Спорт
Силекс во дербито го победи Шкупи, Работнички славеше во Ѓорче Петров
Фото/ архива Топспорт, Игор Паневски
Силекс и Работнички со победи го затворија 14. коло во Првата македонска фудбалска лига. Силекс, на домашен терен славеше против Шкупи со 2:1, а Работнички во Ѓирче Петров ја победи Македонија со 0:1.
Дербиот во Кратово, домаќинот Силекс го доби со пресврт уште во првиот дел. Шкупи до предноста од еден гол докде во 12.минута со голот на Трпановски. Пет минути подоцна изедначи Николиќ, а Каланоски во 41.минута го постави конечниот резултат. Шкупи натпреварот го заврши со фудбалер помалку, во 85.минута црвен картон доби
Илиески.
Шкупи остана на првото место и покрај овој пораз, но сега има ист број на бодови со Шкендија и само еден повеќе од Струга ТЛ. Силекс се наоѓа на четвртото место со 23 бода.
Во скопската пресметка, Работнички забележа победа над Македонија ЃП. Голот вреден три бода го постигна Гандо во 53.минута.
Работнички сега го дели петтото место со АП Брера со по 19 бода, а Македонија ЃП има 15 и се наоѓа на 10.место.
Табела:

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ваноли ја презеде Фиорентина
Паоло Ваноли официјално стана шеф на стручниот штаб на Фиорентина.
Ваноли потпиша договор до крајот на оваа сезона, а постои можност договорот да се продолжи за уште една година доколку раководството биде задоволно од работата на тренерот.
Ваноли е човек кој веќе бил на стадионот „Артемио Франки“, играл како фудбалер за Фиорентина од 2000 до 2002 година, одиграл 61 натпревар, постигнал три гола.
Овој стручњак нема клуб откако го напушти Торино ова лето, а интересно е што беше под договор со „биковите“ до 2026 година, а го раскина дури вчера.
Сега немаше повеќе проблеми и пречки, па Ваноли е новиот тренер на Фиорентина.
Да ве потсетиме дека тој ќе го замени Стефано Пиоли кој немаше добар почеток во Фиренца. Во првите десет рунди, Фиорентина не забележа победа и со само четири бода се наоѓа на последното место во Серија А.
Во својата кариера, Ваноли ги водеше италијанските репрезентации до 16, 18 и 19 години, Спартак Москва, Венеција и Торино.
Спорт
Познато е кој ќе игра во НБА Европа
Челниците на НБА Европа ги открија првите работи поврзани со ова натпреварување.
Џорџ Ајвазоглу, директор на НБА Европа, во интервју за „Газета дело Спорт“ откри дека овој проект ќе започне во октомври 2027 година.
Во првата година, лигата ќе има 12 тима од: Рим, Милано, Лондон, Манчестер, Париз, Лион, Мадрид, Барселона, Берлин, Минхен, Атина и Истанбул.
Грција и Турција би дале по еден клуб, а Италија, Англија, Франција, Шпанија и Германија по два. Сè уште не е познато дали ќе се формираат нови тимови или ќе се активираат некои постоечки.
„Моментално, има многу дискусии за екосистемот и градовите на учесниците, како и за тоа како изгледаат арените во кои ќе играат. Разговараме со претставници на постоечки тимови, фудбалски тимови кои немаат свое име во кошарката, а ќе има и градови од кои ќе почнеме од почеток. Ќе биде полуотворено натпреварување. Формат со 16 тима, од кои 12 се постојано таму, а четири доаѓаат од Лигата на шампионите на ФИБА“, вели Ајвазоглу.
Спорт
УЕФА планира да го промени системот за квалификации за СП и ЕП
УЕФА планира промени во квалификацискиот систем за Светското првенство и Европското првенство, а новиот формат треба да биде претставен во следните шест месеци, објави претседателот на европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин.
Сепак, на Фудбалскиот бизнис форум во Милано, Чеферин категорично ја отфрли можноста за примена на сличен систем како во Лигата на шампионите за репрезентативни квалификации.
„Не“, рече отсечно Чеферин.
На прашањето кога ќе бидат објавени плановите, тој одговори: „Би рекол дека за околу шест месеци ќе знаеме повеќе“.
Пред еден месец, имаше шпекулации дека УЕФА размислува за „лига во стилот на Лигата на шампионите“ за квалификации за следното Европско првенство, по навестувањата на Чеферин на конференцијата во Лисабон.
УЕФА во моментов разгледува начини за зголемување на интересот на квалификациските тимови, бидејќи интересот на навивачите и радиодифузерите се намалува, особено поради големите разлики во квалитетот меѓу националните тимови.

