Контакт

Свет

Најголемата болница во Газа пред целосен колапс, три бебиња починаа поради недостиг на струја; СЗО: „Светот не може да молчи за ова“

Објавено пред

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека болницата „Ал Шифа“ во градот Газа „повеќе не функционира како болница“ и дека бројот на смртни случаи во болницата „значително се зголемил“. Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека „константното пукање и гранатирање“ во областа околу болницата „ја влоши веќе критичната ситуација“.

dobivaj vesti na viber

Тој на мрежата Х напиша дека СЗО успеала да стапи во контакт со здравствените работници во болницата „Ал Шифа“, а ситуацијата во таа болница ја опиша како „страшна и опасна“.

„Поминаа три дена без струја, без вода и со многу слаб интернет, што сериозно влијаеше на нашата способност да ја обезбедиме потребната нега“, рече Тедрос.

Тој посочи дека светот не може да молчи додека болниците, за кои се претпоставува дека се безбедни засолништа, се претвораат во сцени на смрт, уништување и очај.

Шефот на хирургијата во болницата „Ал Шифа“, Марван Абу Саада, за Би-би-си изјави дека третото предвремено родено бебе починало поради недостиг на струја.

Министерството за здравство на Газа, кое го води Хамас, соопшти дека најмалку 2.300 луѓе сѐ уште се во болница.

Според овие бројки, објавени од СЗО на мрежата Х, во болницата има 600-650 пациенти, 200-500 здравствени работници и приближно 1.500 внатрешно раселени лица.

Се нагласува дека недостигот на струја, вода и храна ги доведува во непосредна опасност животите на луѓето.

СЗО го повтори повикот за „итен прекин на огнот и активна заштита на цивилите и здравствена заштита“.

Израел тврди дека постои мрежа од тунели на Хамас под болницата „Ал Шифа“, но палестинската милитантна група ги отфрла овие тврдења.

Свет

(Видео) Снимен моментот кога еден од ослободените заложници од Газа се сретна со своето семејство

Објавено пред

Од

Израел објави трогателно видео од заложникот Бар Куперштејн, кој беше ослободен денес, како го прегрнува своето семејство првпат по две години заложништво во Газа.

dobivaj vesti na viber

Бар Куперштејн (23) работеше на фестивалот Нова пред киднапирањето и остана да им помогне на жртвите од масакрот што го изврши Хамас на 7 октомври 2023 година. Семејството немаше вести за него до април оваа година, кога се појави во видео со Максим Херкин, уште еден заложник на Хамас ослободен денес.

Сите живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени по 738 дена, објавија денес израелските медиуми, а конвои со стотици палестински затвореници почнаа да ги напуштаат израелските затвори, покажуваат телевизиските снимки.

Според израелските медиуми, сите ослободени заложници се во добра состојба.

По нивното ослободување подоцна ќе следи предавање на телата на преостанатите 28 починати заложници, процес што Израел не очекува да биде завршен денеска. За возврат, Израел ќе ослободи околу 2.000 палестински притвореници.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес пристигна во Кнесетот, израелскиот парламент во Ерусалим, каде што се очекува да одржи говор.

Обраќањето на Трамп пред израелските пратеници доаѓа во време кога Израел ги враќа последните 20 заложници земени од Хамас за време на нападот на 7 октомври 2023 година, како дел од прекинот на огнот посредуван од Белата куќа.

„Ова е голема чест за мене, одличен ден, прекрасен ден. Нов почеток“, напиша тој во книгата за гости на Кнесетот.

Прикажи повеќе...

Свет

Макрон: Мирот станува можен за Израел, за Газа и целиот регион

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон го поздрави ослободувањето на првите седум израелски заложници кои беа ослободени од Газа утрово, нагласувајќи дека со овој чин „мирот станува можен за Израел, за Газа и целиот регион“, објавува “The Times of Israel£.

dobivaj vesti na viber

Ја споделувам радоста на семејствата и израелскиот народ, напиша Макрон на социјалната мрежа Икс.

Со нивното ослободување, како и на другите заложници, мирот станува можен за Израел, Газа и целиот регион, рече Макрон, кој ќе им се придружи на светските лидери на самитот во Египет, каде што треба да се дискутира за американскиот план за завршување на војната во Газа.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Трамп во израелскиот парламент: Хамас ќе се разоружа

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Хамас ќе се држи до планот за разоружување кога пристигна во израелскиот парламент за да одржи говор. Зборувајќи со новинарите пред почетокот на говорот, Трамп одговори со „да“ кога беше прашан дали војната е завршена.

dobivaj vesti na viber

Обраќањето на Трамп до израелските пратеници доаѓа во време кога Израел ги враќа последните 20 живи заложници земени од Хамас за време на нападот на 7 октомври 2023 година, клучен чекор во завршувањето на двегодишниот конфликт во Газа како дел од договорот за примирје што го откри американскиот претседател Доналд Трамп.

„Ова е голема чест за мене, одличен ден, прекрасен ден. Нов почеток“, напиша тој во книгата за гости на Кнесетот, додека претседателот на парламентот Амир Охана и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го гледаа.

Трамп пристигна во Израел во понеделник, каде што треба да се сретне со ослободените заложници и нивните семејства. Договорот за прекин на огнот беше постигнат минатата недела во египетското одморалиште Шарм ел Шеик, каде што Трамп и други светски лидери ќе се сретнат на самит.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk за вакцинирање против сезонски грип

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, граѓаните може да се пријавуваат на апликацијата...

Македонија1 час

На полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење...

Свет1 час

(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видео врска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија...

Свет1 час

(Видео) Ослободени сите живи заложници од Газа

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Црвениот крст, објавија израелските...

Македонија3 часа

„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и Села се последните извици на една коалиција во распад

„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари...

Македонија3 часа

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на...

Европа4 часа

(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија, заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните...

Свет4 часа

Хамас ги ослободи првите заложници

Првите седум заложници се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа. Меѓу ослободените се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест,...

Свет5 часа

(Видео) Хамас ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени

По прекинот на огнот во Газа, се очекува Хамас денес да ги ослободи израелските заложници што ги држи повеќе од...

Свет5 часа

(Видео) Трамп на летот за Израел: Војната е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека леташе за Израел и Египет за...

Европа5 часа

(Видео) Украинците нападнаа големо складиште за нафта во Крим, се шират снимки

Украински напад со беспилотни летала предизвика пожар во голем складишен објект за нафта на Крим, украинскиот полуостров што Русија нелегално...

Свет5 часа

Јужна Кореја: Русија веројатно ѝ помогнала на Северна Кореја да развие подморници

Северна Кореја веројатно добила техничка помош од Русија за развој на своите подморници, изјави денес пред парламентот јужнокорејскиот министер за...

Македонија5 часа

Мицкоски: Венко не го поддржуваат дури ни неговите пратеници од СДС и го оставаат сам да потоне

На вчерашниот народен митинг во Штип во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Tвојот човек!...

Соопштенија6 часа

(Видео) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

„Година и пол премиерот Мицкоски ја води владата и државата без компас и без човечност, Македонија не може да ја...

Топ18 часа

Во тешка сообраќајка попладнево загина маж, а тешко повредено е 18-годишно момче

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал  маж, а...

Свет19 часа

Зеленски бара акција откако Москва изврши над 4.000 напади за една недела врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика меѓународната заедница да преземе акција, по една недела во која биле извршени повеќе...

Свет21 час

Папата Лав дели дека договорот за примирје во Газа даде искра на надеж во Светата земја

Папата Лав Четиринаесетти изјави дека договорот за примирје во Појасот Газа „даде искра на надеж во Светата земја“. Тој ова...

Македонија1 ден

Фатени шверцери на луксузни автомобили, ОЈО Скопје бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за кривични дела – Криумчарење и Фалсификување исправи. Како што се...

Свет1 ден

Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот

Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500.000 лица се вратиле...

Македонија2 дена

Од утре секој ден по 15 часот ќе има блокади за загинатите во дискотеката „Пулс“

Од утре, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“ во...