба на беспилотни летала, кои веќе имаа значително влијание врз снабдувањето со гориво на Русија. „Ројтерс“ објави дека нападите го намалија производството оставајќи многу независни бензински пумпи без снабдување со гориво во неколку региони.
фото: принтскрин