Свет
(Видео) Сѐ уште трае спасувачката операција по 40 работници во разурнат тунел во Индија

Спасувачите во северна Индија се обидуваат да спасат 40 затрупани градежни работници по делумното уривање тунел на автопат, објавија локалните медиуми. Уривањето на тунелот во изградба, долг 4,5 километри, се случи вчераутро во близина на Утаркаши во хималајската држава Утаракханд, објави „Хиндустан тајмс“ повикувајќи се на спасувачи.
„Најмалку 40 работници останаа заробени кога се урнаа речиси 200 метри од тунелот“, рече претставникот на спасувачката служба, Дургеш Ратоди.
More than 50 People trapped inside Tunnel in Uttarkashi
Efforts are being made to supply Oxygen & Food, Hope all get out Safely#Uttarkashi #DelhiPollution #Delhi #DelhiNCR #AQI #HappyDiwali #गोवर्धन_पूजा #GovardhanPuja #Election2023 pic.twitter.com/5dn4FiNtUS
— Dr Jain (@DrJain21) November 13, 2023
Дел од тунелот се урнал кога група работници излегувала од градилиштето, а друга група пристигнувала.
Спасувачите се во контакт со затрупаните работници преку воки-токи. Никој не е повреден.
Landslide In Uttarkashi:
यमुनोत्री NH पर निर्माणाधीन सुरंग में भूस्खलन, 25 से ज्यादा मजदूर फंसे होने की सूचना, रेस्क्यू ऑपरेशन जारी… मजदूरों को टनल से निकालने की हर मुमकिन प्रयास..
UK: रविवार को दिन निकलते ही उत्तराखंड में ब्राह्मखाल-यमुनोत्री राष्ट्रीय राजमार्ग पर… pic.twitter.com/QUyPbjrQgY
— TRUE STORY (@TrueStoryUP) November 12, 2023
„Обезбедено е снабдување со кислород преку привремени цевки, даваме сѐ од себе и ги правиме сите можни напори. Засега ситуацијата е под контрола и не е опасна за животот“, изјави инспекторот за спасување, Јагдамба Бијалван, за „Индијан експрес“.
Спасувачите испраќаат храна преку цевки, а со машини се обидуваат да ископаат премин до работниците, кои се оддалечени 60-ина метри од излезот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Додик: Добив понуда од моќни луѓе

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека некои моќни луѓе од Европа му понудиле мирно да ја напушти Босна и Херцеговина.
„Имам понуда од некои моќни европски луѓе, кои ми испратија порака дека немаат ништо против да заминам и да бидам слободен во Унгарија, Русија, Србија, каде и да сакам“, рече Додик во емисијата „Телеринг“ на РТРС. Тој рече дека нема да ја напушти Република Српска.
Пред еден месец судот на БиХ издаде налог за апсење на Додик и му одреди едномесечен притвор поради одбивање да се јави на поканата од Обвинителството на БиХ за сослушување како осомничено лице.
Додик беше прогласен за виновен со првостепената пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит. Покрај тоа, Додик е под истрага за сомнителното купување вила во Белград, а тој одби да се јави на поканата за сослушување во тој случај.
Свет
Во Турција уапсени 525 дилери на дрога во најголемата операција во земјата

Турската полиција уапси 525 осомничени дилери на дрога во операции во Анкара, што е најголемата операција против дрога во историјата на земјата, објави министерот за внатрешни работи на земјата, Али Јерликај.
Во операцијата учествувале илјадници полицајци, кучиња трагачи, дронови и хеликоптери, а цел биле повеќе од 625 објекти, рече Јерликај, објави АП.
Рациите следуваа по шестмесечен технички и физички надзор на секој осомничен.
Свет
Италијанскиот претседател се врати во својата резиденција по успешната операција

Италијанскиот претседател Серџо Матарела денес ја напушти болницата „Санто Спирито“ во Рим по вградувањето пејсмејкер.
Во вторникот Матарела успешно беше подложен на хируршка интервенција за инсталирање пејсмејкер, а претседателството нагласи дека нема причина за загриженост, објави „Анса“.
Тој се врати во својата резиденција, објави неговиот кабинет.
Веста за хоспитализацијата на претседателот предизвика многубројни пораки за поддршка од сите политички кругови, вклучително и од премиерката на земјата, Џорџа Мелони.
„Му ги испраќам моите најтопли желби на претседателот Матарела за брзо и целосно закрепнување. Италија ве очекува набргу со истата сила и посветеност“, рече Мелони преку социјалните мрежи, пренесува „Танјуг“.